Разликата е во следново: Религијата (било која) е систем на верувања, ритуали и догми кој (речиси секогаш) претпоставува постоење на антропоморфно божество(а).
Атеизмот е отфрлањето на можноста за постоење на БИЛО КАКОВ бог.
Значи батали ги сега ритуалите, ритуалите се многу промелнива категорија. Задржи се на основите.
ОК значи велиш, отфрлање на можност да постои бог. Тоа не се базира на никакво знаење, што значи:
Во Атеизмот поаѓаме од првобитната и основна „вистина“ дека не постои бог, како и која не треба да се докажува. На која треба да се верува беспрекорно
Стварно не гледам како е можно едно толку елементарно тврдење да го мешаш со верување или религија?
Зарем религијата не поаѓа од првобитно елементарно тврдење(„вистина“) врз кое се заснова цела идеолошка матрица, а тоа е неспорната „вистина“ дека бог постои.
Јас не сум
одлучил да не верувам во богови. Развивањето на мојата свесност за илјадниците народи на земјата, секој од нив со
свои обичаи, култура и
религија , за историските развои на цивилизациите, за универзумот и
димензиите на истиот во споредба со нашата
планета, за
диверзитетот на живиот свет, неговото
филогенетско дрво и палеонтолошките наоди кои постојано потврдуваат колку сме ние луѓето ебана милисекунда во све ова. Во овој универзум едноставно
нема место за фикција како што е Јахве, Кришна или Тор.
Види самиот став на несомненост е само по себе симптоматичен и не се разликува од ставот на еден цврст верник.
Не ти ти којшто одлучува што е, а што не е. На крајот на краиштата за многу работи слепо и веруваме на науката во објаснувања кои не сме во можност да ги сватиме. Многу пати многу „откритија“ се сметале за бескрајно точни, но ете се покажале и за грешни. Значи тајните на универзумот далеку е од тоа дека ќе ни бидат достапни за време на нашите животи. А многу работи коишто само ги веруваме на научниците (поради неможноста да ги сватиме) може ќе испаднат како неточни. Значи се додека човекот ќе се соочува со несватливи работи, се дотогаш објасненијата ќе се бараат во наједонставните причини.
Јас незнам зошто те плаши фактот дека твојот став се заснова на верба. Уште повеќе ако навлезеш подлабоко во својата свест ќе видиш дека ти повеќе факти си примил на база на верување одколку на знаење. Самиот образовен систем прави шорт-кати и те учи математика на база на верување. Како си ја научил таблицата на множење, зарем за сите си проверувал? (јас сум проверувал, ама верувам дека 99% ја научиле напамет.). Значи станува збор за математика, да не зборам и за други науки. И да не зборам за научни достигнувања кои биле надвор од нашиот домен на спознавање. Единственото нешто по што ги прифаќаме тие достигнувања е вербата во авторитетот што ни ги претставува.
Јас би сакал да те прашам следново:
Што е за тебе атеизам и како
твојата субјективна претстава за атеизмот се разликува од
објективната широкоприфатена дефиниција за атеизам?
Бујрум.
Види за тоа дали се базира на вера или не многу се зборува. Дали јас верувам во бог или не тоа е прашање на мојата вера, но јас од тоа не правам нова секта. Тоа е мој личен став и не мислам да го наметнам на други од причина што незнам дали е вистина. Како што кажав, јас сум доста практичен човек и проповедниците на атеизмот, според начинот на кој тоа го прават, исмејувањето, омаловажувањето итн. ме подсетуваат на инквизиција или на некои други времиња, кога црквите биле исмејувани, свештените лица прогонувани, немало никаква слобода на изразување, ниту по традиционална основа. Сите морале да бидат атеисти. И мислев дека сум осамен во тоа мислење, но гледам дека тука на запад, атеистите некако гетоизирани, претежно како што кажав врзани со хомосексуални заедници, интернационалистички антиглобалистички движења, антисемитски собиранки. Некако и научниве кругови за кадешто мислев дека има голем интерес, ги избегаваат тие друштва (со чест на некои исклучоци активисти во наведените организации и тоа претежно од општествените науки).
Така да можеби да стои во „општоприфатената“ дефиниција било што, но настрана моето лично мислење, тука е фактот дека делуваат не многу поразлично од јеховини сведоци, кој можеби значи дека набргу таа општоприфатена дефиниција треба да се редефинира.
И да си знаеш, те читам внимателно и можам да заклучам: (1) ти не си теист (самопријавено) и (2) религијата ја доживуваш позитивно, но главно од културолошки-социјален аспект - никако понизно и богоугодно. Ова тебе би те направило Хуманист, но ти имплицитно тврдиш дека моралот не може да постои независно од религијата. Затоа, збунет сум со каква личност разговарам.
Претпоставувам дека кога збориш за морал, мислиш на морални нормативи.
Не сум рекол дека морални нормативи не можат да постојат независно од религијата, значи прочитај ме пак.
Ајде пак за моралните нормативи на Христијанството.
Значи моралните нормативи на Христијанството се превземени што од Еврејството, Хеленизмот па и старите пагански верувања. Да не навлагаме која е причината за ширењето на Христијанството, но факт е дека во еден момент царот Јустинијан го донесува Јустинијановиот кодекс кој преставува некаква кодификација Христијанските морални нормативи во државни закони. Тоа се првите чекори на секуларизација. Подоцна Василиј1 и Лав Мудриот, прават целосна кодификација на Христијанските морални нормативи во 60 томните Василики. Буквално во цел денешен свет (Вклучувајќи го и Иран), основите на правните законите лежат во таа кодификација наречена Римско право(или Византиско или Јустинијаново, кој како љуби).
Значи на кратко, придобивката од Христијанската цивилизација е тоа што тие морални нормативи што ги прифатило Христијанството ги кодифицирало и ги предало на светот, и сега светот се води по тие правила, вклучувајќи ги и атеистичките општества
.
Некои други морални нормативи на пример има во Пакистан(ако жена погледне маж од друго село можат да ја силуваат) во некои изолирани села или во Египет (кај што некои им ги сечат клиторисите на жените). Ама тебе од аспект на човек што ги следи зацртаните нормативи на западот (Христијанските) тоа ти изгледа како нехумано.
Значи да резимираме, денешните закони се всушност производ на кодификација на моралните нормативи кои ги прифатило Христијанството. Може комотно да се каже дека денешниот свет се води по Христијански правила.
Лично, сметам дека тврдењето „Моралот е производ на религијата“ е ноторна глупост. Антрополошки и социолошки, ваквиот став е во најмала рака неинформиран став. Статистички гледано, атеистите, за кои ти експлицитно тврдиш дека се неморални, се застапени со најниски стапки во сите категории на ризично, агресивно и неморално однесување. Како тоа атеистите немаат морал?!? Баш ме интересира шо ќе пишеш.
Епа мислам дека во претходниот пасус е добро објаснето ова. Што не разбираш, прашај.
Но ајде пак, пошто не реков дека атеистите се по дефолт неморални, атеизмот кој се јавува во минатиот век како политичко орудија слично на религиите во средниот век, е многу полесно за манипулација затоа што не носи во себе никакви морални нормативи само по себе.