- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.854
[
Веројатно ти е јасно дека со кредитна картичка во Хрватска е поскапо!?.... Види, царини-марини Европска Унија-мунија до кога веќе!?.... по што тоа сме поразлични од Србија? Или од Хрватска! Стално нешто, некое оправдување ќе наоѓаме, нешто ќе ни смета! На крајот од краишта пак PDV-то (нашето ДДВ) во Хрватска е поголемо за 5% (18:23)! Немој да мислиш дека царината за Јапонски уреди во Србија или Хрватска е 0 (нула!)....Ќе се убедуваме сега во тоа што смета, но тоа нема крај! Тоа со давачките се ефтини ‘‘фини‘‘ штосови на продавачите на вакви уреди кои не колат со огромни маржи!.....Факт е дека сме најлоша дестинација за купување на клима уреди и грејна техника во регионот!!!
Не ја разбирам твојата фрустрација на форумов. Мислам дека секој може да каже што ставил дома, што планира да стави или што не сака да стави за греење. Никој никого не убедува на крајот секој ќе ги пружи нозете до каде што му е чергата. Ти реплицирав првиот пат затоа што имаше направено грешка со генерациите на даисеикаи јас немам никаков интерес од тоа нити увезувам нити продавам. И што си му ти на тој Кано што толку заштитнички према него се поставуваш на крајот сите тие луѓе што пишале, пишале против системот а не против човекот.
А што овој дечково што ставил централен систем во куќата згрешил и според тебе требал да стави еден конвектор во едната соба и нео клима со COP од 0,77?!!? (страшна машина) во другата соба и пак ќе троши 2500 денари така?
Значи будала е и оној што купува нов Мерцедес или Ауди за 40000 евра кога може да си земе Шевролет Авео за 8000 евра и исто да му троши така?
Некои луѓе можеби сакаат и комфорт и уживање со сето ова, не си размислил за тоа? Ако сакаш ефтино греење за малку пари стај си ќумбе едно и купувај дрва, мислам дека поефтино од тоа нема на пазарот.
Многу триумфално си го завршил последниот пост ТИ ЧЕСТИТАМ :S
[/quote]Ни јас не ги разбирам твоите фрустрации но мора да ги имаш, штом реплицираш толку жестоко и навредуваш за она што сум го рекол на друг а не тебе!... Немам ни намера да ти објаснувам дека Кано или Онак ама баш ништо не ми е, ниту го познавам човекот.... но сметам дека не е место за рекламирање на форумот туку на порталот на Кајгана директно! Од авион се гледа намерата!!!....(следново е наменето на оние што се обидуваат): Дајте бе пара малку мајку му не е скапо, пуштете некое банерче, сакате се ГАГА!!! .....
Многу јака компарација си направил! Тебе треба да ти се честита!
..... Да, да токму тоа го бараме, ако не си приметил пишав и погоре потфорумот носи наслов НАЈЕКОНОМИЧНО ГРЕЕЊЕ, токму Авеото го бараме овде....реков и тоа дека некој може да стави и Ролс Ројс- греење на атомски погон, ама не продавајте тука фаљамфуртуси дека е економично и дека централен систем во куќа, со суперинвертор Toshiba Daiseikai (само тој чини безмалку 1500 Евра) ќе се врати за 3 години! Ќе се врати за три години кад она ствар каже ‘‘ку-ку‘‘.... Многу ми е мило што не искоментира тоа за колку метри квадратни е наменет споменатиот инвертор кога се користи за загревање..... па да видиме можеби навистина е економичен и би се исплатил за три години!?
тоа што не искоментира, многу што кажува!!!.... 15-30м2 за толку пари!? Една соба греење со грејно тело од 1500 Евра.... ха-ха-хахаха јебеш такав комфорТ и уживање! Мене на пример комфоР може да ми овозможи и уживање некој преубав скап камин, а никако буљење у пластику која дува топло - маде ин Јапан од 90 иљаде!.... Не си размислил за ова, нели?
НЕО-то го спомнав како 7-8 пати поевтина алтернатива, која ако не ист тогаш, ќе даде многу сличен ефект! 20-25 квадрати во добро изолирана куќа со нова столарија и тоа како квалитетно и евтино ќе ги грее!.... Да не спомнувам дека во соседна Бугарија може да се набават иста или слична класа на Тошиба инверторот од марките Mitsubishi, Fujitsu, Daikin.... за мноооооогу поевтини пари него што чини набавка на еден Daiseikai (Toshiba) во Енергија.... погледнете го овој модел на Mitsubishihttp://v-clima.com/prod.php?id=klimatici_mitsubishi_msz_muz_gc25va
.... нешто послаба снага е од споменатата Тошиба, но би коштал ф-ко Скопје (со плаќање царина) некаде 620-630 Еур .... и многу квалитетно и евтино и долговечно би ги греел споменатите 20-25м2.... Е токму вакво нешто би се вратило те исплатило како инвестиција за 3-4 години!... се што е над 800, 1000 Евра а се користи за греење на само 20-30м2 е беспредметно за дискусија кога се зборува за економично греење.
