Има ли некој убав рецепт за похуван кромид да го напише? Ако има, јас ќе допишам и сосче!
Потребно: кромид, јајце, брашно и презла.
За брашно - мене мерата ми е околу 50 - 100 гр. за 3 - 4 главици кромид. Ќе го исечеш кромидот на кругови, па ќе ги разделиш на ленти. Дебелината на лентите кромид е по избор, ама подобро е потенки, ама не многу тенки за да немаш поим што јадеш. Па после ги валкаш во јајце, па во брашно, па во презла (некои ги валкаат и во пченкарно брашно, јас не, ние дома не го сакаме со пченкарно брашно), па ги пржиш круговите во загреано масло, а масло ставаш колку да ги прекрие одозгора. Задолжително „цеди“ го маслото на хартија, оти кромидот е ист како модриот патлиџан,
многу впива масло. Ги пржиш додека да заруменат малку, не треба многу пржење, околу 2 минути, ама ти ќе видиш кога се готови. Мене похованиот кромид не ми е убав кога е многу пржен.
Ако е многу лут кромидот, ако се убиваш од плачење додека го спремаш

, остави го да отстои околу 10 мин. во млеко, јас обично ставам 1 шоља млеко (шоља за кафе) во тањир за супа, ама зависи од кромидот, а и од вкусот. Има многу луѓе кои сакаат луто.
ЧЕКАМ СОС!
П.С. Исто како што поховаш месо (свинско, пилешко...) за пржење, така и кромидот се похова. За презла и за брашно нема мера колку да ставиш, јас ставам од око. Пазам да не ми останува многу брашно, за да не фрлам после.

Обично ми се оттура малку повеќе, никако не можам да се научам со лажица да мерам.
