Кој и што знае да зготви?

  • Креатор на темата Креатор на темата ROZA
  • Време на започнување Време на започнување
моментално знам малку да готвам ама да ме викнат на јадење може за тоа ме бива како дегустатор (y)(y)
 
Во последно време многу се разготвив и изгледа ме бидува. Се како шо сум замислил или прочитал или ми кажале така испаднало, од прва и секој шо пробал прсти излижал. Еднаш се заебав само со едни кори, ги филуваф се и таман да ги печам, рерната расипана :pos:.
 
Знам да направам компири полнети со мелено месо, ако имам време ќе направам во сабота и ке ставам слика, за рецепт - џабе ви е, ви треба алатка за одстранување на дел од средината на компирот (во вид на спирала), ако ја имате алатката веројатно го имате и рецептот :) аха и спиралата која се вади се маринира и се става во садот како и полнетите компири, се печат и толку, не е којзнае што ама изгледа интересно. Знам да направам и други јадења ама ова ми е омилено.

Измена:
Знам да правам и многууу различни торти и слатки, како и вкусни супи, омилена ми е супа од мешавина од зеленчук а слатки незнам како правилно се викаат, во книгите стојат „пуслици“, оние од шеќер со сок од лимон

Како што реков:

За 4 лица потребни се:
  • 8 поголеми компири
  • 1/2 кг. мелено месо (смеса за плескавици)
За сосот или како и да се вика:
  • 100 ml зејтин
  • 1-1.5 лажица вегета
  • црн бибер
  • црвен бибер
  • сол
  • нане
Се дупчат (чудно ми звучи ова дупчат) компирите со специјална алатка и се вадат од нив сврдлите.

24ypu6d.jpg


2m6wjnn.jpg


потоа ги полниме компирите со смесата за плескавици и ги потопуваме во сосот:
25k2de9.jpg


На крај ги редиме во тепсија (овде ја викаме тепсија) :
2eqavj6.jpg


Покриваме со алуминиумска фолија и се пече околу 30 минути на 250 степени Целзиусови. Како прилог може да се свари мешан зеленчук (замрзнат во кеса - од маркет) што најчесто и правам. Воглавно тоа е тоа, многу лесно се приготвува и доста бргу е готово, а е и ефтино.
 
Последно се научив крофни да праам ^^
Првите неколку пати ми беа тапа, ама последниов пат супер ми испаднаа :)
Ако го интересира некој рецепт, пп :)
 
Корнфлекс, пуканки....и амебоидни палачинки
--- надополнето: 13 февруари 2012 во 19:24 ---
Искрено овие другиве што не се компири изгледаат ко оние ларвите што ги јадеше бер грилс еднаш...
 
Друже компири се и тоа, гледај го видеото, тоа е што останува кога се прави отворот во компирот :D
 
Многу се лоши сликиве, ми се повраќа кога ги гледам :)
 
Тоа е :D немам школа за готвење + ова не е во мојата кујна... а и сликано е со телефон
 
Топло ладен колач... И тоа како го правам :P Прсти да излижеш :)
toploladen.jpg
 
Дај рецепт...? Вака изгледа привлечно...
СОСТОЈКИ
• 500 гр чоколадо
• 10 јајца
• 125 гр путер
• 200 гр брашно
• 10 лажици шеќер

ПОДГОТОВКА
Чоколадото и путерот се ставаат во подлабок сад. Потоа, на умерен оган, се топи смесата. Откако ќе се растопи, садот се трга од шпоретот и се остава смесата да се излади.

Јајцата се матат заедно со шеќерот. Потребно е јајцата малку да се изматат, односно да бидат пенести. Потоа, јајцата и шеќерот се додаваат на смесата со чоколадо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а брашното го додаваме постепено, со постојано мешање.
На крајот, треба да се добие густа и хомогена чоколадна смеса. Калапите се мачкаат со путер и се попрскуваат со брашно, пред да се налее смесата во нив.
Во меѓувреме, се загрева рерната на 250℃. Се пече само 5 минути.
Ти препорачувам да си земеш Алпико чоколадо, го има во Кам маркет, со Милка сум пробала не испаѓа убаво. GOOD LUCK! :)
 
Хммм знам многу работи да правам :)
На пр. палачинки,крофни,ориз,грав,полнети пиперки,пица,тост,шпаѓети,макарони,сарми,пире,скара,салати и многу др. работи.
 
пилешки прсти ми се специјалитет...нема такви никаде по кафаниве и рестораниве. А ме бива и за еден многууууууу вкусен специјалитет со тестенини и хопла. ммммм кај ми текна сега :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom