Boardwalk Empire

  • Креатор на темата Креатор на темата Silvio
  • Време на започнување Време на започнување
Лудило од епизода, инцест човече...

Штета што никој не ја гледа па цело време само јас bump-увам...

Untitled-1.jpg
 
Заврши и втората сезона, штета што умре еден од моите омилени ликови, Џими. Нема потреба за спојлери овде.
 
Супер сезона и одлично и неочекувано финале на сезоната. Инаку во 2та сезона може да се забележи пристап на ликовите сличен како и во Сопранови. По дискусијава на форумов изглеа не многу луѓе ја следат серијава. Препорака до сите, нема да зажалите доколку поченете да ја гледате. :)
 
Премногу ме изненади крајот,сега немам идеја накај ќе ја вртат работава во трета сезона :confused:.Што му требаше на Џими да праи такви глупости...
 
Џими умре ???? Ако нека му е,Наки е ѕверот :D
Ја до 11та ги иам изгледано,ама видов и 12 излегла од вторава сезона. Многу јака серија,сите епизоди во рок од 2-3 дена ги гледав...........
 
Аууу, Наки го замразив. Деее бреее, Џимио замина. Штета, а баш мислев ќе напраат reunion и матер ќе му ебат на Капоне и компанија. Него глупо некако, најпрво со Капоне како браќа, после тоа ни писменце не си разменуваја. Дури и Капоне беше покер-фејс околу тоа да се убие Џими. Претераја со сексот со мајка му. 2 сезони имаше сексуална тензија, не мораа да ни потврдат on-screen.
 
3 сезона најверојатно на есен,
ептен неочекуван крај..нема да е инт без Џими ,,што ке даваат у наредна незнам стварно
 
ПРВО: Вака како што оставате СПОЈЛЕРИ во темава НИКОЈ НЕМА НИ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕ СЕРИЈАТА !

Многу ви се глупави муабетите од типот "лелеееее овој го убијааа :((((" или "не требаше оној да умре сеа не е интересно", или "најјако беше кога Стево го уби брат му ба Перо".

Можеби некој ке ја отвори темава баш да види што серија е, и пошто вие ке се испосерете на темава што ке се одвива и како ке заврши, нормално дека никој нормален нема да ја погледне истата.

Што е инаку закон серијал, и срека што досегашните епизоди сите ми се гледани инаку ке ве пцуев многу повеке.
 
Одлична серија, пресврт на крај на втора сезона доволно е да се каже за тоа. Втората сезона далеку повеќе ми фати око од првата сезона, дури мислев да прекинам да гледам. Многу малце луѓе очигледно ја гледаат серијава чим на овој форум толкава е дискусијава...одлична серија, добри глумци... сега чекаме трета сезона која стварно не знам што ке се дешава
 
ПРВО: Вака како што оставате СПОЈЛЕРИ во темава НИКОЈ НЕМА НИ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕ СЕРИЈАТА !

Многу ви се глупави муабетите од типот "лелеееее овој го убијааа :((((" или "не требаше оној да умре сеа не е интересно", или "најјако беше кога Стево го уби брат му ба Перо".

Можеби некој ке ја отвори темава баш да види што серија е, и пошто вие ке се испосерете на темава што ке се одвива и како ке заврши, нормално дека никој нормален нема да ја погледне истата.

Што е инаку закон серијал, и срека што досегашните епизоди сите ми се гледани инаку ке ве пцуев многу повеке.
Што има да не пцујаш за муабети за сцени и работи кои ВЕЌЕ СЕ СЛУЧИЛЕ ВО СЕРИЈАВА. Ако те интересира за серијата нешто, прочитај го првиот воведен пост и едноставно ГЛЕДАЈ ЈА СЕРИЈАТА. Што мајка бараш да вртиш 2 страна? Професионални рецензии со респект за мрзи без муабет за работи кои сме ги гледале?
 
Муабетот ми е дека доколку некој со намера да ја гледа серијава ја отвори темава ке се заебе.

И поради тоа не сте вие и ние криви, туку во насловот на оваа и секоја друга ваква тема треба да има оставено "ВНИМАНИЕ - ТЕМАТА СОДРЖИ СПОЈЛЕРИ". И се ке биде ОК.

Поздрав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom