1. Токму така. Еволуцијата е универзален механизам. Исто како и силата на гравитација.
2. Свеста не е органски ентитет.
3. Делфините се цицачи. Делат градба со останатите цицачи од планетата земја. Раѓаат пород кој цица млеко од цицка. Кој кур бара во вода? Дали Јахве намерно направил ајкула (риба) да се дружи со делфинот (цицач)? Ако да, тогаш кој курац ја направил ајкулата (и останатите риби) совршено едноставна и прилагодена во својот хабитат, а делфинот мора на секои 3 минути да иде на површина ЗА ДА НЕ УМРЕ во водата (во својот „од бога даден“ хабитат?
4. Преодни форми се глупоштина измислена од креационистите. Секоја единка од било кој вид на земјата е преодна форма.
Нема да пречи да поставам неколку прашања се надевам
1. Би се сложил апсолутно дека Еволуцијата е присутна кај секој вид и дека е то ауниверзален механизам
2. Дали е свеста подоложна на еволуција, без разлика што не е органски ентитет? И кое е твоето рамизлување во тој поглед - еволуција на свеста?
3. Ова е моментот да речеме најблаго кој го оставам со резерва.
Постојат копнени цицачи, водени цицачи и цицач што лета.
Сите тие имаат карактеристики кои ја задоволуваат класификацијата во графата цицачи, затоа што сме одлучиле со конвенција дека цицачи се тоа што засега ни е нам познато.
Доколку било одлучено да човекот на пример го стават во посебна класа цицачи со свест или разумни цицачи, тој би бил нова гранка на висина на класа во филогенетското дрво, дефакто.
Значи би добиле PISCES, AVES, AMPHIBIA, REPTILIA, MAMALIA, SAPIENS MAMALIA.
И оваа поделба повторна би била точна, и никому не би му била чудна.
Дали навистина таквата поделба е доволно детална или треба уште да сеработи на тоа не знам, и тука е мојата резерва.
Значи прашањето би било дали сметаш (чисто твое размислување) дека ваквата класификација е конечна и непроменлива или е можно да претпри измени во иднина, бидејќи сепак се работи за некој вид конвенција?
4.
Секоја единка од било кој вид на земјата е преодна форма, во рамките еволутивниот развој на својот вид.
Дали плавиов додаток е неточен во практична смисла, а не теориска?
Мене кога ја прочитав 4 тата твоја точка, веднаш ја подразбрав дека го содржи и плавиот додаток и ја окарактеризирав како точна.
Доколку не постои плавиот додаток би требало да гласи :
Секоја единка од било кој вид на земјата е преодна форма, се до појавата на група единки кои ќе може да се окарактеризираат како нов вид, согласно донесената конвенција за вид.
Е сега првата дефиниција е практична и воочлива. Втората пак е теорија засега, во смисол на можност за нејзино обсервирање од страна на човекот.
Дали сметаш дека е можна промена и на вотрата дефиницја во иднина, односно носење нова конвенција што е вид и слично? и зошто не?
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 16:08 ---
3. Делфините се цицачи. Делат градба со останатите цицачи од планетата земја. Раѓаат пород кој цица млеко од цицка. Кој кур бара во вода? Дали Јахве намерно направил ајкула (риба) да се дружи со делфинот (цицач)? Ако да, тогаш кој курац ја направил ајкулата (и останатите риби) совршено едноставна и прилагодена во својот хабитат, а делфинот мора на секои 3 минути да иде на површина ЗА ДА НЕ УМРЕ во водата (во својот „од бога даден“ хабитат?
Да се надоврзам со прашање по овој дел
Дали сакаш да кажеш дека самото постоење на таканаречен воден цицач е доволен доказ дека еволуцијата тргнала од водата кон копното и сме дошле до денешната милионска бројка на видови?
Според мене тоа е ПОТРЕБЕН доказ, но не и ДОВОЛЕН за да биде еволуцијата надвор од еден вид потврдена без доза на резерва.
Сега волку, ако се разврзе дискусиј апонатака и попрецизно ќе дискутираме
Засега онака нафрлено по оваа точка