Реално од овие помладите шанса да биди во тие 18 сречници треба да добие само Ојлески(според мене)....
Дечкото го има она шо е потребно за крило.....а и искусен е,веќе неколку сезони има зад себе во супер лига...не е којзнае шо лига,ама пак се делкаше...
А оваа сезона во Вардар распука...
Е сеа за Манасков мали
се е кажано..
Детево е сеуште зелено и не е за едно вакво натпреварување...не е ракометот само контри
Сепак ќе мора да се земи уште едно лево крило,зошто ако останиме само со Аљушо тешко нас...
За Гоцката имам кажано,можеби не заостанува зад Козла,ама не е таков тип на играч шо ќе ни користи..
Посебно не се Швеѓаните и Германците кои имаат страшни леви крила,ќе не пробушат ако игра Гоце над нив одбрана(кој го гледал редовно Металург оваа сезона знае на шо мислам)...
Козла вака така има поголемо искуство....(не дека е нешто посебно).....
Сепак Темелков е според мене за 2 класи над гореспоменатите....
Тука неаме гајле,Темелков е докажан играч и сигурен сум дека ќе биди еден од најдобрите наши стрелци..
Околу двата помлади пикери Столе и Маркоски...
Јас да сум селектор би одел со нив,и би го изоставил Ванчо...(и да не беше повреден)....
Мислам дека со овие двајца ќе иаме далеку повеќе опции во нападот.....
Поподвижни се,а за пикер то е најважно...
Со оглед дека ќе ни треба еден пикер кој ќе ја развлекува зоната на противниците,да овозможи чисти шутеви за Мојсо и Кире-или пак за влез на Миркуловски,па да се оди или на пенал или на двојно проигрување....
А за ваква тактика пикерот е
КЛУЧЕН....
Реално времето на Ванчо е поминато,секоја чест за дечкото,неверојатен беше,ама повредите и прекумерната килажа си го зедоа данокот.....
Да не се лажиме...
А ќе играме против одбрани кои имаат касапи во своите редови.....пред се мислам на Германците,Рогиш и се е кажано
Без јак пикер ќе неаме многу чисти шутеви,ќе треба Кире,Мојсо сами да се мачат,Миркуловски ќе јади ќотече при тие негови пробиви и тоа големо
..
Ќе и треба помош на ударната тројка....најмногу од пикерите.....
Тука треба стручниот штаб,да пробаат да ги искористат Столе и Никола,да добијат добра минутажа...
Сите ќе очекуваат Ванчо да игра
па овде е можно да напрајме некое тактичко изненадување....
Да не ширам многу,да не чита некој душман
За бек неаме сеуште некој спремен од овие шо се на подготовки шо би можел да помогни во напад..
Сите се
ТУРКАЧИ ЗА ВО ОДБРАНА