Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Значи батали ги сега ритуалите, ритуалите се многу промелнива категорија. Задржи се на основите.Разликата е во следново: Религијата (било која) е систем на верувања, ритуали и догми кој (речиси секогаш) претпоставува постоење на антропоморфно божество(а).
Атеизмот е отфрлањето на можноста за постоење на БИЛО КАКОВ бог.
Зарем религијата не поаѓа од првобитно елементарно тврдење(„вистина“) врз кое се заснова цела идеолошка матрица, а тоа е неспорната „вистина“ дека бог постои.Стварно не гледам како е можно едно толку елементарно тврдење да го мешаш со верување или религија?
Види самиот став на несомненост е само по себе симптоматичен и не се разликува од ставот на еден цврст верник.Јас не сум одлучил да не верувам во богови. Развивањето на мојата свесност за илјадниците народи на земјата, секој од нив со свои обичаи, култура и религија , за историските развои на цивилизациите, за универзумот и димензиите на истиот во споредба со нашата планета, за диверзитетот на живиот свет, неговото филогенетско дрво и палеонтолошките наоди кои постојано потврдуваат колку сме ние луѓето ебана милисекунда во све ова. Во овој универзум едноставно нема место за фикција како што е Јахве, Кришна или Тор.
Види за тоа дали се базира на вера или не многу се зборува. Дали јас верувам во бог или не тоа е прашање на мојата вера, но јас од тоа не правам нова секта. Тоа е мој личен став и не мислам да го наметнам на други од причина што незнам дали е вистина. Како што кажав, јас сум доста практичен човек и проповедниците на атеизмот, според начинот на кој тоа го прават, исмејувањето, омаловажувањето итн. ме подсетуваат на инквизиција или на некои други времиња, кога црквите биле исмејувани, свештените лица прогонувани, немало никаква слобода на изразување, ниту по традиционална основа. Сите морале да бидат атеисти. И мислев дека сум осамен во тоа мислење, но гледам дека тука на запад, атеистите некако гетоизирани, претежно како што кажав врзани со хомосексуални заедници, интернационалистички антиглобалистички движења, антисемитски собиранки. Некако и научниве кругови за кадешто мислев дека има голем интерес, ги избегаваат тие друштва (со чест на некои исклучоци активисти во наведените организации и тоа претежно од општествените науки).Јас би сакал да те прашам следново:
Што е за тебе атеизам и како твојата субјективна претстава за атеизмот се разликува од објективната широкоприфатена дефиниција за атеизам? Бујрум.
Претпоставувам дека кога збориш за морал, мислиш на морални нормативи.И да си знаеш, те читам внимателно и можам да заклучам: (1) ти не си теист (самопријавено) и (2) религијата ја доживуваш позитивно, но главно од културолошки-социјален аспект - никако понизно и богоугодно. Ова тебе би те направило Хуманист, но ти имплицитно тврдиш дека моралот не може да постои независно од религијата. Затоа, збунет сум со каква личност разговарам.
Епа мислам дека во претходниот пасус е добро објаснето ова. Што не разбираш, прашај.Лично, сметам дека тврдењето „Моралот е производ на религијата“ е ноторна глупост. Антрополошки и социолошки, ваквиот став е во најмала рака неинформиран став. Статистички гледано, атеистите, за кои ти експлицитно тврдиш дека се неморални, се застапени со најниски стапки во сите категории на ризично, агресивно и неморално однесување. Како тоа атеистите немаат морал?!? Баш ме интересира шо ќе пишеш.
Унгарците со устав се бранат од исламизација
И кај нас треба вака..![]()
Покушаваш сега пародија да направиш од календарите? Или покушаваш да играш квиз овдека? Православните цркви во Бугарија, Романија и Грција го зеле Грегоријанскиот календар и ги слават празниците на друг датум. Така да Василица е на први јануари по Грегоријански календар. Што јас пак сметам дека не е исправно, и мислам дека црковниот календар треба да се задржи како што е. Едноставна причина за тоа е што некои клучни моменти во нашата традиција би се измениле, како на пример, Илинден би го изгубил историското значење што го има, Св. Трифун, Младенци (прв ден на пролетта) итн.
.
Не. Кај тебе е товарот на докажување зошто ти излезе со позитивно тврдење (Јахве постои и е креатор на универзумот). Еве можам на пример да тврдам дека летечката шпагета (FSM) го создала универзумот, и потоа и јас како тебе да барам научно да биде докажан настанокот (префрлање на товарот), во спротивно, летечката шпагета е создателот на универзумот... по некоја евтина тавтологија.Следователно, за да го оспориш моето верување дека постои некаков хипотетички земено креатор, треба да научно да го докажеш постанокот на универзумот.
Не кршам кичми јас, туку стварно падна муабет вчера за ова па денеска ми е свежо(не сум стигнал ни блиску до мамурлук сеуште) и останав без спиењеМир брате јамајка, јас од тебе очекував некој раста тип со суканици кој се шетка таму низ Амстердам и игра фудбал како Боб Марли во спотот на Куд ју би ловд (Овде сум воден од логиката на Тошо Малерот дека во Холандија има само фудбалери и курви), ти тука серизно сакаш да му кршиш кичми на атеистиве како Јанко Бурекџијата.
Поентата ми беше да ти доловам дека се работи само за датуми кои имаат само некакво традиционално значење за граѓаните и скоро никакво религиско така што навистина е небитно на кој ден се врти париче.
Брани си ја ти црквата... се дури ти ја браниш, владиките ќе може да менуваат лускусни мерцедеси секоја година...Не кршам кичми јас, туку стварно падна муабет вчера за ова па денеска ми е свежо и останав без спиењеТуку греота е да се збори против нашата црква, која никому ништо лошо не сторила. Греота е во Македонија да има толкава хајка против црквата, која историски изиграла улога на чувар на идентитетот. И секогаш без исклучок ќе застанам во одбрана на МПЦ без разлика на моите верувања.
Значи батали ги сега ритуалите, ритуалите се многу промелнива категорија. Задржи се на основите.
ОК значи велиш, отфрлање на можност да постои бог. Тоа не се базира на никакво знаење, што значи:
Во Атеизмот поаѓаме од првобитната и основна „вистина“ дека не постои бог, како и која не треба да се докажува. На која треба да се верува беспрекорно
Зарем религијата не поаѓа од првобитно елементарно тврдење(„вистина“) врз кое се заснова цела идеолошка матрица, а тоа е неспорната „вистина“ дека бог постои.
Хумор? Кај виде ти хумор. За мене менталната пореметеност и плиткоумност е многу тажна работа.А можеби ти се чудиме на паметот, урнебесно си смешен. Си помислил на тоа?
Како да не го ставам ова смајлина вака очаен обид за хумор.
Се некој од нас ќе има нерви да ти објаснува. Еве DBack пак зема да ти црта. Јас ти објаснував на религија и немам намера 1000 постови да пишам за ти да сконташ една проста и прифатена дефиниција за атеизам. Ако не ти фаќа кликерот, што те тркалам. Next level, сеир и сарказам.
И ич да не се секираш од сега не ставам смајли кога ќе ти пишам. Не значи дека не се забавувам со твоите бисери. Само ти продолжи.
Среќа што незнаењето е благослов.Хумор? Кај виде ти хумор. За мене менталната пореметеност и плиткоумност е многу тажна работа.
Унгарците НЕ се бранат од муслиманите. Во Уставот никаде не пишува такво нешто. Лошо е пренесена информацијава, никој не го проверил Уставот. Прочитај и ќе видиш! Латас е изворот, што во превод значи: информацијава не е од веродостоен извор.
Не провоцирај вака ниско, не е на место.
1. Религијата поаѓа од премиса за омнипотентнии битија кои се причина за постоењето на Земјата со придружните елементи (сонце, планети, други ѕвезди и галаксии и слични чудеса васионе) и кои со намера креираат свет за нас луѓето.Значи батали ги сега ритуалите, ритуалите се многу промелнива категорија. Задржи се на основите.
ОК значи велиш, отфрлање на можност да постои бог. Тоа не се базира на никакво знаење, што значи:
Во Атеизмот поаѓаме од првобитната и основна „вистина“ дека не постои бог, како и која не треба да се докажува. На која треба да се верува беспрекорно
Зарем религијата не поаѓа од првобитно елементарно тврдење(„вистина“) врз кое се заснова цела идеолошка матрица, а тоа е неспорната „вистина“ дека бог постои.
но гледам дека тука на запад, атеистите некако гетоизирани, претежно како што кажав врзани со хомосексуални заедници, интернационалистички антиглобалистички движења, антисемитски собиранки. Некако и научниве кругови за кадешто мислев дека има голем интерес, ги избегаваат тие друштва
„Верата“ на латински значи вистина. Зборот верувам е од тој корен. Ја обележив со наводнци заради дистинкција.Вистина, а во наводници? Зарем не веруваш?
Каде навлегов толку во детали, земи прочитај повторно.Мора да се прецизира за кој Бог станува збор. Ги има многу.
Мешаш претстава за постоење на некаква “виша сила“ и она што е опишано многу јасно и детално како Бог со соодветните списи на соодветните религии.
Па не баш. Нема апсолутна вистина, така да и нема простор за докажување. Едноставно таа зададена апсолутна „вистина“ е искористена како во поедини религии, така и во атеизмот.Секој може да измисли некакво тврдење и да го нарече апсолутна вистина. На него паѓа теретот на докажување или вреднување на тврдењето. Во спротивно не би ти било малку незгодно да живееш во свет во кој секое тврдење може да се земе како релевантно и точно само поради постоењето на тоа тврдење?
Значи како што кажав, ние им даваме тотална авториритативност на властите, за да тие следат одредени закони. Не ја гледам целта на ова што си го испостирал, но претсавувам некако сакаш некаков случај да поврзеш со религија и атеизам. Е сега кој како ја практицира власта или дадената позиција, не зависи од религија или атеизам.На пример те апсат некое утро (како Џозеф Кеј) и после дознаваш дека со самото тоа што негираш дека си убил ти иствари признаваш дека си убил бидејќи тврдењето дека си убил од оној кој те обвинил е валидирано од самото себе.
Сакаш да кажеш дека ширењето на христијанството има врска со муабетов? Ајде баш да видиме каква врска има.Да не навлегуваме во причините за ширењето на христијанството?![]()
2. И да тврди атеизмот, може да тврди врз основа на некој авторитет или сам по себе.1. Религијата поаѓа од премиса за омнипотентнии битија кои се причина за постоењето на Земјата со придружните елементи (сонце, планети, други ѕвезди и галаксии и слични чудеса васионе) и кои со намера креираат свет за нас луѓето.
2. Атеизмот тврди дека тоа е глупост. Тврди дека не постојат такви битија.
Убаво од тебе што ете ми правиш детална анализа за мојата духовност, ама не се мачи не ми е потребно да видам за да знам кој сум, а и моите ставови се јасно кажани многу пати, така да е излишно.Да резимираме за тебе:
......
Има голема врска, другар ти ја искористи распространетоста на христијанството како аргумент дека неговата вера е вистинската. Нема ништо боженствено или натприродно во ширењето на христијанството. Едноставно, во времето на Римската империја имало полно луѓе кои биле сиромашни и живееле во беда, па христијанството како религија на "бедните" (оној стихот, блажени се бедните по дух, ти текнува) а не на богатата аристократија, се покажала како добра утеха.Сакаш да кажеш дека ширењето на христијанството има врска со муабетов? Ајде баш да видиме каква врска има.