T
Tetro
Гостин
Откако во еден кафе бар пронашла чанта полна со пари, Марина Морачанин од Крушевац, му ги вратила на сопственикот.
Дваесет и осумгодишната Марина Морачанин, која како потстанар живее со сопругот и 7-годишната ќерка, во кафе бар пронашна чанта со 200.000 евра и 5.000 српски динари. Без да размислува, парите му ги вратила на сопственикот на чантата.
“Мислам дека тоа е обврска и воспитување и дека секој би го сторил истото“, рекла Марина.
Импресиониран од нејзината чесност, министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, најавил дека Марина ќе биде вработена во српското МВР.
“Во изгубен и неурамнотежен систем на вредности, овој гест за некого би бил опишан како и лудост или пропуштена прилика, но ова е навистина голем гест и јас сакам нашите млади генерации да учат од вакви примери. Мислам дека на Марина местото и’ е во нашето министерто“, рекол Дачиќ.
Заедно со градоначалникот на Крушевац Драган Јовановиќ, Дачиќ на Марина и’ врачил симболичен подарок, уметничка слика и полициска капа.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=94881&kategorija=5