Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
ЕПа ај понеделник!
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
91
Поени од реакции
32
Не можеш да се лутиш на Господ, и да не веруваш во него во исто време...
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
91
Поени од реакции
32
No hard feelings DBack, јас не се квалификувам како верник, но неможам да кажам ни дека сум неверник. Објективно ја набљудувам темата религија и ги сослушувам двете страни пошто не се чувствувам доволно информиран. Тоа што сакам да кажам е дека, Атеистот, на час по филозофија, грубо го дефинирафме како човек кој ''воопшто'' не се замара со Бог, религија и се друго поврзано со духовноста. А ''атеистите'', ставот кој го заземаат доста често е многу погрешен според мене, испровоцирани од верниците, почнуваат да тресат глупости, на пример - ''Бог ми ги одзеде саканите, затоа не верувам'' или ''Бог не ми дава да просперирам во животот, немам среќа, па затоа не верувам...''. Често ги среќавам овие грешки на кои има доста јаки контра-аргументи од страна на верниците поврзани со онаа мисла што ај постирав погоре. Ако си атеист, а религијата не те спречува во нешто, верниците не влијаат негативно на тебе - зошто тогаш дискутираш. Доколку директно си загрозен од верниците, нивниот живот, нивните мислења, тогаш извади ги твоите аргументи, тогаш дискутирај и напаѓај или брани се.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432

wow друже, кочи малку.
Постои аргумент кај поранешни верници дека после некаква трагедија, изгубиле верба дека постои Бог. Реченицата која ја скова погоре не држи, таквите луѓе не викаат дека Бог им одземал нешто, туку загубиле нешто и тоа им е аргумент дека Бог не постои. Ако некој каже дека „Бог ми одзема нешто па поради лутина нема да го почитувам повеќе...“ и слично, тој човек не е Атеист. Сеуште е верник, само верува дека постои Бог само не ја практикува верата.

Атеистот погрешно сте го дефинирале. Што ќе кажеш за Ричард Докинс, Кристофер Хиченс, кои се декларирани атеисти а пишуваа(т) книги и активно се занимаваат со проблемот на религијата?

Зошто се занимаваме со проблемот на религијата? Погледни го видеово и кажи ми дали треба да мижиме пред ова:

Религијата е зло. Не можеме да го игнорираме. Sorry.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
No hard feelings DBack, јас не се квалификувам како верник, но неможам да кажам ни дека сум неверник. Објективно ја набљудувам темата религија и ги сослушувам двете страни пошто не се чувствувам доволно информиран. Тоа што сакам да кажам е дека, Атеистот, на час по филозофија, грубо го дефинирафме како човек кој ''воопшто'' не се замара со Бог, религија и се друго поврзано со духовноста. А ''атеистите'', ставот кој го заземаат доста често е многу погрешен според мене, испровоцирани од верниците, почнуваат да тресат глупости, на пример - ''Бог ми ги одзеде саканите, затоа не верувам'' или ''Бог не ми дава да просперирам во животот, немам среќа, па затоа не верувам...''. Често ги среќавам овие грешки на кои има доста јаки контра-аргументи од страна на верниците поврзани со онаа мисла што ај постирав погоре. Ако си атеист, а религијата не те спречува во нешто, верниците не влијаат негативно на тебе - зошто тогаш дискутираш. Доколку директно си загрозен од верниците, нивниот живот, нивните мислења, тогаш извади ги твоите аргументи, тогаш дискутирај и напаѓај или брани се.
None taken.
Од моите 4000 и нешто постови, барем 99% се на овој подфорум. Моите интимни причини за „милитантниот“ настап против институционализираните религии и нивните корумпирани челници се во многу наврати елаборирани. Моите препирки со фундаменталните верници се доминантно рационални, со чест на саркастичните искучоци.

Атеизмот е многу јасна работа. Луѓето кои ги даваш за пример на атеисти, и самиот ти веднаш ги порекнуваш. Тие не се атеисти. Тоа се разочарани верници.

Атеизмот е рационална - не е емотивна категорија. Не може атеист да се лути на нештото во кое не верува, нели?
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Не се опседнати. Има многу луѓе кои што веруваат и се надеваат на "Господ" за многу работи, и атеистите само се трудат да им објаснат дека треба најмногу да веруваат во себеси. Тоа може да се сфати и како некаков вид на услуга, а не како што читав од погорните коментари.

btw Секој сам си ја крои судбината, нели?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Све е ОК. Одиме понатаму.
Сакаше да кажеш нешто за атеистите?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom