- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.775
- Поени од реакции
- 9.579
Лошо дојдоа овие 2 пораза во секој случај. Во моменти кога најмногу ни требаа поените ние ги испуштивме на доста наивен начин. Се нервирам што не сме константни во формата, затоа што претходно 5-0 спукавме потоа губиме безвезе поени. Одбраната оваа сезона ни е најслаба алка да бидеме реални, а тоа е поради честите ротации и проблемите со повреди. Потоа следи средината која еден натпревар ќе одигра фантастично и ќе креира 100 шанси, а другиот катастрофа. Сепак повторно ќе кажам, ова ме потсеќа на сезоната кога бевме елиминирани од Бенфика во ЛШ, сезона на смена на генерации на која се додаваат доста повреди. Добро би ни дошол еден добар плеј зимава, затоа што ни фалат шанси, топки кои ќе ги хранат напаѓачите. Еве денес бевме сведоци дека преку крилата не можеме да направиме баш ништо, а пак Гигс и Керик не можеа да направат некое проигрување и тоа резултира со никакви шанси за погодок на овој меч. Тоа е тоа, ќе дојдат подобри времиња затоа што има потенцијал овој тим за во иднина и ни фали само трпение. Поздрав ѓаволи 
