Еве го мојот рецепт за тесто за пица. Јас се слагам со NightGirl дека зa готвење треба да те бива. Овој рецепт сам го имам разработено со пробање.
Во шоља ставам многу малце свеж квасец ( помалку од една десетина од мала коцка квасец ), една супена лажица шекер,и една и пол супена лажица брашно. Промешувам и додавам вода од чешма, да дојде густо како тесто за палачинки. Квасецот ќе стаса за 2 до 3 часа.
Во голема пластична вангла, ставам килограм брашно ( тоа ми е доволно за три плеха за во рерна ), една супена лажица сол, три супени лажици шекер и ваквата сува смеса ја промешувам со лажица. Потоа го додавам надојдениот квасец и вода, околу 600 грама на кило брашно, тестото треба да е по житко од тесто за леб. Смесата ќе ја измесам малце со лажица и ќе оставам едно15 минути брашното да ја упие водата и потоа добро ќе ја измесам со лажица да се одлепува од ванглата.
Ванглата со тестото, ќе ја ставам во пластична кеса ( да не го лазат муви ) и тесто ќе го оставам да „ преноќи “ на собна температура. Утредента уште еднаш ќе го премесам со лажица и пак го оставам сат или два.
На крајот уште еднаш со лажица го месам тестото и го делам на три дела. Овие делови тесто ги ставам во подмачкани плехови и расукувам со испакната страна на лажицата. Ако тестото лепи за лажицата, лажицата ја намокрувам со вода. Тестото го расукувам од три пати, најнапред колку може, па го оставам неколку минути ( да испушам цигара ) па пак се додека не го покрие дното на плехот. ( секое тесто не сака нервоза! )
Потоа плеховите со тесто ги ставам во незагреана рерна еден сат да стасуваат. На крај ги вадам плеховите со тесто, ја вклучувам рерната да се грее и ги филувам. Не користам кечап, туку доматно пире салца, разредено со малку вода или тетрапак „ пасиран домат “ без додавање на вода, оригано, кашкавал природен, обавезно свежи печурки, салама и многу сакам сланина.
Печам на ниска температура 160 С, додека кашкавалот не се истопи и тестото не се двои од плехот.
I to je to! Dobar tek!
--- надополнето: Oct 29, 2011 7:23 PM ---
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
не дава