Да ја разгледаме основата на Христијанството како религија. Тргнуваат од некоја замислена сеопшта „вистина“(Верата = Вистина) дека бог постои. Таа вистина е клучна и не се донесува во прашање. И се базира на слепо верување на таа основна „вистина“.
Да ја разгедаме основата на Атеизмот. Тоа е некоја замислена сеопшта „вистина“ (Верата=Вистина), дека бог не постои. Таа вистина е клучна и не се донесува во прашање. И се базира на слепо верување на таа основна „вистина“.
Каква е разликата?????
Во свет во кој постојат религии кои имаат правила и концепт кои нивните следбеници ги сметаат за непогрешливи и врвни, не е битно која ти е филозофијата после одлуката дека не ги признаваш за врвни и непогрешливи принципите на религиите.
Се` понатаму се темели на разумот на луѓето и
на индивидуалниот пристап кон светот.
Ако сте верници само заради традиција, тогаш сигурно законите на верата не ги прифаќате за врвни, тоа е секуларност, и, вие, законите на Земјата не ги црпите од верата, туку од човечкиот разум. Ако нешто не одговара, го менувате. Не е секуларност кога заради наводна совршеност на законите на верата некој не дозволува да се сменат законите на Земјата.
Кога ќе ја погледнеш малце историјата можеш да забележиш некои круцијални промени во самата религија, некогаш негативни, но почесто позитивни. Појди од самата секуларност која постои во општества каде што атеистите се огромно малцинство. Како ќе го објасниш тој факт? Дека на пример во Франција тие 15% атеисти се многу моќни, а моќта на католичката маргинализирана?
Тоа не е ништо друго, освен фактот дека современиот свет дава поголема контрола и улогата на црквата како чувар на моралните нормативи полека се намалува.
Како што кажавме претходно правило во религијата што е непогрешливо и врвно е само почетната вистина, ако ги погледнеш реформите да речеме во погледот на католичката црква кон науката, ќе најдеш неколку универзитети спонзорирани токму од католичката црква, во кој се изучуваат работи на кои таа иста црква во минатото палела. Атеизмот е директна причина што црквата на истокот не ја има таа улога.
Значи не само тие, кои се верници по традиција, туку и самата религијата е подложна на промени. За разлика од Христијанството на пример, дали Атеизмот е подложен на промени? Јас знам многу научници, кои ги презираат Атеистите од причина што начинот на нивното делување не се разликува и од најагресивните секти и нивната поврзаност со интернационалистите, марксистите, антиглобалистите, антисемитистите. Јебига, тоа се главните собиралишта на атеистите во денешно време. Како што кажа Дбак пред некој пост, да се пазам како зборам со Холанѓаните, дека нивното мислење не ми иде во прилог. Баш напротив нивното мислење ми иде мене во прилог, а далеку дека им иде во прилог на форумскиве атеистички фанатици.
Ако тука некој од атеистичките фундаменталисти на форумов го прочиташе моето мислење без предрасуди, без слепилото кое им е инсталирано, може ќе научеше некои основни работи, како на пример, дека кнез и братот не се слепи верници (како што уствари се они), дека тие што ја почитуваат црквата и ги признаваат нејзините придобивки, не се верски фанатици итн.
Исмејувањето, со цел да иритира некого (понекогаш успева јебига) допринесува да таа група луѓе се повеќе се изолира и гетоизира во нивното царство (подфорумот религија). И да самиот поим Атеизам се повеќе добива звучност на фанатизам.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 14:10 ---
Ладно..али стандард јебига
На кој датум се паѓа Василица за православните Грци и Бугари?
Покушаваш сега пародија да направиш од календарите? Или покушаваш да играш квиз овдека? Православните цркви во Бугарија, Романија и Грција го зеле Грегоријанскиот календар и ги слават празниците на друг датум. Така да Василица е на први јануари по Грегоријански календар. Што јас пак сметам дека не е исправно, и мислам дека црковниот календар треба да се задржи како што е. Едноставна причина за тоа е што некои клучни моменти во нашата традиција би се измениле, како на пример, Илинден би го изгубил историското значење што го има, Св. Трифун, Младенци (прв ден на пролетта) итн.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 14:20 ---
Она што е најзаебаното во врска со боговите и религиите е што треба ич школо за да поверуваш во било кој бог, ОСОБЕНО ако мајка ти и татко ти му се клањаат. Од друга страна, за да сфатиш дека религиите се срање треба прво да учиш школо, па да читаш историја, географија, филозофија и психологија. А тоа не е мала заебанција. Нели?
Ова е причината зошто религијата е користена како политичка манипулација многу лесно. Во еден момент луѓето стануваат пописмени. Интересен е фактот што самата религија највеќе учествува во описменвањето, како сакаш интерпренирај го тоа, но тој факт доведува до тоа религијата престане да биде мета на политичка манипулација. За жал на крајот на 19 и почетокот на 20 век, улогата што ја има религијата во минатото за политичка манипулација, сега го има Атеизмот, кој со својата едноставност и никакви морални ограничувања претставува идеална алатка за таква намена во современиот свет.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 14:26 ---
Наместо да интерпретираш мислења и дефинираш своите соговорници, пробај за промена нешто конструктивно да напишеш. Извештаченото исмевање ниту ги побива работите кои ги наведов јас или останатите членови.
Интерпретирањето на спротивните мислења се главна алатка на фанатичните атеисти во нивните проповеди. Најглавна цел им се Библијата и Куранот и целата нивна религија се базира врз изучување на овие две книги и барање на нелогичности, повикување на џихад, повикување на крстосни војни, погрешно поставени интерпункциски знаци, печатни грешки и сл. Според знаењето што го покажуваат за Библијата и Куранот, можам да кажам дека интерпретацијата на овие две книги им е главната опсесија на Атеистите и е тоа по коешто ја базираат проповедта на својата религија.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 14:34 ---
Поздрав од „лајкстиснувачите“
Брисел а?
Шо ти е запад...
Образложение за лајкот:
Пошто немаше лајк тука, и некако ми се виде чуден постот на еден атеист без да има лајк, и сосема во спротивност со каноните што ги имате, така да морав да стиснам еден лајк тука.
Иначе ако ги гледаш местата што ги давам, би можел да видиш некаква симболика, но за жал, слепилото не ти го дава тоа, изгледа тебе секогаш кога ти е раздрмана сопствената верба, така реагираш.