Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
корумпиран директор можеби ќе биде истеран од работа
А значи сам краде... како не му е срам.

Да пишам два вица на темава.
Претседателот на САД му вика на Тито: Ќе ти пуштам 300 авиони, 1000 тенкови, има да ти ја уништам државата за 24 часа.
Тито му вратил: Ќе ти пуштам 50 директори, ќе ти ја уништат државата пред да бидеш свесен за тоа.

Двајца директори оделе со томос моторчиња секој ден на работа.
Еден ден едниот од директорите тргнал со нова кола, и овој вториов го прашува:
- Иии од кај бе нова кола?!
- Сега ќе ти покажам. Ја гледаш онаа 10катница онаму?
- Па таму нема 10катница, има само од 5 ката.
- Еее... гледаш, требаше да има 10 ката :)
Наредниот ден вториов директор се појавува со нов мерцедес. Првиов директор го прашува:
- Од каде бе мерцедесов?
- Дојди со мене, ќе ти покажам. Го гледаш оној мост онаму?
- Каков мост бе? Нема ништо тука.
- Па нема, а требаше да има :)
 
Можеби апсурдноста на феномените ( како општествена сопственост и самоуправување ) сепак неможеле до крај да истрајат во својата замисла, бидејќи претставувуваат еден специфичен вид на карикатура на марксизмот како чекор до бескласното општество. Теоретски ако се гледа,системот претставува илузија прво, преку самоуправувањето,второ преку здружениот труд кој се воведува во 70-тите. Но во реалноста, слушаме само позитивни работи во кои живееле нашите. Но преминот од самоуправниот систем во повторно капиталистичкиот пазарен економски систем, кој барем за земјите од Југославија,бил катастрофален, не значи дека целокупното функционирање на системот треба да се оцени како лошо.
 
Во времето на Анте Маркович кило банани беа 2 денари!!!
Во времето на Анте, јас купив околу 300 LP плочи. Тоа е скоро една дневно.Тоа време беше ЛОМ - ноќен живот, толеранција, курташак... не дека средношколец, туку раат беше.
--- надополнето: 15 декември 2011 во 00:55 ---
Во времето на Анте Маркович кило банани беа 2 денари!!!
Во времето на Анте, јас купив околу 300 LP плочи. Тоа е скоро една дневно.Тоа време беше ЛОМ! - ноќен живот (поише утрински), толеранција, воведуванје на симпатичниот термин „транзиција“... курташак... не дека средношколец, туку раат беше.
 
Во СФРЈ банките даваа кредити со многу ниски каматни стапки. И можеше секој човек да го исплати кредитот без никаков проблем. Дури и шест месечни заостанати рати можеше да се исплатат наеднаш. Се разбира кредит даваа нормално ако си вработен...

Во просек секој човек во СФРЈ по три пати земал кредит. И тоа како обичен работник.

А денес бе луѓе зема ли некој кредит што работи како обичен работник?

А теоријата на некои денешни аналитичари коишто кажуваат дека немало шанси да се земи кредит во СФРЈ е само гола вода.
 
И во Грција лесно се зимаше кредит, и во САД пред кризата..во Исланд фрчеа кредити.. ама на крај секогаш испаѓа онаа народната..Се се враќа,се се плаќа.!
 
И во Грција лесно се зимаше кредит, и во САД пред кризата..во Исланд фрчеа кредити.. ама на крај секогаш испаѓа онаа народната..Се се враќа,се се плаќа.!

Едното со другото нема врска ...
 
Едното со другото нема врска ...

Викаш.. а од каде се враќаа парите од невратените кредити ? Од каде се наваѓаа пари за к-15, 13 -ти плати и за 1000 работници во фирми во кои реално ни 200 не беа потребни ? Каква индустрија имаше Југославија и каде извезуваше за да ги покрие сите тие трошоци ? Потполно исто што ја снајде Грција и Исланд, а може да ја снајде Италија и Шпанија.. се позајмуваа пари од надвор, а кога стигна за наплата немаше од каде да се вратат.
 
Во СФРЈ банките даваа кредити со многу ниски каматни стапки. И можеше секој човек да го исплати кредитот без никаков проблем. Дури и шест месечни заостанати рати можеше да се исплатат наеднаш. Се разбира кредит даваа нормално ако си вработен...

Во просек секој човек во СФРЈ по три пати земал кредит. И тоа како обичен работник.

А денес бе луѓе зема ли некој кредит што работи како обичен работник?

А теоријата на некои денешни аналитичари коишто кажуваат дека немало шанси да се земи кредит во СФРЈ е само гола вода.
Е сега, запрашај се зошто пропаднаа банките, зошто имаше ОГРОМНА инфлација, па кредитите вредеа колку една кутија цигари, а си изградил куќа...
Е, затоа во 1991 отиде се у 3 лепе...
И затоа уште неможеме да се свестиме каде сме. Сметката ја плаќаме ние.
Да им се мочам у неуспешниот експеримент.
 
Се пропадна во СФРЈ заради САД, ЦИА, Масоните, Илуминатите, Конспирациите...

А не дека не беше добро.

Туку дека во нивни интерес беше да се распадне СФРЈ...
 
Важно прошивеаја добар живот истите оние кои сега ни викаат дека сме наработници а они не мрднале со прст, немало кадри, имало работа. Се се плаќа но го јаде стапот тој што не е ни крив ни должен само на него му дошол редот. Сега пак попривилегирани се оние кои имаа добар живот во социјализмот.
 
Имаше еден виц...како живеевте во Југа. Па секој први имавме плата, празници и одмори се поштуваа, сите скоро имаа к-15, имаше многу малку невработени, можевме и по 2-3 работи да зафаќаме...мме, кој го запали светлото.
Е така беше, кафаните и куќите беа пуни со славеници за НГ...па сеа дал бил план на Америка, дал кредити...важно не се заебаваат ко сеа за 7.000 денари и купи мевце колку да се пресрамиме,....имаше француски и румунски полутки, канта сирење, југоекспорт, бечичи и ичичи... пун фрижидер и за дома и за гости и за комшии, ракија у подрум. Имаше све, ако некој не признава. Сеа к**ац, работиме само за евн или елем, кој ќе го знае.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom