Србинка пронашла 200 илјади евра и му ги вратила на сопственикот

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Ич не не жали, кажи кај ќе оставиш 200 000 евра да дојдам да ги земам.
Знам дека се зезаш и дека е приказната шуплива од многу агли ама самиот факт дека има толку лоповски народ е катастрофа зашо утре ти или јас може ќе загубиме 1000 евра и некој ќе си ги собере.

Не ми се пука сеир на темава.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Знам дека се зезаш и дека е приказната шуплива од многу агли ама самиот факт дека има толку лоповски народ е катастрофа зашо утре ти или јас може ќе загубиме 1000 евра и некој ќе си ги собере.

Не жалам никого, што сме заслужиле сме си добиле ;).
Јас не крадам, никогаш во живот немам земено ниту едно лижалче. Но ако си најдам парички не ги давам никому. И јас имам изгубено пари па никој не ми ги врати. И јас не сум лопов. Лоповски е да ти дојдам дома и да ти ги земам парите. И јас сакам да си најдам толку пари. И така :)
--- надополнето: Nov 20, 2011 6:35 PM ---
Земи ги и идеме на некој остров едно месец дена :D
Нека ги остави на Партизански одреди кај Симпо, ќе се симнам за 2 минути :icon_lol:
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.278
Поени од реакции
26.154
Верувајте дека не е така. Лично се имам уверено на неколку пати. Не ти вредат парите ако заминиш по ѓаволите. Исто така не ти вредат ни ако си болен. Еве би сакале да имате живот како овој сега или да сте милијардери но цел живот парализирани во кревет?
Каква врска има болест со пари? Сиромашните не се разболуваат? Еве јас да те прашам, имаш двајца болни од тешка болест, едниот милијардер, другиот сиромав, кој има поголеми шанси да се излечи?
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Јас не крадам, никогаш во живот немам земено ниту едно лижалче. Но ако си најдам парички не ги давам никому. И јас имам изгубено пари па никој не ми ги врати. И јас не сум лопов. Лоповски е да ти дојдам дома и да ти ги земам парите. И јас сакам да си најдам толку пари. И така :)
--- надополнето: Nov 20, 2011 6:35 PM ---

Нека ги остави на Партизански одреди кај Симпо, ќе се симнам за 2 минути :icon_lol:
Не си побрза од лавот :D
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Јас не крадам, никогаш во живот немам земено ниту едно лижалче. Но ако си најдам парички не ги давам никому. И јас имам изгубено пари па никој не ми ги врати. И јас не сум лопов. Лоповски е да ти дојдам дома и да ти ги земам парите. И јас сакам да си најдам толку пари. И така :)
Ах, сеа треба да се натегаме ти полусериозно јас озбилно и ќе забегаме :).

Твојот пример е сите фрлаат ѓубре на улица и јас ќе фрлам. Си загубила пари и не ти ги вратиле, значи ти ги украле ако знаеле на кого да ги вратат :). Ако земеш мои пари а јас дознаам шо мислиш ќе направам?

Лоповски е да земеш нешто туѓо без разлика дали во моја соба или на улица, без разлика од моја рака. ташна или од сметка :).

Утре некој ќе ми земе точак од 3000 евра и со став на повеќето не е он крив туку јас што не сум го чувал точакот во блиндирана кола :).

Лоповски народ со тапија :).
 
Член од
24 мај 2010
Мислења
2.048
Поени од реакции
4.640
Не туку фантазирајте, се работи за 200,000 евриќи, не 200, значи двеста илјади евра. Луѓе се убиваат за само 100 евра, кај ќе оди јадна таа со 200,000 евра??? Ќе ја попапа црна земја ни цент нема да стигне да потроши.
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
И сега кога ќе биде во тесно и кога ќе снема пари и кога сметките ќе се наталожат, типката ќе се присети какво благородно дело направила и ќе отиде во банка и тие ќе и речат „алал да ти е, али сметкава со пари се плаќа, а не со благородни дела“ и таа ќе се почеша по главата и ќе си рече „по ѓаволите“.

Ди (риал) енд. ;)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Откако во еден кафе бар пронашла чанта полна со пари, Марина Морачанин од Крушевац, му ги вратила на сопственикот.

Дваесет и осумгодишната Марина Морачанин, која како потстанар живее со сопругот и 7-годишната ќерка, во кафе бар пронашна чанта со 200.000 евра и 5.000 српски динари. Без да размислува, парите му ги вратила на сопственикот на чантата.

“Мислам дека тоа е обврска и воспитување и дека секој би го сторил истото“, рекла Марина.

Импресиониран од нејзината чесност, министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, најавил дека Марина ќе биде вработена во српското МВР.

“Во изгубен и неурамнотежен систем на вредности, овој гест за некого би бил опишан како и лудост или пропуштена прилика, но ова е навистина голем гест и јас сакам нашите млади генерации да учат од вакви примери. Мислам дека на Марина местото и’ е во нашето министерто“, рекол Дачиќ.

Заедно со градоначалникот на Крушевац Драган Јовановиќ, Дачиќ на Марина и’ врачил симболичен подарок, уметничка слика и полициска капа.



http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=94881&kategorija=5
Со тие пари толку многу работни места ќе отворела што до крај на живот не и требало да работи,а ќе имала лова до крова.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.644
Поени од реакции
11.738
Каква врска има болест со пари? Сиромашните не се разболуваат? Еве јас да те прашам, имаш двајца болни од тешка болест, едниот милијардер, другиот сиромав, кој има поголеми шанси да се излечи?
Не зборам за тоа. Туку ти велам еве одбери. Овој живот сега или милијардер ама парализиран. Парите или здравјето? Друга ми е поентата а не кој се разболува или не. Дали ти се поважни парите или здравјето? Ти што би одбрал? Пошто рекоа парите биле најважни
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Не зборам за тоа. Туку ти велам еве одбери. Овој живот сега или милијардер ама парализиран. Парите или здравјето? Друга ми е поентата а не кој се разболува или не. Дали ти се поважни парите или здравјето? Ти што би одбрал? Пошто рекоа парите биле најважни
Секој би го одбрал здравјето се разбира.
За парите така рекле зш парите се најважни за живеење, без нив и здравјето ќе си го нарушиш;)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.644
Поени од реакции
11.738
Секој би го одбрал здравјето се разбира.
За парите така рекле зш парите се најважни за живеење, без нив и здравјето ќе си го нарушиш;)
Е па тоа сакам да го кажам. Без пари не се можи ама па без здравје уште помалку
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.278
Поени од реакции
26.154
Не зборам за тоа. Туку ти велам еве одбери. Овој живот сега или милијардер ама парализиран. Парите или здравјето? Друга ми е поентата а не кој се разболува или не. Дали ти се поважни парите или здравјето? Ти што би одбрал? Пошто рекоа парите биле најважни
Ти сега нудиш избор што е сосема нелогичен. Таков избор може да ти понуди само Бог лично или Лукавиот - тој сака да ги тестира луѓето.:D Не можеш да избереш дали ќе бидеш здрав или не. Можеш само да внимаваш на здравјето, а и тоа е многу полесно кога имаш пари. Женава можела да избере дали да биде „богата“ или не. Избрала да ги врати парите и да живее како дотогаш. Да го изберела другото, немало никако да и влијае врз здравјето, сем ако не се работело за пари на нарко-бос или тежок криминалец.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom