Според ова испаѓа дека можеш да ја предвидуваш иднината. Ај кажи ми барем дали ќе положам математика, да не се нервирам за џабе.
Значи ако идеме по повиците за репрезентација, ти ми велиш дека Клеверли бил викнат ради тие 2-3 партии добри во дресот на Манчестер. Хендерсон да ги имаше тие добри партии да не немаше да е викнат? Значи ги немал и не е викнат.
А кој беше капитен на Англија У21 пред Хендерсон? Џонс нели. Го викнаа во сениорската и сега Хендерсон е. Па така по логиката Џонс >> Хендерсон.
Сеа не знам дали ти или мнозинството, јас си кажав каква мржња имаше кај вас изминативе натпревари према Хендерсон, дека не е материјал за прв тим.
Стварно не знам ко прво и од каде испадна Клеверли во муабетов, кога Џонс го споредувавме со Хендерсон. А вистина е дека Фергусон му го собра на Кени Џонс пред нос и не можете да кажете дека не ви бил трансфер цел.
За тоа дали ќе жалиме или не, уште еднаш ќе ти кажам, time will tell. И за крај, стварно ми се глупи овие споредби кога ко прво ова се играчи кои не ни играат на исти позиции а кога ко второ, уште се таленти (не знам како да наречам некој кој уште е на почеток на кариера) и останува само да видиме кој како ќе се развие, пошо пред десетина години и Дариус Васел беше споредуван со Кројф, Мојф такви некои па сеа Бог зна во која лига игра. Ме разбирате мислам.