Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Благодарам за советите. На крајот изгледа дека е моја грешка, односно полнев антифриз до капачка наместо до ознаката за максимум и тоа што беше повеќе течност (0.5L што ми се губеа) некако системот ја исфрлаше при поголем притисок . Ќе видиме дали ќе има некакви последици од оваа грешка.

Поздрав
немаш проблем. низ капачето на резервоарчето при одрден притисок, протекува вишак. тоа е и заштита во случај од ИКС причина да прокува моторот, за да не ти екплодираат цревата,,, така да нема штета акоси го наполнил до горе... штетата е 0,5 литри антифирз...
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Од вечерва нафташиве ќе возите 71.5 ден литар нафта, мислетему ја:icon_lol:
 
П

Пепси_

Гостин
Ми украдија 2 рат капни од фиат пунто,и сеа вака грдо ми е дали може по отпадите да се најде нешто или кај да барам да купам ?
 

intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.358
Поени од реакции
1.041
на битпазар или поефтината варијатна на паркинг како некој друг шо ги купил од тебе:)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Ми украдија 2 рат капни од фиат пунто,и сеа вака грдо ми е дали може по отпадите да се најде нешто или кај да барам да купам ?
Јас на ескортот 3 години барав раткапна, ја имав загубено едната од оригиналните и едвај најдов на крај и тоа сосема случајно. Ама па тие фабричките никаде ги немаше по овие авто галантерииве. Најдобро купи си нов комплет.
 

Gunner_L

Lord , Lord Bendtner
Член од
7 април 2009
Мислења
922
Поени од реакции
500
Ми треба совет се мислам помегу пежо 307 , 2.0 хди 2002 , и Фокус 1.8 хди 2003 , иста цена се само по шо не сум искусен со коли барам совет кои се предностите на едната и на другата и секако лошите работи .. :D
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Ми треба совет се мислам помегу пежо 307 , 2.0 хди 2002 , и Фокус 1.8 хди 2003 , иста цена се само по шо не сум искусен со коли барам совет кои се предностите на едната и на другата и секако лошите работи .. :D
Пежото има многу ранлив дел, тоа му е турбото а кошта во тетово колку пола кола... Не би ти го препорачал пежото.
 
B

BooBojan

Гостин
Ми треба совет се мислам помегу пежо 307 , 2.0 хди 2002 , и Фокус 1.8 хди 2003 , иста цена се само по шо не сум искусен со коли барам совет кои се предностите на едната и на другата и секако лошите работи .. :D
Ја би одил на Пежо 307 2.0 хди.Не само ради тоа што го имам возено,туку и ради подобрата истрајност на моторот.Малку објаснување од мене.
307 2.0хди со 130К.С. 6брзини возев малку 5-6 км и сум презадоволен од моторот.Досега немам слушнато некој да се пожали од овој мотор.
А Фордов 1.8 тдци(овој мотор мислам дека е ист или форд го развивал заедно со пежо хди)не би му го препорачал никому.Кај мене во село досега беа докарани 2фордови ТДЦИ коли со мотор од 1.8 едната беше Мондео другата Фокус,двете завршија неславно(читај продадени).
Мондеото месец дена после докарувањето од Словенија(најверојатно поради нашата нафта(читај мочка)) ги рикна дизните.Не сум сигурен ама на газдата му бараа 400евра за една или за 4дизни не знам точно.
Знам дека потоа најде стари дизни за околу 200-300евра.Но колата не беше кола.Исто како да возеш Голф1 обичен дизел,тропаше не одеше како што треба,виде не виде газдата ја смени со Голф 4 1.6 бензин со плин и веке според негово кажување не би возел дизел(пред Мондеото се изгори слично со Астра 1.7 дизел).
Фокусот ваков после 5-6месеци од докарувањето исто од Словенија ги рикна дизните.Беше во мида моторс во Скопје на поправање ама никогаш не се врати.Според кажувањата на неговиот сегашен газда го продал а сумата за која го продал(со рикнати дизни)остана тајна.
Така да оди на Пежо.Според мене
 

Kajgana Shop

На врв Bottom