Новиот 100 октански бензин на Макпетрол

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
Od kaj znaeme pa makpetrol ima laboratorija i oni si go ispituvaat :). Ni jas ne veruvam deka e 100 oktani, laboratorija ima vo okta, makpetrol ima nivna i ima nesto na masinski ama e prastaro i neznam kolku merodavno. Nikoj ne gi kontrolira u odnos na oktanskata vrednost, dur ne vidam od nekoja stranska laboratorija rezultati na nivnive sekako deka ne veruvam, sami praat mucki i sami si gi ocenuvaat
Е тоа ме плашеше... значи можно е ова да е само маркетиншки трик на Макпетрол, поради конкуренцијата на ЕКТО горивата на Лук Оил. Па уствари можда и ЕКТО нема врска со нешто подобрено ама ај... нека се лаже народ.
 
Ама не си учел дека во макпетрол возачот на цистерната и пумпашите на бензинска крадат гориво па мањакот го покриваат со ставање вода во бензинот,а со тоа се намалуваат и октаните
Кога кола што троши 8-9 литри на отворено со бензин од макпетрол ќе ти потроши 13-14 литри на отворено,тогаш ќе се увериш
Ај ај не збори глупости, како може вода да му дотураат? Ај размисли уште еднаш.
Има системи што го надгледуваат тоа, не си прави бајрам на мозокот. Ако се меша бензинот со нешто се меша во Грција или каде и да го купуваат.
 
Го прочита моето мислење што го напишав еден сат пред тебе? Апенката има В6, В8 или В10 мотор?

Ако ставиш 98 и нагоре октани нозете нема да можиш да ги додржиш на педали од топлината која ќе се развие во блокот.
Слушнав муабети дека се собрале неколку македонски сопственици на нови Мерцедеси и ќе правеле групна тужба против Лукоил,а се поради тоа што во овластениот сервис им рекле дека проблемите кои ги имале со нивните нови мерцедеси се настанати баш поради тоа што повеќе време користеле од новото гориво ЕКТО на Лукоил,кое нормално беше фалено на сите страни.Да не биде и овде истиов случај со новите горива на Макпетрол? Што мислиш?
 
Vremeto koga doturaa voda odamna pomina, da go pravea toa porano koga nemase kameri. Na veliko kradea pumpasite togas ako vi teknuva pumpas epten tesko se stanuvase ama za zal pomina toa vreme. A za novive goriva na prijatel mu rekle kao oni na benzinska vo rezervoarite dodavale aditivi nekoi
 
Една работа имам приметено при ставање на бензин од Лукоил и Макпетрол. Кога ставам за 500 денари (6,3-4 литри) кај Макпетрол при палење на колата стрелката за бензин одма рипа до првата цртичка, па понекогаш дури и над неа. Кога ставам од Лукоил првин покажува пола отколку кога ставам од Макпетрол, за да потоа при возење 300-400 метри дојде до првата стрелка.

Сеа ова малку лаички го кажав, ама не знам како поинаку да го објаснам со оглед дека сум тутуле бале за бензин и коли. :)

пс. не е работата до тоа колку е празен резервоарот, оти штом влезам во резерва одма пунам, а тоа ми се случило и кај двете бензински.
 
Ај ај не збори глупости, како може вода да му дотураат? Ај размисли уште еднаш.
Има системи што го надгледуваат тоа, не си прави бајрам на мозокот. Ако се меша бензинот со нешто се меша во Грција или каде и да го купуваат.
Јас ја објаснив постапката на мешање,Канео дообјасни,ама некој треба да прочита а не да трча како прле пред магаре
 
п
да ставеше за 3000 денари уште поголема снага ќе осетеше:)ти се восхитувам каков осет имаш:cuc::icon_mrgr:
па претходно турав од 95 и ова као ај да пробам и толку... нагласувам дека е мала разликата... далеку од тоа дека е бајаги по моќно или незнам што... нијанси се во прашање...
 
Разликата е во тоа што побрзо прима кај 100 октанскиот бензин, тоа ти е исто на 95 октнаскиот да ставиш адетиф.Мислам според мене :D
 
ја учев у средно за горива и знам што е октански број. али да не замарам.
гориво со поголем октански број може да се компримира повеќе без притоа да се самозапали експлозивно и да предизвика тропање во моторот.
ако моторот е правен за гориво со висок број на октани - подобро ќе работи (поефикасно) со 100 октански бензин, пошто, нАли, може многу да се компримира пред да детонира.
ако не е правен за високооктански горива - џабе фрлени пари.
ако е правен за високооктански горива, а му се става бензин со „малку октани“ - моторот ќе работи неефикасно; можно е и тропање во моторот (од експлозиите, т.е. немирното согорување на бензинот)
Сите што тврдите дека од 100 октанското гориво имате подобри резултати,а при тоа тие се добиени на автомобили со помала моќност кои се наменети за 95 октанско гориво, прочитајте го ова уште еднаш.Разлика (позитивна) нема да се ости бидејќи моторот прави одредена компресија на горивото и без разлика дали е 95 или 100 компресијата ќе биде иста,дотокот на гориво исти само може да се јави проблем при согорувањето,недоволно добро согорување.Кај посилните мотори кои имаат поголема кубикажа се користи 98 или 100 октанско гориво и тоа гориво дозволува поголема компресија при што може да се зголеми дотокот на гориво и може да се прави поголема количина на квалитетна смеса за согорување со што при едно согорување се ослободува повеќе енергија.
 
јас не сум петрохемичар, ама многу од работиве тука ми личат на „конспираси теори“
башка рецептот со литро солна киселина и 50 литра вода на 500 литра бензин ми личи на рецепт за туршија. а, и заработувачката е „до таван“ - 51 литар „пута“ 79.5 ќар од 4000 мкд. Score! (малку е повеќе од 4000, ама морав да земам во предвид дека кило солна е 30-тина денари, што е, се сложувате, сепак трошок...)

јас стварно се сомневам дека макпетрол муља нешо со дериватите, особено во октанскиот број. може само да купува „послаб“ бензин, а да го продава како појак. дека става адитиви за во зима е (најверојатно) точно.
инаку, макперол и лукоил се само трговци со деривати.
баш ќе пробам џет дизел, па ќе пишам.

п.с. мапектрол може да мува со пумпите и д ги штелува да крадат, ама се сомневам дека би биле толку глупи и да го прават тоа на ниво на цела компанија.
поедини пумпаши - може, ама не верувам.
тие што работат со деривати имаат законски дозволен „растур“ поради испарување. одреден број литри можат да не бидат книжени и да се сметаат „испарени“. и тие евентуало можат да се продадат на црно.
дриватите се високо акцизна роба и државата будно следи све, притоа недозволуваќји ја ја крадат... бар јас така мислам
 
И добро мислиш.
А тоа со 100 октана е чиста маркетиншка работа.Кога бензинот би ја зголемувала моќноста тогаш сите производители би препорачале 100 октанско гориво за да можат да допишат некој киловат плус со што возилото би било поатрактивно.
 
п
па претходно турав од 95 и ова као ај да пробам и толку... нагласувам дека е мала разликата... далеку од тоа дека е бајаги по моќно или незнам што... нијанси се во прашање...
добро те разбрав,самиот викаш нијанса,за да е осетиш таа нијанса мора да бидеш Фетел:)
иначе јас пред некоја година неколку пати турив 100 во Германија и го имав истиот осет:pos: кога видов дека не било така престанав
 
па не сум фетел, ама возам слично на него... јас сум авто фанатик... и тестовите покрај осетот на возење, ги правам и на крајна брзина на иста делница...
 
Јас ја објаснив постапката на мешање,Канео дообјасни,ама некој треба да прочита а не да трча како прле пред магаре
Од каде си ти толку сигурен дека постапката за мешање е таква како што ти кажува и кано?

Во бензинската внатре има системи за надгледување на горивото. Значи покажува колку вода има во резервоар. Колку и добро да се измеша водата не може да се сврзе за бензинот (без разлика со што се сврзува) идеално за да не покаже цели 50 литра на 500 литри. Па знаеш колку литри вода се тоа на 30 тона кога ќе дојде да истовара цистерна?

За тоа со штелување на пумпите е возможно, ама за ова не тропај. И не се краде баш така како што е напишано. Не е толку лесна ни таа професија ;)
 
Ќе ставам утре...ќе ви кажам... :) 500че ќе ставам и така ми свети резервата...мада за загревање ја користам ама што да не, ќе и ги оптегнам ноџињата троа на бензин :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom