Јас да бев некој мултимилијардер, половина богатство ќе им дадев на судиите. Колку само треба да си способен за да еден тим го држиш на такво ниво 3-4 години?
Од 2-6 во Мадрид, па 6 од 6 титули, па најдобар светски играч во своите редови, па најголем број на играчи на СП, па најголем број на играчи во шампионот на СП, еден од 4те најдобри стрелци на СП е од тој клуб, рушење на границата на освоени бодови во една сезона, поставен нов рекорд во Европа со 99 бода, 5-0 против тим на најдобриот тренер за таа година, доминација во ЛШ, освоена ЛШ 2 пати во 3 сезони.......
Колку и да звучи дека се фалам, не, немам никаков личен корист од ова. Ама, што луѓе ќе беа судиите кога го можат сето ова?!?!?! Бидете еднаш реални и признајте, како што признаваат најголемите фудбалски имиња. Ова нема да трае вечно. За неколку години, ваш омилен клуб ќе биде на врвот. Тркалото се врти.