Види и да е така.... за мене СЕУШТЕ и 1326 Евра (кеш во Хрватска) се помалку од 88,090 (цената на уредот Енергија)... за тебе незнам!? А? Што велиш?... Тоа за мене се над 100 Евра разлика, за тебе можеби и нема разлика.... а некој спомна погоре во Србија се 200 Евра поевтини. Незнам ни тоа дали тебе ти изгледа поевтино или не црно или бело!?..... мене не ми беше намерата да кажам дека се овдека е црно, туку дека сеуште сме многу одвратна дестинација за купување на Инвертори, дека имаме 2-3 сериозни фирми (Хидросет, Енергија....) и некои залутани во климатизацијата, вистински шалабајзери (Техномаркет, Нептун, АМЦ....) кои заеднички дупат здраво со цените!.... Зошто не ги коментираш другите цени!?....Не сме со така голема разлика на пример кај останатата електроника: ЛЦД или плазма телевизори, бела техника, акустични уреди и тн... разликите или ги нема или се мали, многу мали!.... Никако 100 Евра или недајбоже 200! Не ќе да е се црно овде, точно така... ама во понудата и особено цените во климатизацијата и греењето, од црно - поцрно!
--- надополнето: Nov 7, 2011 3:35 PM ---
Многу ми е индикативно што во исто време се јавуваат неколку нови членови на подфорумов со 2-3 поста и сите го критикуваат системот на Кано.... многу провидно станува тоа! Да.... и мало морген што за 3 години загревајки 70м2 ќе можеш да си ја вратиш инвестицијата! Велиш лани си поминал со 2,500 Денари за загревање... па колку си плаќал предходно? 15,000? Всушност колку би плаќал... во нова куќа, верувам со добра изолација, со солидни прозори со термопан стакло, со солидни внатрешни врати кои дихтуваат.... Па види, со најидиотски 3 конвектори, кои бтв би те чинеле да ги набавиш 15,000 Денари... при што при вакви услови, гарантирано не би трошел повеќе од 5,000 денари за квалитетно греење! Е сега со разлика од 2,500, тешко малце дека само за 3 години би ја вратил инвестицијата!!! Да не ти требаат да речеме блиску 6 години за да ти се исплати Даисеикаи-то? Да не ја спомнувам цената на централната инвертер топлинска пумпа!.... Колку те чинеле тие задоволства ти си знаеш... само немој да ни продаваш фаљамфуртузи дека сами се исплатуват за 3 години со разликата во цената на греењето!? Можеби, ако е направена споредба со греење на погон со ураниум или ако не загреваш во Јули!?
.... И уште една работа ме интересира: Дали Toshiba споменатиот модел го препорачува за затоплување на 70м2...!?
Izvini sto se vmesuvam ama toj sto veli deka za 3god ke gi isplati se slagam eve i zosto... sto i da zeme na struja da gree spored presmetkite mu ptrebaat otprilika kako sto i napisa eden prethodno 1KW za 7m2 znaci za 70m2 mu se potrebni 10KW (znaci da stavi paneli so vkupna jacina od 10KW) da gree vo prosek na den po 10casa ke potrosi 100KW na den po 30dena = 3000KW za greenje samo po sredna cena na strujata 5den. = 15000den mesecno..(zosto sredna cena od 5den. vo skapa tarifa e 3.34den = 18%DDv i plus 33.33%za angazirana moknost na sekoj KW =5.25den , a za evtina 1.67i istite davacki za KW=2.63den i zemam vo predvid deka treba poveke odnosno 80%od vremetoda raboti na skapa tarifa i zatoa gi zemam tie 5den. znaci covekot so klima trosel 2500den. mesecno a so drugo greenje na struja 15000den mesecno znaci toj sekoj mesec zasteduva 200evra po 6meseci = na 1200evra godisno i zatoa ti rekol deka ke ja vrati investicijata za 3god najmnogu i se slagam so nego i drugo koj ke ti rece deka 70m2 i toa dobro izolirani ke stopli so pomalku od 10KW te laze odnosno ili mrzne ili se pokriva so eskimo kebinja...[/quote]
Eве уште еден со 3 поста!? Ако, ако.... убаво! Ве разбирам луѓе, совршено ве разбирам! И ти ли ќе удриш по системот на Кано! Заборави, нема везе!.....
Ја користите Кајгана да промовирате нешто!!!
... затоа не се извинувај Саше, јас имам разбирање! Види вака ... за нова куќа, нови термопан прозори, врати што добро дихтувааат, претпоставувам со добра изолација.... велиш 6 месеци по 10 Kw!? Да не е малку многу? Знаеш, јас работам во фирма која гради нискоенергетски куќи па ова околу изолацијата и киловатите ми е познато! Значи и да се сложам со твојата математика 1Kw = 7m2, би те запрашал, ти ходникот, WC-то и евентуално остава.... ги грееш со ист интензитет како и дневната да речеме или спалната? Неа цел ден ја грееш на 22-23*Ц? И кога си на работа? Ашколсун! Браво за тебе!
..... Велиш натаму во просек 10 часа!? Да, толку ама во добро изолирана куќа со термостатот на конвекторот САМО доколку се загрева 24/7.... и тоа САМО во период од 15 Декември до 15-ти Јануари - тогаш кога просечните дневни се под 10, а ноќните под нула.... инаку ти отпаѓа математиката во другите месеци дека активно 10 часа би биле вклучени!!! Значи со еден збор: Илузорно е и надвор од здрав ум 6 месеци да се трошат 15,000 Денари за затоплување на 70м2.... затоа ти отпаѓа математиката дека инвестиција од близу 1500 Евра за загревање на исто толкав стан (куќа) се враќаат за 3 години!!! Имам уште едно прашање и за тебе и за оние кои го протежираат како најдобар и најекономичен избор за загревање инверторот на Toshiba Daiseikai..... и во мачевалството тоа се вика туше (toushe).... кажете ми за колку квадратни метри е специфицирано од производителот дека може да се грее со ова чудовиште од ‘‘само‘‘ 1500 Евра!? И колку простории може да се загреваат со него? Производителот Toshiba вели: 15-30м2!!! Така ли е или не е така? Со КАКВИ ЌЕБИЊА ТРЕБА ДА СЕ ГРЕЕШ ВО ОСТАНАТИТЕ ПРОСТОРИИ? ти си знаеш најдобро! ха-хаха.... значи за да загрееш максимум 60м2 ти требаат два вакви уреда!?
....
Знаеш што, без да навредам никого, преку к.... ми е од понуди на екцајзи од Zepter - мептер кои чинат 1000 Евра, правосмукалки од Rainbow и од другине хохштаплери (како ли се викаа) кои ги нудева САМО правосмукалка по цена на еден добар половен автомобил (+2,500,- Евра).... и на крајот преку .... ми е од разни грејни тела било тоа печка на пелети од Екошпар кој коштаат по 1200-1500 Евра, па и од Даисеикаи, јапанац или кој краставац... кој чини богатство, а ќе ти грее само една соба...... кои пак грејни тела ќе се исплателе за многу кратко време!? Драпај си мео!... Види, Перпетуум-мобиле барем засега не постои - тоа со сигурност го знам! Знам и тоа дека постојат вакви муватори и наравно отмена клиентела со многу пари која многу не размислува. Да бев банкар од Швајцарија можеби и немаше да размислувам многу, овдека треба мноооогу мислење....Знам дека ќе ми ги спомнете Србите, со: Ако незнаш шта је лепо, питај шта је скупо....но тие исто би рекле: ‘‘Док је чурана биче и подварка‘‘ (или наместо ‘‘ч‘‘ ако милувате ставете ‘‘ќ‘‘) ... Јанко бурекџијата би рекол: ‘‘Додека има овци ќе има и џемпери‘‘ .... Јас несакам (верувам и повеќето на форумов) да бидам ќурка, уште помалку овца.... и сосема ве разбирам, вие одработувате нечија агенда... шефот мнооогу ќе ве пофали, ама другарчиња подфорумот носи наслов: Евтино греење - тоа ‘‘евтино‘‘ имплицира евтино во секоја смисла! Да, евтино е многу со супер инвертор на Тошиба, ама дај ви се молам!? за греење на една просторија инвестиција од 1450 Евра!!! Мнооооооогууууууу!
Ќе кажете само критикувам а не давам решение. Решенија и мислења дадов мнооогу погоре во темата.... па еве и сега да кажам. За греење на една просторија во НОВА куќа, те добро изолирана просторија од 20-25м2 (со т-пан прозори и нови врати) наместо вашата многу скапа опција, би се решил на најобична НЕО клима со тошиба компресор која загрева до -6*Ц која БТВ не чини 1500 Евра туку нешто малку појче од 200 Евра (со 3 години гаранција).... COP фактор 0,77 ви значи нешто (гледам упатени сте во материјата
) без проблем во активниот дел од денот повеќе од 4 месеци би имал квалитетно греење со температура од 23-24*Ц.... а преку ноќ и оној период од месец-месец и половина можеби дена, кога да речеме и преку ден паѓа испод -6 (Иако тоа 10 години не се случило во Скопје и да се случи обично се тоа 5-6 дена) би користел еден конвектор од 2 или 2,5 Kw.... во комбинација, те. наизменично со климатизерот зависно од надворешната температура..... И повторно, сметката за греење на таа просторија во просек за 6 месеци не би била многу повисока од 1500.- Денари!
Што да ви кажам сега....СЕ ОБИДОВТЕ БАРЕМ!