Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Поздрав дечки, ме интересираат неколку совети и имам неколку прашања затоа што планирам да почнам да идам во теретана.
Барав низ темава разни совети за почетници и наидов на овој кој е напишан од Theeagleeye, ме интересира дали овие вежби треба да почнат да се вежбаат пред да се почне да се иде во теретана или рамномерно?
Истотака ме интересира какви вежби и кои денови што да вежбам затоа што целото тело ми е ослабено, мускулите ми се пивтии, имав некои проблеми со колената, и сега се решени и мора целиот да се уцврстам, да се издефинирам малку од малку, ме разбирате нели.
Иначе имам 18 години.

Мислам дека имам убаво објаснето за апсолутни почетници.

ме интересира дали овие вежби треба да почнат да се вежбаат пред да се почне да се иде во теретана или рамномерно?

Тренинг рутината што ја дадов е таа, и не треба да се прават други вежби воопшто освен кардио. Е сега дали истата ќе ја правиш во теретана или дома е твое. Дома ќе имаш проблеми со исчекорот само можеби, да додаваш тежина(под услов да имаш вратило). Повеќе овде:
http://scoobysworkshop.com/beginning-workout-plan/
За исхрана и кардио си знаеш. Ако не се храниш правилно речиси и џабе бежбаш.
На оваа страна можеш да најдеш многу корисни ствари, особено за почетници:
http://scoobysworkshop.com/
 
Добро е да се јадат бисквити пред тренинг?

Ме интересираше што мислиш за овие производи на калифорнија фитнес,поготово оној веј протеин има добра цена,1400 за 1 кг. има повеќе такви, ја овој го гледав
http://www.califit.com.mk/index.php?route=product/product&path=36&product_id=116

Iovate е фирма која ги произведува SixStar но воедно и MuscleTech производите кој е еден од најпознатите брендови за суплементи (мислам дека се и главен спонзор на Мр.Олимпија). SixStar на некој начин се пониска класа суплементи од MuscleTech и доаѓаат од иста фирма. Им недостасуваат некои финеси, пример немаат толку високо ниво на BCAA, има повеќе шеќер во нив, лактозата не e извадена така да тие што се алергични на лактоза неможат да ги користат и сл. Несомнено е дека MuscleTech производите се подобри од SixStar но за некој кој не се занимава професионално со бодибилдинг разликата во цена е преголема.

Бисквитите се прости ЈХ така да не се погодни за пред тренинг.
 
Ја ти пишав,пишував од профилот на брат ми.Фала за одговор,добри и корисни информации.А пошо не можам сега да земам веј протеин,да земам креатин кој е околу 700 ден, мислам,300 гр. а протеин да внесувам преку редовна исхрана,да ипвровизирам малце,а за протеини од месо,јајца,млечни производи како поевтина варијанта.
 
Помош !!!
Левиот бицепс за нијанса помал од десниот.
Некакви сугестии. Вежби нешто ова она.
Фала многу однапред.
 
Помош !!!
Левиот бицепс за нијанса помал од десниот.
Некакви сугестии. Вежби нешто ова она.
Фала многу однапред.

Дркај со левата повеќе ;)

Инаку се тек на времето сами си се наместат мускулите по големина , со тек на вежбање , не му се сеkирај ;)
 
Несомнено е дека MuscleTech производите се подобри од SixStar но за некој кој не се занимава професионално со бодибилдинг разликата во цена е преголема.

Тоа што ги рекламираат нивните производи, не ги прави подобри од другите нити значи дека користат суплементи
 
Тоа што ги рекламираат нивните производи, не ги прави подобри од другите нити значи дека користат суплементи
Не ме интересира дали ги рекламираат или не, оценката ја дадов од составот на производите
 
Помош !!!
Левиот бицепс за нијанса помал од десниот.
Некакви сугестии. Вежби нешто ова она.
Фала многу однапред.

Нормално е кај секој, бидејќи едната рака се користи повеќе од другата во многу случаеви, кај некои и обратно десната за нијанса помала од левата. Најлесно тоа може да се справи со стероиди, а со вежби не знам баш, ама ако се претера на левата, не е ни чудо да испадне обратното.
 
Кај може да најдам Анимал Катс (од малите паковања х21 доза што се) ???

Најитно/Најбитно ....
 
Кај може да најдам Анимал Катс (од малите паковања х21 доза што се) ???

Најитно/Најбитно ....

баш кога купував нешто во продавницата за суплементи во дебар маало, видов мали паковања само не знам дали беа анимал катс или пак , во секој случај иди таму и види си :D
 
нешто не е воред, посети доктор
Поради овој коментар, но и генерално „дотурање сол во секоја манџа“ и пишување оф-топик и сеирџиски коментари во речиси секоја тема, ќе морам да те пратам на двонеделна пауза од форумов. Размисли за постапките во иднина. Ако ти е досадно, најди си друга занимација. На форумов доаѓаат луѓе кои сакаат да дискутираат и луѓе на кои им се потребни вистински одговори. Никој не сака да ги чита твоите „демек-финтаџиски“ (а уствари идиотски) коментари напишани во досада.

Останатите - внимавајте во иднина.
 
Денес ? Ја бев пред некој ден - немаше ништо .... да не имаш број случајно
 
Денес ? Ја бев пред некој ден - немаше ништо .... да не имаш број случајно

минатата недела бев и само случано се секавам дека видов мали конзерви анимал, али не ми текнува кои ....

и немам број -.-
 
Помош !!!
Левиот бицепс за нијанса помал од десниот.
Некакви сугестии. Вежби нешто ова она.
Фала многу однапред.

Фокусирај се на вежбите со шипка.
И бицепсот не е клучен момент во обемот на раката, тука е трицепсот кој зафаќа поголема површина.
Затоа вежбај ги рамномерно, и разликата порано или подоцна ќе стане незабележлива.

И далеку од тоа дека постои софршена фигура, секое човечко тело има мали "недостатоци"

Кај некого градите, кај некого обем на рацете... ничива симетрија не е 100% правилна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom