Јас да се пофалам положив денес од втора.
Мене во комисија ми се падна жена, ама не Албанката. И морам да признаам дека беа коректни, навремено те известуваат каде да свртиш, мада ја и потпрашував зошто се нервирам коа чекам да ми кажат кај да идам, кривина една фатив малце залетано, ама само ми кажаа смирено девојче, пополека не брзај и толку. Ама и мене ми пукна филм и си реков ќе положам па што сака нека е. Па сум возела ко 50 години искуство да имам. Сите што ќе полагате, само смирено, и не им давајте до знаење дека ве фаќа паника и нервоза а поготово во гужва, и не брзајте многу.