Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

L

Lu

Гостин
Ме интересира дали некој користи Орбитрек елит (на Топ Шоп што го рекламираат) и како е задоволен од резултатите ?

Јас имам Орбитрек дома ама така ми стои забатален во соба.
Немам вишок килограми, туку сакам да го затегнам телото, па ме интересира дали Орбитрекот би ми бил од корист.
И доколку некој користи Орбитрек би сакала да ми каже по колку пати неделно (или дневно) е препорачливо да се вежба и по колку време да трае вежбата ?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443

Добар е орбитрекот и би ти бил од корист ако го вежбаш барем 20 мин на ден. Можеш и подолго ама 20 мин е веќе ок. Можеш три пати неделно до секој ден од тебе зависи и од твоја кондиција.

Би ти препорачал да го комбинираш со фитнес (може и без тегови) за уште пофин ефект на зацврстување. Ако останеш само на орбитрек главно ќе ти користи на кондиција и нешто ќе ти затегне нозе ама во комбинација и со други вежби ќе имаш многу подобри резултати :).
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Толку многу трчање не е добро за мускулатурата.. наместо да се оптоваруваш толку многу прави како што напиша Myers.. 3 пати неделно по 20 минути..

ИСХРАНАТА е таа кај која треба да се стегнеш и да издржиш да не внесеш повеќе од планираното.. Направи си колку калории ќе внесуваш колку протеини,ЈХ,масти и држи се до тоа.. Кардиото треба само да го убрза процесот на слабеење..не да правиш 2 пати во денот,7 пати во неделата доколку сакаш да задржиш мускулатурата..
Најтешко е да ја дотераш исхраната за чистење. Треба време, експреименти и нерви.
Ќе осетам самиот колку ми е доволно кардио, мислам дека за мојата замастеност ќе треба да го интензивирам бајаги. Лани мавав 3 пати неделно, не дека немаше резултати, само после краток период осетив застој, а бајаги затегнав на исхрана. Затоа сакам сега со повреме да почнам, таман поминаа празниците
 
Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Прашав и во општа тема, а ќе прашам и тука. Да не знае некој каде можам да најдам козјо млеко, без разлика дали купечко или домашно?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Прашав и во општа тема, а ќе прашам и тука. Да не знае некој каде можам да најдам козјо млеко, без разлика дали купечко или домашно?
Се наоѓа ама не е многу поздраво од кравјото ако е варено а сите се варени. Свежо ќе ти биде страв да го пиеш освен ако немаш свои кози растени на чисто.

Сепак ако веќе си решил подобро козјо него кравјо.

Види Веро и големите продавници дали имаат а друга алтернатива ти е од некој селанец да го купуваш :).
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.587
Поени од реакции
2.616
Ај здраво живо :)
Значи вака. Имам 25 години, висок сум 178 цм. тежам одприлика 87-90 кг, не знам се немам мерено последно време, ама одприлика толку сум. Јадам нездрава храна, пијам алкохол, пушам цигари, физичката активност ми е малтене на 0. Од три склекови мислам дека не можам повеќе. Кондиција немам ИЧ. Имам широки раменици, не изгледам дебело, меѓутоа се што имам на мене мислам дека се масти, а мускулна маса многу слабо. Кај градиве сум слаб, меѓутоа, мислам дека 80 % од салото ми е кај стомакот, и на бутовите. Со еден збор папушлав сум :)
Планирам денеска да започнам со Insanity workout програмата, со цел, да стопам мастите а и нормално да ги заврстам мускулите за почеток. Па после сум во план, одкако ќе завршам со 60 дневната програма на Insanity workout, да продолжам со боди билдинг, со цел да ги зголемам колку толку мускулите.
Е сега, гледам дека има овде професионалци, било каков совет пред да почнам со вежбање ќе ми биде добредојден пред се, а исто така ќе делува мотивирачки (пишете во постот YOU CAN DO IT :) ). Во смисла, дали е добро да почнам прво со Insanity Workout, па после со боди билдинг. Дали воопшто е добра Insanity програмава, нешто за исхраната, од што претежно да се состои и сл.
И уште нешто. Можно е инфаркт да ме стрефи дури вежбам? Оти дури ги гледав видеава како вежбаат, по мое сигурно ќе ме стрефи. :)
Благодарам однапред :)
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Се наоѓа ама не е многу поздраво од кравјото ако е варено а сите се варени. Свежо ќе ти биде страв да го пиеш освен ако немаш свои кози растени на чисто.

Сепак ако веќе си решил подобро козјо него кравјо.

Види Веро и големите продавници дали имаат а друга алтернатива ти е од некој селанец да го купуваш :).
Видов во веро и тинекс во центар, тедико и сп во бутел, нема. А од кај да знам кој селанец продава?
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
И уште нешто. Можно е инфаркт да ме стрефи дури вежбам? Оти дури ги гледав видеава како вежбаат, по мое сигурно ќе ме стрефи. :)
Благодарам однапред :)
најпрвен да си идеш на спортска медицина на клинка, ништо нема да те кошта туку напротив за твое добро ( т.е. мора да идеш на спортска бидејки прв пат почнуваш со јаки физички актв).

што се однесува до инфаркт, од мое непрофесионално мислење, мислам дека не можеш да добиеш инафаркт од ти е напорни вежби ( ја иам видено програмата, знам на сто мислиш) туку едноставно нема да можеш да го пратиш тоа темпо, срцето нема да дозволи , но во денешно време млади луѓе со твојот начин на исхрана точно е дека умираат од инфаркт на 30 години али еве сепак ти почнуваш со спорт и има надеж за тебе ;)

а во врска со програмата јас би ти препорачал веднаш во теретана со тоа што да го гледаш филмот, "i want to look like that guy" , вреди да го симнеш и изгледаш , документарец е , и мислам дека ќе се пронајдеш во него, и следи го неговиот начин на почнување од нула! :) ова е мое мислење почекај и од другите ! позз
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Видов во веро и тинекс во центар, тедико и сп во бутел, нема. А од кај да знам кој селанец продава?
близу Скопје слабо чуваат кози. Барем не сум слушнал за поголема фарма пошто малку дава па со 2-3 кози тешко некој да ти продаде. Друго, види во Тинекс, името му е исто како кравјото...З Брегов.
Еве ова би требало да го има во Сп маркет
http://www.doma.com.mk/artikal.aspx?ArtikalID=9426
 
Член од
31 јули 2009
Мислења
17
Поени од реакции
14
Висок сум 170цм и тежок 54/55 кг...Користам Гејнер,користам домашен систем на тренинг (ради тоа што несакам да се набилдам туку само да покачам некое кило),зголемена исхрана и сепак нема резултати... До што би можело да е проблемот?
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058

Што подразбраш под зголемена исхрана?
Имаш точен број на внес на калории во еден ден?
Колку грама протеини, колку ЈХ а колку масти внесуваш?
Несакаш да се набилдаш (како да беше толку едноставно) ама сакаш да накачиш некое кило?
 
DarkoG

Better then ever before.
Член од
19 август 2008
Мислења
701
Поени од реакции
81
не ми е јасно зошто пржен стек одбегнувате, јадите варен. ко истото е. според вас, што е разликата?
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
не ми е јасно зошто пржен стек одбегнувате, јадите варен. ко истото е. според вас, што е разликата?
Повеќе калории има пржениот стек.. Ако сакаш да качиш некое кило зошто да не пржен.. многу луѓе неќат непотребно сало на себе затоа варен е подобра опција..
 
Komita Skopje

Скопје Обединето за Вардар!!!
Член од
14 декември 2011
Мислења
107
Поени од реакции
27
Вака...Имам 180 висина и 75 кила...Вежбам 4 месеци P90X,има напредок ми пораснаа мускулите и се оформија,стомачните ми се клешта ама не ми се познаваат убаво ради сало(не којзнае какво него доволно да ми ги покрие долните)...Мојата исхрана е парче јадев што ми дојде до пред 2 дена кај што се замислив...Џабе ми е вежбањето и трудот кога не се хранам како што треба...Почнав да барам по нет разни глупости ама неможам да најдам соодветна храна баш ко за мене(за да успеам да го тргнам салото во пределот на стомакот кај пупакот)....Ако некој чува во PC,или знае некој посебен режим на исхрана соодветна за мојата висина,килажа и цел што сакам да ја постигнам би го замолил ако може да ја напише пошто не знам каде да се обратам веќе а како што гледам овде има доста упатени во овие води...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom