Ова изгледа е главното средство што се користи во комуникацијата на фанатичните атеисти. Ти ако сакаш на глава застани, атеизмот е верување и ништо повеќе. Ако за нештата што се потврдени се базрани на знаење, а другите се базирани на верување.
Мешаш поими. Не ме ни чуди.
Постојат две позиции во врска со постоењето на бог(ови).
Првата е:
Дали мислиш дека бог може да се спознае (сфати, разбере, доживее)
или не? Оваа позиција те прави
гностик (може да се спознае) или
агностик (не може да се спознае).
Втората линија е
Дали веруваш дека бог постои? Зависно од тоа како ќе одговориш на ова прашање, ти си или
теист или
атеист.
Како што гледам, ти не си на чисто со овие две работи. Колку што те читам, ти си теист-агностик. Викаш дека веруваш во некој бог (кој и да е од илјадниците богови), но во исто време викаш дека е тоа ствар на верба и дека господ
не може да се докаже.
Честито дијагноза.
Те молам, само, проучи го ова. Четири збора се - не е тешко. (а)гностик и (а)теист. Срамота е да се мешаат, а уште посрамота е некој да
не знае во што верува, а што
мисли.
Ај сеа колега ти wannabe аристократ да го погалиме малку.
Ти слободно помини си добро во лулката на пороците, само топло ти советувам да не се истрчаш пред холанѓани за религиозност. Статистиките, ама ич, не ти идат во прилог.
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 23:53 ---
Атеизмот е верување исто какво што е и теизмот.
Од реченицата:Јас верувам дека Гспод не постои, тоа многу прецизно произлегува.Никој досега,а себеси се смета за паметен не напишал: Јас знам дека Господ не постои.
Затоа што тоа тврдење ќе мора потоа да го докаже и тоа да може да го повтори друг и да ги добие истите резултати.
Арно ама,тука некој знаат се,а тоа е пак манифестација на карактерната црта наречена провинцијалност.
Епа, безобразно, wannabe аристократче со кутар смисол за хумор и уште поочајни лингвистички капацитети, дозволи (вака прибран) да дадам свој мал осврт на твоите инфантилни „филозофски“ обиди да порамниш рационални луѓе со оние кои рациото не им е најдобар другар (твојата бранша):
Атеизмот е верување, колку што непушењето цигари е зависност или колку што е ќелав - фризура. (Знам дека е ова малку комплицирано, ама после 2-3 читања ќе ти стане јасно - потруди се!)
Ако неверувањето во Дедо Мраз тебе те прави верник во непостоење на Дедо Мраз, тогаш би сакал да прочитам твој одговор на следниве прашања (не се тешки):
1.
Кои ритуали ги практикуваш за да ја одржиш својата верба во непостоењето на Дедо Мраз?
2. Кои се
песните кои ги пееш во својот религиозен транс на
неверувач во Дедо Мраз?
3. Во какви фустани се облекуваат вашите свештеници додека чатат во чест на
непостоењето на Дедо Мраз?
4. Колку пари кошта да ми пее вашиот правосвештеник (како ли се вика верата во неверување во Дедо Мраз?!?) за да домот стане богоугодно пребивалиште на
семејство кое се ВЕРНИЦИ во НЕВЕРУВАЊЕТО на постоење на Дедо Мраз?
Плашејќи се дека немаш капацитет да ја
восприемиш оваа паралела, да ти го објаснам ова погоре малку попластично, преку личен пример:
Јас,
бедо една семантички осакатена,
знам дека не постои Дедо Мраз. Јас немам потреба да
верувам или
да не верувам дека тој постои. Исто така, јас
знам дека богови
не постојат. Ниту еден од „активните“ 5000 и кусур божества на планетава не го поминуваат
елементарниот тест на логиката.
Понатаму, моите интелигенција и рацио (ќе ти објаснам што значат по ПП ако ти е срам тука) ми кажуваат дека, во овој универзум, такви ентитети едноставно
не може да постојат. Јас,
копиљ еден неук и неписмен, не тврдам дека
верувам во непостоење на богови. Јас тврдам дека
богови не постојат. Како поткрепа за ова мое
тврдење ги користам
здравиот разум,
историјата на религиите и
антрополошките наоди.
Што
ти користиш како поткрепа за твоите
верувања? Уште поинтересно би било да се прочита што ти користиш како поткрепа за твоите
знаења?
Иако не верувам дека ќе добијам конкретен одговор на ниту едно од погорепоставените прашања, со нетрпение ја очекувам твојата реплика во која,
верувам, уште еднаш ќе ги потврдиш своите ментални и рационални капацитети.
Повели.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 00:04 ---
Отсуството на докази не значи доказ за непостоење.
Отсуството на доказ за непостоење, пак,
никако не значи
потврда за постоење.
Напротив, не значи
апсолутно ништо! Оттука, постоењето на
било кое божество е
апсолутно непотврдено и подеднакво веројатно како постоењето на Бетмен, Дедо Мраз, Јуџио или Снежана. За овие 4 јас немам сомнеж дека се фиктивни. Исто и за Јахве, Алах, Тор или Анубис.
Ти што викаш? Како
ти би се произнесол за овие 8 ликови?
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 00:18 ---
Еве го еден типичен примерок на македонски кењатор.
Тежок степен на инфантилност.
Он некого ќе испрашел,ама сега не бил спремен,само да се спреми,еве сега само што ќе се спреми,
За нормален човек тоа што си го напишал доволно е да процени дека немаш три грама мозок у тоа главата.
Абе воле, прво ќе напишеш нешто што го негираат одреденото тврдење па после ќе напишаш одредени констатации за тврдешето на соговорникот.
Ама на вол оди кажи му до каде е нивата а од каде е пасиштето.
Од каде знае тој што е ред.
1. македонски кењатор
2. тежок степен на инфантилност
3. немаш три грама мозок
4. абе воле
5. ама на вол оди кажи му...
Бреее, што си бил ти речит, мајсторе: БРА-ВО!
Ќе беше добро, за промена, да стаеше некој
аргумент во постот, чисто онака, за аир. Знаеш, аргумент e обид да се
убеди некој во нешто,
давајќи причини или докази за да се прифати одреден заклучок. Слабо нешто со причините и доказите... Кај нас, тоа се вика празен и глупав пост. Кај вас како се вика?