Six Feet Under

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Само шо ја догледав цела серија. Mind.. blown. Каква серија, ич не ми е жал за времево шо го потрошив на нејзе. Олку емоции никој филм или серија не ми побудил искрено.

И заплакав на 2 пати, јебига.
 
Надвор од то, на секоја епизода колку јадеа луѓето толку не сум видел нигде. Јас гледав 1-2 епизоди и земав за јадење зато шо апетит ми отвараше. Оди кај Бренда.. специјалитети, оди кај Рут... 12 врсти јадења за двајца, оди кај Дејв... пица нарачале, оди кај Џорџ, си грицкат нешо чоекот...

А јас слегвам долу шо имат за ручек... мусака. Ебати животот.
 
Само шо ја догледав цела серија. Mind.. blown. Каква серија, ич не ми е жал за времево шо го потрошив на нејзе. Олку емоции никој филм или серија не ми побудил искрено.

И заплакав на 2 пати, јебига.

5x10 неможев јас да се воздржам, ти? :icon_lol:

ForestGump, чувај се за зимата. Бољи филинг е.
 
Не знам колку имате приметено али скоро да нема портал ( не само наши значи) кај шо се збори за проблеми во врската (всушност за караници у врската) а да нема слика од Нејт и Бренда. Ко ќе ми текне само колко долги расправии водеа... Држеше муабетот на Нејт на крајот од серијата " Ми треба мир ".
 
До 4та сезона 3та епизода стасав...
Од една страна сакам да ја изгледам штопобрзо, ама од друга знам дека после ќе ми е криво што заврши... Затоа се ограничив на една дневно.
Уживајте
 
Стварно не знам како успеав да заспијам сабајле... Уствари знам, плакајќи.
Ги изгледав последните три епизоди и се потресов, ама онака... ептен.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom