Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Абе јас го забележав летото, т.е откако 5-6 месеци не бев физички активен, т.е не играв фудбал.
Мислев дека е до то, ама од тогаш имат околу 5 месеци каде што играм фудбал повторно, на секој 3-4 дена ама не се промени изгледот на стомакот, значит си остана ист. -_-
Иначе сало скоро ич немат, и е цврст тој делот подуен.:pos:

Стомакот може да ти е подуен или ако има сало околу него или ако имаш прејадено / испиено многу вода. Ако не е од второто тогаш удри на кардио :)

Инаку купив Кре-Алкалин. Досега земав гејнер (но во него имаше мали дози креатин - 2,5грама дневно). Ме интересира дали да почнам со Кре-Алкалинот или да правам пауза 3-4 недели без ништо па да отпочам со циклусот.
 
Планирам да почнам да вежбам (почетник сум) меѓудругото сакам да користам и протеини
http://www.napumpajse.com/shop/proteini/allwhey-908-g.aspxСакам да добијам одговор дали ќе сум направил добар избор или сум погрешил.Ако се е добро, би ве замолил една почетничка програма како би течело сево ова(со што да почнам за вежбање).
 
Стомакот може да ти е подуен или ако има сало околу него или ако имаш прејадено / испиено многу вода. Ако не е од второто тогаш удри на кардио :)

Инаку купив Кре-Алкалин. Досега земав гејнер (но во него имаше мали дози креатин - 2,5грама дневно). Ме интересира дали да почнам со Кре-Алкалинот или да правам пауза 3-4 недели без ништо па да отпочам со циклусот.

Мали дози, но зависи кој временски период имаш пиено. Препорачливо е креатинот да се користи во циклуси.
 
Значи вака несакам бицепсот(мускулите) да ми бидат големи, сакам да ми бидат цврсти како да го постигнам тоа?

и уште нешто дали може од оваа вежба да се покачи силата?
 
Значи вака несакам бицепсот(мускулите) да ми бидат големи, сакам да ми бидат цврсти како да го постигнам тоа?

и уште нешто дали може од оваа вежба да се покачи силата?

Едноставно, морашда вежбаш и да се храниш правилно. За да не бидат ГОЛЕМИ, нема да внесуваш повеќе од тоа што е потребно да го сочуваш тоа што го имаш.
Ако сакас да покачиш сила, тогаш правија оригиналната верзија за сила од истата вежба. Мртво.
 
Нема што да мислам, не сум го пробал. Ќе мораш да пробаш, а се до тогаш ќе треба да веруваш во тоа што пишува на етикетата. Затоа постои LABRADA :)
 
Значи вака несакам бицепсот(мускулите) да ми бидат големи, сакам да ми бидат цврсти како да го постигнам тоа?

и уште нешто дали може од оваа вежба да се покачи силата?

Може зошто да не може.. форсирај ја вежбата.. прави малку повторувања.. 5-8.. ќе накачиш килажи..
 
Мали дози, но зависи кој временски период имаш пиено. Препорачливо е креатинот да се користи во циклуси.
Знам дека треба на циклуси, ама веќе го имаше во гејнерот кој го земав цел месец. Дали сега да почекам пред да почнам со кре-алкилинот.
 
Очигледно јас и еден куп на мои пријатели колеги сме фрикови. Од 13 сум со тегови, а предходно сум активен во останати спортови, каде повторно имате вежбање. Висина 188. Да не бев спортски активен и да не вежбав, којзнае колку ќе бев висок. Имајки го предвид фактот што татко ми не бил повисок од 178.
Со мало каснење одговарам,
реков од 10-14 бидејќи тогаш одприлика започнува тинејџерството, односно почнува активно лачење тестостерон . Сега тоа зависи од човек до човек за возраста, ама лично тебе гледам дека благопријатно ти помогнало.
Факт е дека вежбањето го стимулира хормонот за раст - а тврдењата дека „луѓето што креваат тегови од мали остануваат ниски“ се многу неточни.
 
колку време треба/може да се користи креатин монохидрат и колку време треба пауза да се прави?
 
колку време треба/може да се користи креатин монохидрат и колку време треба пауза да се прави?
Би требало да се користи во две фази и тоа:
Фаза еден:
Една недела полнење 20грама дневно
Фаза два:
Од две до 5 недели одрзжување 10грама дневно

Две до три недели пауза и после се повторува циклусот.
Полнењето би можело да се скрати и на 5 дена по мое мислење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom