Мачорка
Shining Star of Paektu Mountain
- Член од
- 25 февруари 2011
- Мислења
- 1.955
- Поени од реакции
- 12.543
Коза лаже, рог не лаже.Не е точно. Во социјално за да се осигураат децата преку мене ми бараа: Изводи нивни од матична книга на родени и извод од матична книга на венчани за мене и сопругата. За да докажам дека тие деца се мои и на сопругата. Многу е битен потписот на матичарот во врска со децата.
Зошто да си комплицарам со вонбрачно семејство и да имам потреба од други документи за старателство, признавања и сл.
Кога се малолетни децата секогаш ти бараат и венчница како документ за било што во врска со нив.
Затоа се венчав во матично, а со сопругата сум заедно прво и основно од нематеријални причини.
Закон за здравственото осигурување
Член 6
Врз основа на задолжителното здравствено осигурување на осигуреникот, се обезбедува и задолжителното здравствено осигурување и на членовите од неговото семејство, ако не се осигурени според член 5 на овој закон.
Како членови на семејството на осигуреникот во смисла на овој закон се сметаат: брачниот другар и децата родени во брак и вон брак, посиноците, посвоените деца и децата земени на издржување.
Не ти треба тебе никаков потпис во матично за децата да бидат осигурени преку тебе.
Од друга страна, запази дека е спомнат само брачен другар, така што вонбрачна жена не може да биде осигурана на овој начин.
Еве ти дека вонбрачните и брачните деца имаат исти права.
Закон за семејство
Член 9
Правата и должностите на родителите и другите роднини спрема децата, како и правата и должностите на децата спрема родителите и другите роднини, се еднакви без разлика дали децата се родени во брак или надвор од бракот.
Дали сеуште стоиш на ставот дека само оние кои имаат деца треба да се потпишат во матично?
Законски, твоите деца имаат исти права, без разлика на твојот потпис во матично. Зошто сметаш дека ти имаш потреба од брак, а некој пар кој нема деца нема потреба од истиот?