Не знам колку е препорачливо за @Багата како апсолутен почетник (така сфатив) да вежба секој ден. И во некои постари прирачници (Милан Чабриќ-
Атлетска Гимнастика) како и на
на овој линк, за почетник се препорачува негде 2-3 пати неделно. Како што е наведено на линкот меѓу другото и заради доволно време за одмор на телото и намалување на ризиците од повреди. Ucestalost treninga: jednom u tri dana
ако серизно се зафаќаш со бб, фитнес...сигурно понатаму ќе ти треба повеќе информации. Пример % на искористеност на протеините од храната во протеини во телото...т.н.
биолошка вредност на протеините, како и атп и слично. Меѓу другите витамини и минерали-за твое здравје потребен ќе ти е и редовен доволен внес на антиоксиданси (селен, ц витамин, зелен чај) заради големиот број слободни радикали кои се ослободуваат во процесот на метаболизмот (посебно при аеробно вежбање).
А можеш и да вежбаш и да не се грижиш премногу за овие работи, зависи што цел имаш
Едно прашање. Во постарите прирачници (Чабриќ, Челик...) за кревање тегови и системи на вежби се среќава
поимот атлетска гимнастика. Самиот назив на еден прирачник од Чабриќ е -Атлетска гимнастика, а како што гледам вежбите и справите се исти.
Дали тоа е стариот назив за боди билдинг или се работи за сосем различен концепт?