По традиција, омилена европска репрезентација ми е
Холандија, па и на ова ЕП ќе си навивам за нив.
Шпанија е преполна со играчи на Барселона, па сакал-нејќел и нив ќе ги подржувам. Мислам дека тие се во најтешка положба. Играчите на Шпанија имаат освоено се и сешто, така да ќе им треба огромна мотивација за да ја одбранат титулата.
Германија има страшна генерација, млада, физички страшна, тактички поткована како од соништата, поткрепена со искусни играчи спремни да решат утакмица со неколку потези(Клосе, Подолски, Швајни). Германија на ова ЕП може да изгуби само од Шпанија или Холандија, ама може и да ги исфрли и 2те исто така.
Според мене, Шпанија, Германија и Холандија се топ-фаворитите за ова ЕП. А, за разлика од дебаклите на последните 2 натпреварувања(ЕУРО 2008 и СП 2010), очекувам будење и враќање на голема врата и од страна на Италија и Франција, посебно од првите. Сепак тешко дека и Италијанците и Французите можат да направат нешто повеќе, покрај овие генерации на Шпанија, Германија и Холандија.
Англија и Португалија не ги коментирам. Вештачки, невоиграни репрезентации.
Фаворит од сенка, не ми текнува, ама веројатно би ја избрал Хрватска.
Според мене, шансите за освојување се овие(во вид на коефициенти):
Германија - 2. 80
Шпанија - 2. 90
Холандија - 3.00