Кој и што знае да зготви?

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
покрај интернетов и ваквиве детални описи на приготвување храна- ДУРИ и маж со две леви -ќе научи да зготви нешто од нешто;)

галактобуреко (y)
http://asteromases.com/archives/274
--- надополнето: Oct 28, 2011 8:54 PM ---
http://asteromases.com/archives/342
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
денес ке се обидам со шницливе, ми изгледа лесно ....ама дур не пробам нема да зборувам



и онака се’ е објаснето, целата постапка чекор по чекор
http://asteromases.com/archives/251
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Праз со суви сливи:
Се чистат 6 парчиња праз , се сечат на парчиња од 3 цм и се редат во тенџере. Два корена мурков се чистат, сечат на коцки и стават во тенџере. 10 суви сливи, по можност без семки, цели се стават во тенџере. Се додава, една кафена лажичка црвен пипер, половина кафена лажичка сол и масло за јадење 20 грама. Се налива со вода до половина на висината на празот, се покрива со капак и се вари 45 минути на умерен оган.
Пробајте ! Лесно се прави, а е многу вкусно.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Знам многу добра пица да правам, кој ја пробал еднаш мојата пица друг пат сам се најавува дека ми доаѓа на пица:)
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
покрај интернетов и ваквиве детални описи на приготвување храна- ДУРИ и маж со две леви -ќе научи да зготви нешто од нешто;)

галактобуреко (y)
http://asteromases.com/archives/274
--- надополнето: Oct 28, 2011 8:54 PM ---
http://asteromases.com/archives/342
Не е работата дека не може да се научи. Работата е дали те бива или не те бива за готвење. Да беше само до учењето сите ќе беа врвни готвачи. Ама ако го немаш фатот во рацете да направиш нешто никогаш нема да излезе како што треба, секоаш ќе фали нешто и тоа е тоа.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве го мојот рецепт за тесто за пица. Јас се слагам со NightGirl дека зa готвење треба да те бива. Овој рецепт сам го имам разработено со пробање.
Во шоља ставам многу малце свеж квасец ( помалку од една десетина од мала коцка квасец ), една супена лажица шекер,и една и пол супена лажица брашно. Промешувам и додавам вода од чешма, да дојде густо како тесто за палачинки. Квасецот ќе стаса за 2 до 3 часа.
Во голема пластична вангла, ставам килограм брашно ( тоа ми е доволно за три плеха за во рерна ), една супена лажица сол, три супени лажици шекер и ваквата сува смеса ја промешувам со лажица. Потоа го додавам надојдениот квасец и вода, околу 600 грама на кило брашно, тестото треба да е по житко од тесто за леб. Смесата ќе ја измесам малце со лажица и ќе оставам едно15 минути брашното да ја упие водата и потоа добро ќе ја измесам со лажица да се одлепува од ванглата.
Ванглата со тестото, ќе ја ставам во пластична кеса ( да не го лазат муви ) и тесто ќе го оставам да „ преноќи “ на собна температура. Утредента уште еднаш ќе го премесам со лажица и пак го оставам сат или два.
На крајот уште еднаш со лажица го месам тестото и го делам на три дела. Овие делови тесто ги ставам во подмачкани плехови и расукувам со испакната страна на лажицата. Ако тестото лепи за лажицата, лажицата ја намокрувам со вода. Тестото го расукувам од три пати, најнапред колку може, па го оставам неколку минути ( да испушам цигара ) па пак се додека не го покрие дното на плехот. ( секое тесто не сака нервоза! )
Потоа плеховите со тесто ги ставам во незагреана рерна еден сат да стасуваат. На крај ги вадам плеховите со тесто, ја вклучувам рерната да се грее и ги филувам. Не користам кечап, туку доматно пире салца, разредено со малку вода или тетрапак „ пасиран домат “ без додавање на вода, оригано, кашкавал природен, обавезно свежи печурки, салама и многу сакам сланина.
Печам на ниска температура 160 С, додека кашкавалот не се истопи и тестото не се двои од плехот.
I to je to! Dobar tek!
--- надополнето: Oct 29, 2011 7:23 PM ---
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Еве го мојот рецепт за тесто за пица. Јас се слагам со NightGirl дека зa готвење треба да те бива. Овој рецепт сам го имам разработено со пробање.
I to je to! Dobar tek!
--- надополнето: Oct 29, 2011 7:23 PM ---
се’ е тоа ОК- ама не е ли премногу сол и шеќер за килограм брашно?!!!!
зборуваш за супени лажици:eek:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
се’ е тоа ОК- ама не е ли премногу сол и шеќер за килограм брашно?!!!!
зборуваш за супени лажици:eek:
Не е премногу, супена лажица е околу 20 грама,значи на килограм 2%. Сол можеш да ставиш помалку, а шеќерот нема ни да го осетиш, бидејќи габите од квасецот ќе го изедат и претворат во јаглен двооксид, а тестото ќе нарасне.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Не е премногу, супена лажица е околу 20 грама,значи на килограм 2%. Сол можеш да ставиш помалку, а шеќерот нема ни да го осетиш, бидејќи габите од квасецот ќе го изедат и претворат во јаглен двооксид, а тестото ќе нарасне.
можеби и да е така ко што велиш, но сепак сум за тоа дека е премногу- поаѓам од самото тоа што во смесата за палачинки- (кои инаку морам да си се пофалам:pos:- си ги правам мн.често)доколку настане некое утнување во соодносот шеќер - сол- и те како се осеќа.
така да... мислам дека и во тестото е исто
нооооооо, најобро е да кажат девојките- домаќинките
јас не сум тој кој е често в кујна - и не сум мн.мн. по готвењето ( повеќе сум-за да седнам и да вкусам, каснам- него ли да правам)
готован - што би рекле моите:pos:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
можеби и да е така ко што велиш, но сепак сум за тоа дека е премногу- поаѓам од самото тоа што во смесата за палачинки- (кои инаку морам да си се пофалам:pos:- си ги правам мн.често)доколку настане некое утнување во соодносот шеќер - сол- и те како се осеќа.
така да... мислам дека и во тестото е исто
нооооооо, најобро е да кажат девојките- домаќинките
јас не сум тој кој е често в кујна - и не сум мн.мн. по готвењето ( повеќе сум-за да седнам и да вкусам, каснам- него ли да правам)
готован - што би рекле моите:pos:
Кој нешто тврди, треба тоа и да го докаже - Affirmanti incubit probatio. Најдобро би било да те поканам на пица, но тоа, практично, не е можно
Овде се работи за кило брашно, пробај, готвењето е и забава.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
У последно време ми е мерак јуфки на сто начини.
- со пилешко сецкано во кари сос
- со свежи домати и многу лук
- јогурт, зденка и маслиново масло, сето тоа да стане ко пена, и врз јуфките.

Научив и домашни крем супи со компир и морков да правам, мусака со тиквички и модар патлиџан, а сакам да си ја усовршам лазањата и панцеротите. Обидите се покажале ок, ама далеку од идеално вкусни :rolleyes:.

Им украдов фора на Балила, со лазањите. Во филот освен месо, кромид и доматен сос, ставам лутко колбавче и малку праз, барем тоа јас осетив у вкусот и така сега ќе пробам.

За благи работи - сутлијаш крем со јагоди рууулз! Денес тоа ќе правам.
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
Знам да направам компири полнети со мелено месо, ако имам време ќе направам во сабота и ке ставам слика, за рецепт - џабе ви е, ви треба алатка за одстранување на дел од средината на компирот (во вид на спирала), ако ја имате алатката веројатно го имате и рецептот :) аха и спиралата која се вади се маринира и се става во садот како и полнетите компири, се печат и толку, не е којзнае што ама изгледа интересно. Знам да направам и други јадења ама ова ми е омилено.

Измена:
Знам да правам и многууу различни торти и слатки, како и вкусни супи, омилена ми е супа од мешавина од зеленчук а слатки незнам како правилно се викаат, во книгите стојат „пуслици“, оние од шеќер со сок од лимон
 

Kajgana Shop

На врв Bottom