Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Од друга страна, лично, не исповедам еволуционистичка, туку православна христијанска вера. И таа вера е мојата вистина, како целосен опозит од лагата, наречена еволуција.
А не. Тоа ти не исповедаш. Ти исповедаш невера. Еволуционистичка невера. Тоа твоето православно христијанство не е вера. Барем кај тебе не е.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А другиот МИКИ дури не ги знае ни основите.
Затоа реков, дека се плашам, во случај да ја прочитаат и да ги прифатат критиките, таа научна теорија толку ќе им изгледа реална што ќе ја прифатат како факт. (Ова малку дигресија за твоите нервози за тие што ја земаат теоријата како догма)
.
Посочи ми/ни‘ еден несоборлив еволуционистички „факат„, кој е толку јак, до ниво од неможност за давање критика или негово соборување, за да можам да ја прифатам еволуцијата како реален и како „докажан„ факт.
--- надополнето: 10 јануари 2012 во 16:37 ---
А не. Тоа ти не исповедаш. Ти исповедаш невера. Еволуционистичка невера. Тоа твоето православно христијанство не е вера. Барем кај тебе не е.
Признавам!

Аз сам опасен неверник: не верувам во еволуционистичката вера! :D
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
тогаш чим не знаеш што си и како си поарно лоботомирај се.

--- надополнето: 9 јануари 2012 во 17:17 ---

Кој ти ја наметна???

Како знаеш дека другите учења се лажни а твоето??!?! е точно??
Тоа што не можам да се дефинирам не значи дека не знам што сум. ;)
Од своето лично спознавање можеш да знаеш само тоа што не си. Тоа што си не можеш да го знаеш, од тука не ни можеш да се дефинираш.

Koj ми ја наметнал?!
Алтруизам......ти текнува?
Ти го наметна ли некој на тебе?

Јас не ширам некое учење, туку го делам моето внатрешно осознавање.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Посочи ми/ни‘ еден несоборлив еволуционистички „факат„, кој е толку јак, до ниво од неможност за давање критика или негово соборување, за да можам да ја прифатам еволуцијата како реален и како „докажан„ факт.
Жалам али мора да се вмешам...
Еве, со прашање, ќе му помогнам, околу примерот, а H8R може да се приклучи и со други примери,а сигурен сум дека ќе го стори тоа... ....
Прашање: „Како си ти, драги наш Мики1, дојден на овој свет?“
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Призанавам: ја уопште и не знам, што е тоа „еволуција„, не затоа што не ми е позната како испазно философирање, туку затоа што ни самите поклоници на таа вера, ја немаат дефинирано: едноставно, НЕ ЗНАЕМЕ на кој објект, или процес, и настан или феномен се однесува терминот „еволуција„!
Мики1, кучо стара, оти мори вака педерски пишуваш, колега еден неколегијален!

ВЕРАТА е убеденост или верување во ЛИЧНОСТ или ЕНТИТЕТ. (извор на дефиницијата)

Која е таа личност или кој е тој ентитет во кој веруваат „дарвинистите“?

Инаку, како што ти е неброен број пати кажано, ЗНАЕМЕ на кој објект се однесува еволуција! Се однесува на секој ебан животински или растителен вид на планетава - без никакви исклучоци!

Тоа што ти не сакаш да прочиташ и научиш, не значи автоматски дека и другите не знаат и не читаат. Теоријата на еволуција се користи и потврдува секојдневно веќе 150 години. Не постои ниту еден валиден доказ или контрааргумент кој може да ја стави под знак на прашање нејзината вистинитост.

Можеш само напразно да лепиш глупи епитети. Суштински, не можеш да оспориш апсолутно ништо од ТЕ... разумно тоа... духовно, сигурен сум дека можеш.
--- надополнето: 10 јануари 2012 во 17:14 ---
Посочи ми/ни‘ еден несоборлив еволуционистички „факат„, кој е толку јак, до ниво од неможност за давање критика или негово соборување, за да можам да ја прифатам еволуцијата како реален и како „докажан„ факт.
Бујрум:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
„Што те не уби Тута бугарин....„-Чкаља. :icon_lol:
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 12:24 ---
Прашање: „Како си ти, драги наш Мики1, дојден на овој свет?“
Хммм, преку еволуцијата?...:pos:
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 12:26 ---
ВЕРАТА е убеденост или верување во ЛИЧНОСТ или ЕНТИТЕТ.
Чак и без изворот на дефиницијата, знам што значи верата...

Да бидам попрецизен кон мојата вера: верувам(е) во личност! Таа личност е Троединиот, беспочетен, неразделен и неслиен и пресвет Господ Бог.
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 12:30 ---
Која е таа личност или кој е тој ентитет во кој веруваат „дарвинистите“?
Ова е добро прашање, а одговорот на истото, ќе ја долови дистинкцијата помеѓу верата од верните и верата од световните: верните веруваат во „некого„ затоа што тоа е блиско на нивната (човечка и разумна) природа, а световните веруваат во „нешто„, затоа што тоа е поблиско за нивниот начин на верување, кој во Црквата, го нарекуваме „надорешна вера„.
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 12:32 ---
Инаку, како што ти е неброен број пати кажано, ЗНАЕМЕ на кој објект се однесува еволуција! Се однесува на секој ебан животински или растителен вид на планетава - без никакви исклучоци!
Ако гравитационата сила, која е предмет на опсервација во физиката, и на која (гравитација) и‘ се подложни и живите битија на Земјава, значи ли тоа дека и еволуцијата ја издигнуваш на ниво од „универзалија,„ на која се‘ и‘ се потчинува? :confused:

На пример, како еволуира свеста?
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 12:34 ---
Тешеќур!

Ама на „сликицава„ (леле, пак сликици!....), освен два делфини, не гледам „несоборлив„ факт, кој несомнено ја поктрепува еволуционистичката вера...
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 12:39 ---
Можеш само напразно да лепиш глупи епитети. Суштински, не можеш да оспориш апсолутно ништо од ТЕ... разумно тоа... духовно, сигурен сум дека можеш.
Нема потреба ништо да и‘ оспорувам на ТЕ, од проста причина: пошто ТЕ „падна„ ради немањето докази за толку пожелните преодни форми, сега ТЕ се спушти на ниво‘/размер од молекуларни истражувања, барајќи ја на тој размер т.н. „микро-еволуција„, па ај сега, некој нека писне дека ТЕ не е точна и на тој размер, кој е апсолутно недостапен за верификација „обичниот„ народ!
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

Мики бе пак „наклапаш’’.....
... па добро бе до кога..... абе... секој нов вид е преодна фаза кон друг вид... па и ти си само еден меѓувид..кон кој знае што...:D
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ова е добро прашање, а одговорот на истото, ќе ја долови дистинкцијата помеѓу верата од верните и верата од световните: верните веруваат во „некого„ затоа што тоа е блиско на нивната (човечка и разумна) природа, а световните веруваат во „нешто„, затоа што тоа е поблиско за нивниот начин на верување, кој во Црквата, го нарекуваме „надорешна вера„.
Мики, ај погледај го плавиот болд. Кога ти стана верник? Сакаш да кажеш дека 3 децении си бил нечовек и неразумен? Ај не зезај
И кое е тоа „нешто“ во кое веруваат „световните“?
 
Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Е ајде нека ни е среќна Новата година, да не куртулите од здравје, пари и успех во се' што ќе посакате.
Само две недели ме нема и одма попушти дисциплината, а? Не сте да ве остави човек сами... :)

Гледам прилично работи сум пропуштил - DBack со херојски напори се обидел на MIKI1 и на некои други да им надокнади се' она што тие пропуштиле да научат во последниве 20 - 30 години за еволуцијата и општо за науката и научните методи. Милион лајка да му дадам, малку ќе биде. Затоа ќе го частам едно пиво, кога ќе се најдеме. Ако добро разбрав, редовно збирање на пиво за атеистите е во Ајриш паб на кеј, така? Доаѓам на следната сеанса сигурно, освен случајно ако не ме спречи некоја натприродна демонска нечиста сила/ламја (сопруга - некаде ја викаат)... :)

...ТЕ е голем залак за да кажеш дека потполно ја разбираш. За такво нешто ти треба еден куп познавања од еден куп други области за да можеш да ја потврдиш веродостојноста на истите....
Јас не се обидувам да кажам дека сум ја разбрал, јас се обидувам да укажам дека таа има недостатоци кои треба сериозно да се разгледаат ...
Ако те прашам дали си ја разбрал теоријата на релативноста (ова само како пример ја наведов), , веројатно ќе кажеш веднаш ДА (како и многумина други). Но ако седнеме на маса ќе излезе дека не е така....
Со Miki1976 се сложувам за следново: никој не треба да се занесува дека разбрал нешто од некоја научна област, ако не прочитал една планина книги и научни списанија. Научни списанија - а не популарни како Scientific American или Discover! Евентуално би можел да каже само дека е добро информиран.
Во светло на горново кажано, не се сложувам со Miki1976 дека така лесно некој може да воочува недостатоци во некоја научна теорија - за такво нешто е потребно навистина да ја разбрал конкретната научна теорија. А за тоа, се сложивме, треба огромно знаење. На невидено и со мирна душа тврдам дека нема човек во Македонија (вклучувајќи го и Miki1976) со доволно знаење од Теоријата за еволуцијата, за да може да укаже на недостатоци кои би ја собориле таа теорија. А кој не се сложува со мене за ова - бујрум, Нобеловата награда и милион евра ве чекаат зад вратата! Само треба да изнесете докази пред научната јавност... Само!

Јас би запрашал според тебе колку генерации се потребни за еволуција на хомосапиенсот од неговиот предок кој не знаеме кој е (или знаеме?), во согласност со експериментите со бактерии?
...
Ај сега ова генерализирано за хомосапиенсот, иако е невозможно да важат истите услови за хомосапиенсот и за бактеријата.
Една генерација 80години старост. 500 000 генерации се 40 000 000 (40 милиони години).

ФРАПАНТНА БРОЈКА НЕЛИ???? Не имало заедно со Тираносаурусот. Не бива работава.
Една мала корекција на горниов лапсус (со црвена боја): една човекова генерација не е 80 години, туку само 25 - 30. Нова генерација се раѓа на возраст од родителите од околу 25 - 30 години. Порано сигурно било и помалку од 25 години, ама да кажеме дека е 25. Тогаш 500 000 генерации се 12 500 000 години (12,5 милиони). Е, тогаш немало Тираносауруси, а оваа бројка веќе е блиску до препоставената за предокот на човекот - кога застанал на две нозе. Бива работава...

Прекинувам сега, а на Ateist и на другите ќе им одговорам утре...
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Науката и технологијата многу брзо ќе дојдат во ситуација да клонираат човек.
Отако ќе успеат на некој начин да ги исимулираат неговите сеќавања и префрлат на силиконски чип тоа би било истата единка како и оригиналот.

Клонирање тело не е веќе неверојатно.
Има знаци дека многу брзо се развива технологијата која човековиот мозок ќе може да го префрли на чип.

Ако така формирана копија + чип со сеќавања стане секојдневие и поради можноста да се манипулира со геномот на копијата (клонот), истата таа копија стане помоќна и посупериорна во однос на оригиналот во однос на природната селекција и адаптацијата кон околината и условите, и секако ја има наследено моќта за репродукција од оригиналот, тогаш ДАЛИ Е ТОА ЕВОЛУЦИЈА ИЛИ КРЕАЦИЈА?

Дали ние КРЕИРАВМЕ нешто налик нашиот образ или ЕВОЛУИРАВМЕ ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики бе пак „наклапаш’’.....
... па добро бе до кога..... абе... секој нов вид е преодна фаза кон друг вид... па и ти си само еден меѓувид..кон кој знае што...:D
„...причам ту причу..„ е работава.

Да беше секој вид сам по себе преодна фаза/облик, тогаш не ќе постоеше оној непремостлив јаз помеѓу сложените живи битија, на пример, „скок„ од водоземци во влекачи или од влекачи во птици и сл. Секој од тие родови е „скроен„ за да битисува во точно одредена животна средина: вода, копно или воздух, така да, според Твојава философија, преоѓањето од една во друга животна средина, би требало да се случува „скоковито„ а не во бесконечен низ на вариетети, кои ѓоамити постепено преоѓале „едни„ во „други„.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Со Miki1976 се сложувам за следново: никој не треба да се занесува дека разбрал нешто од некоја научна област, ако не прочитал една планина книги и научни списанија. Научни списанија - а не популарни како Scientific American или Discover! Евентуално би можел да каже само дека е добро информиран.
Во светло на горново кажано, не се сложувам со Miki1976 дека така лесно некој може да воочува недостатоци во некоја научна теорија - за такво нешто е потребно навистина да ја разбрал конкретната научна теорија. А за тоа, се сложивме, треба огромно знаење. На невидено и со мирна душа тврдам дека нема човек во Македонија (вклучувајќи го и Miki1976) со доволно знаење од Теоријата за еволуцијата, за да може да укаже на недостатоци кои би ја собориле таа теорија. А кој не се сложува со мене за ова - бујрум, Нобеловата награда и милион евра ве чекаат зад вратата! Само треба да изнесете докази пред научната јавност... Само!
Е ова се вика класичен двоен аршин. Ако велиш дека треба тон книги и списанија за да ја разбереш, тогаш од кај ти тврдиш дека е така. Ај прочитај си го црвениот болд. Ќе дополнам вклучително и Атеист (не сум Ateist) и Antiteist не се со доволно знаење. Не се научници. По кој основ ти тврдиш дека дотичната теорија нема недостатоци? И за тебе бујрум милион долари и докажи кој дел сакаш.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, ај погледај го плавиот болд. Кога ти стана верник? Сакаш да кажеш дека 3 децении си бил нечовек и неразумен? Ај не зезај
Атеист,

иако немам намера да се исповедам на форумов, оти за таа потреба постои посоодветно место, еве ја накратко приказната:
Пред да поверувам:
-бев човеку телесен
-бев човек душевен,
-бев човек недуховен.
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 13:34 ---
И кое е тоа „нешто“ во кое веруваат „световните“?
Тоа „нешто„ во кое веруваат „световните„, тоа е нивното опкружување: целиот створен, материјален Свет, кој кој (Свет) е насочена и верата и интересот од „световните„, кои не признаваат ништо „повеќе„ од она кое сетилно и умно можат да го спознаат.

Така, световните веруваат во „нешто„ а верните веруваат во „некого„.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom