Атеистите и бракот

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Не е точно. Во социјално за да се осигураат децата преку мене ми бараа: Изводи нивни од матична книга на родени и извод од матична книга на венчани за мене и сопругата. За да докажам дека тие деца се мои и на сопругата. Многу е битен потписот на матичарот во врска со децата.
Зошто да си комплицарам со вонбрачно семејство и да имам потреба од други документи за старателство, признавања и сл.
Кога се малолетни децата секогаш ти бараат и венчница како документ за било што во врска со нив.
Затоа се венчав во матично, а со сопругата сум заедно прво и основно од нематеријални причини.
Коза лаже, рог не лаже.

Закон за здравственото осигурување
Член 6

Врз основа на задолжителното здравствено осигурување на осигуреникот, се обезбедува и задолжителното здравствено осигурување и на членовите од неговото семејство, ако не се осигурени според член 5 на овој закон.
Како членови на семејството на осигуреникот во смисла на овој закон се сметаат: брачниот другар и децата родени во брак и вон брак, посиноците, посвоените деца и децата земени на издржување.

Не ти треба тебе никаков потпис во матично за децата да бидат осигурени преку тебе.
Од друга страна, запази дека е спомнат само брачен другар, така што вонбрачна жена не може да биде осигурана на овој начин.

Еве ти дека вонбрачните и брачните деца имаат исти права.
Закон за семејство
Член 9
Правата и должностите на родителите и другите роднини спрема децата, како и правата и должностите на децата спрема родителите и другите роднини, се еднакви без разлика дали децата се родени во брак или надвор од бракот.

Дали сеуште стоиш на ставот дека само оние кои имаат деца треба да се потпишат во матично?
Законски, твоите деца имаат исти права, без разлика на твојот потпис во матично. Зошто сметаш дека ти имаш потреба од брак, а некој пар кој нема деца нема потреба од истиот?
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Дискусијава ме извади од нафталин :)

Значи имам една нелогичност која со години ме копка но никако да најдам интерес/време да го расчистам муабетов.
Прашањето ми е: зошто атеистите сакаат да стапат во брак?
Бракот нели е религиозна работа, нешто на кое сме обврзани поради религијата, и не разбирам зошто луѓето кои не веруваат на ниту една религија сакаат да стапат во брак.
Јас сум грешка во моето сфаќање или атеистите навистина имаат проблем?

Значи, на брак не обврзува религијата, и не разбирам како тоа двајца атеисти, луѓе со ВСС, сакаат да стапат во брак иако не се религиозни. Зарем едното со другото не се коси?
За мене една од причините за стапување во брак е што сакам во ситуации кога не можам сама да одлучам за себе (пример: здравствени прблеми), за мене да одлучи мојот сопруг кој ги знае и почитува моите ставови, а не моите родители кои се добронамерни но бескорисни.

Друга причина е што сакаме да се шетаме, а има земји што ни се во план како на пример Дубаи каде што нема да можеме ни соба да земеме заедничка ако не сме во брак (да не зборам што ќе не стаат во затвор ако дознаат дека имаме секс) :)

Атеистите (ти како како единка која ги претставува сите според никот) немаат логика.
Семејството има ПОТРЕБА од брак. Функционираат и семејства без брак, наведов пример, но бракот во многу ја олеснува положбата на децата.
Двајца кои си живеат заедно, немаат потреба од брак. Можат да си бидат ЦИМЕРИ во зедничко домаќинство.
Теоретски, можеш да ги оствариш законските бенефиции од бракот и на други правни начини, ама практично, гуд лак. Јас имав проблем да остварам и тривијалост како пријавување на живеење на заедничка адреса со дечко ми во станот на неговите родители. Според тетките на шалтер во МВР, можеш бесплатно да живееш само со прво колено, инаку мора да приложиш договор за закуп - кирија. Теоретски можев да склучам фиктивен договор за кирија со родителите на дечко ми, ама практично они после ќе треба да платат данок на тоа, и да да пријавуваат приход во годишна даночна пријава (од која инаку се ослободени како пензионери).

Значи, да сумирам, во брак би (сум) стапила од истата причина заради која купувам облека која не треба да се пегла. Тоа е наједноставнот начин да ги добијам бенефициите кои ми следуваат законски. Судови, адвокати, правници и нотари љубам исто колку што љубам пегла. Матично е 10 мин работа и после се журкаме. За мене изборот е едноставен.

Аха да, и на работа ми кажаа дека ко ќе влезеш во брак те сметале за сериозен човек спремен за поодговорни функции.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Атеистите (ти како како единка која ги претставува сите според никот) немаат логика.
Семејството има ПОТРЕБА од брак. Функционираат и семејства без брак, наведов пример, но бракот во многу ја олеснува положбата на децата.
Двајца кои си живеат заедно, немаат потреба од брак. Можат да си бидат ЦИМЕРИ во зедничко домаќинство.
И шо врска има тоа со темава? Кој ти вели дека двајца што живеат заедно немаат потрба од брак. И кој вели дека само атеисти можат да живеат заедно. Двајца верници не можат да живеат заедно без брак????
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Дискусијава ме извади од нафталин :)

За мене една од причините за стапување во брак е што сакам во ситуации кога не можам сама да одлучам за себе (пример: здравствени прблеми), за мене да одлучи мојот сопруг кој ги знае и почитува моите ставови, а не моите родители кои се добронамерни но бескорисни.

Друга причина е што сакаме да се шетаме, а има земји што ни се во план како на пример Дубаи каде што нема да можеме ни соба да земеме заедничка ако не сме во брак (да не зборам што ќе не стаат во затвор ако дознаат дека имаме секс) :)

Теоретски, можеш да ги оствариш законските бенефиции од бракот и на други правни начини, ама практично, гуд лак. Јас имав проблем да остварам и тривијалост како пријавување на живеење на заедничка адреса со дечко ми во станот на неговите родители. Според тетките на шалтер во МВР, можеш бесплатно да живееш само со прво колено, инаку мора да приложиш договор за закуп - кирија. Теоретски можев да склучам фиктивен договор за кирија со родителите на дечко ми, ама практично они после ќе треба да платат данок на тоа, и да да пријавуваат приход во годишна даночна пријава (од која инаку се ослободени како пензионери).

Значи, да сумирам, во брак би (сум) стапила од истата причина заради која купувам облека која не треба да се пегла. Тоа е наједноставнот начин да ги добијам бенефициите кои ми следуваат законски. Судови, адвокати, правници и нотари љубам исто колку што љубам пегла. Матично е 10 мин работа и после се журкаме. За мене изборот е едноставен.

Аха да, и на работа ми кажаа дека ко ќе влезеш во брак те сметале за сериозен човек спремен за поодговорни функции.
Браво, ми се допадна твоево мислење.
Прв нематеријалистички мотив за потребата од иституцијата брак.
Потребата да докажуваш зошто ТИ треба да одлучиш нешто во нечие име, а тоа се малолетните деца, и еве примеров што ти го наведе со болест на едниот од партнерите, со пусулчето од матичар во многу се олеснува работата.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Дискусијава ме извади од нафталин :)
...
Аха да, и на работа ми кажаа дека ко ќе влезеш во брак те сметале за сериозен човек спремен за поодговорни функции.
И мене исто ... малку се забунив што е тоа брак и се запрашав па зошто баш брак, но нејсе, си продолжив да работам.
После некое време ми кажаа: ако планираш да формираш и семејство покрај бракот, да знаеш дека нема да напредуваш. Нормално мислеа на чести одсуства од работа поради децата, што тогаш не го разбирав зошто не знаев што е семејство.
Тек на крај една колешка ми шепна, не се секирај, ако имаш голема фамилија, нема да имаш проблем на работа поради семејството, па без разлика дали си во брак или не.

Е ова последново ме шашардиса, и дојдов на Кајгана да сконтам што е што, нормално за да бидам подобар работник. И сега, после 26 страници, некако се ми е појасно. Разбрав дека во основа немам проблеми со терминологијата, имам проблеми со работата ... не ми се работи :)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Атеистите (ти како како единка која ги претставува сите според никот) немаат логика.
Семејството има ПОТРЕБА од брак. Функционираат и семејства без брак, наведов пример, но бракот во многу ја олеснува положбата на децата.
Двајца кои си живеат заедно, немаат потреба од брак. Можат да си бидат ЦИМЕРИ во зедничко домаќинство.
Kolku si ti lom, decko, toa e cudo edno. Edvaj cekam da NE SE sretnam so tebe u zivo.
 
T

Tetro

Гостин
Атеистите (ти како како единка која ги претставува сите според никот) немаат логика.
Семејството има ПОТРЕБА од брак. Функционираат и семејства без брак, наведов пример, но бракот во многу ја олеснува положбата на децата.
Двајца кои си живеат заедно, немаат потреба од брак. Можат да си бидат ЦИМЕРИ во зедничко домаќинство.
Дали Вие како верник (не само за Вас, туку за целата Ваша фамилија), мислите дека доволно Ви е крунисувањето од дедо поп за да се чувствувате силни пред законите на државниот поредок, додека од друга страна атеистите си склучиле брак во склад со државните закони?

Тука требаше да иде цитат од законот за венчавање, но да не го копирам, ќе остане мислењето вакво какво што е до сега.

Ако решите да живеете со жена, во склад со црковните закони, дали за детето кое ќе го имате, ќе му извадите документ од црква и ќе го крштевате во истата?
Дали за тоа истото дете нема да пријавите пред органите на државата дека е Ваше, туку Ви е доволен законот на црквата?
Дали за тоа дете нема да извадите документ дека е Ваше пред законите на државата, а документи за сопственост ќе побарате од црквата?

Благодарам.
 
Зошто поставувате прашања за кои не постои одговор? Нема тука дали ... тука има МОРА.
Согласно позитивните прописи во РМ мора да се пријави новороденче, мора да се извадат документи и сл. Во спротивно - пенал. Значи ако веќе сакаш да прашаш нешто на што може да добиеш некаков одговор постави и услов во стил „а што кога не би било законски одредено, дали би ...“
 
T

Tetro

Гостин
На секое зошто, има и затоа. :)

Баш затоа, дека атеистите (затоа не сме сите исти), ја бараат можеби вистинската вера, го бараат вистинскиот Бог во кој ќе веруваат. Нема генерализирање многу, едноставно е.

Бонус прашање:
Која од постоечките моментално 7.000+ религии е вистинската? Дали онаа која ни е наметната, зависно од општеството во кое сме се родиле, или таа што самоволно сме ја прифатиле?
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
На секое зошто, има и затоа. :)
Точно, но ако одговорот е познат, малку е бесмислено да се поставува нели?

Баш затоа, дека атеистите (затоа не сме сите исти), ја бараат можеби вистинската вера, го бараат вистинскиот Бог во кој ќе веруваат. Нема генерализирање многу, едноставно е.
И тука се сложувам, едноставно е ... атеистите не бараат вера, си ги измешал со верниците :)
 
T

Tetro

Гостин
Баш затоа, дека атеистите (затоа не сме сите исти)...
И тука се сложувам, едноставно е ... атеистите не бараат вера, си ги измешал со верниците :)
Не можам да ги измешам.
Оцет и масло се меша? Се меша, ама.... маслото нели има помала густина од оцетот. И така, после некое време од мешањето, маслото ќе исплива на површината од садот. ;)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.780
Бракот е врзан со семејство. Не можеш да ги одвоиш
Твојот другар НЕМАЛ никаква потреба да се жени, ни во цркава, кај што всушност и направил грев ако од старт бил со идеја дека нема да има деца, ниту во матично.
Никаде не реков СИТЕ, туку „кај ДЕЛ од атеистите“ односно мотивот за заедничко живеење не е секогаш традиционално семејство.

ПС. Дефинирај верник. Јас предходно се изјаснив кого сметам а кого не за верник.
Ете јас сум атеист и не сакам традиционално (патријархално) семејство, и нема да имам ниту таков брак, ниту такво семејство, напротив, рамноправен брак меѓу рамноправни партери, кои рамноправно ги делат обврските и грижата за децата.
Децата (породот) нема ама баш никаква допирна точка со религијата, туку со биологијата и потребата од размножување, од нагонот за секс, инстиктот за продолжување на видот, затекнат кај сите можни видови на животни.
--- надополнето: Oct 28, 2011 12:51 AM ---
Нити сум мрзлив нити сум егоист. Сите навреди што ми ги упати се однесуваат на тебе.
Сам постираш дефиниција погрешно ја читаш и сега јас сум тој што нечини.
Во математика од второ одделение се учат вклучителни и исклучиви множества ( (и) и (или) )

АТЕИСТИТЕ на ФОРУМОВ читаат селективно.

Множество - семејство содржи татко , мајка и дете/ца.
Машки партнер припаѓа на семејството на своите родители, исто и женскиот.
Маж и Жена може да припаѓаат на семејства, не се основачи на сопствено семејство се додека не добијат дете. Маж и Жена првично оформуваат домаќинство а ако им се роди дете стануваат семејство. Ова е и според закон и според секој здраворазумен човек.

Разграничете си основни поими, немојте безглаво да тврдите нешто без да знаете за што зборувате.
Домаќинство оформуваат и 2 цимерки кои се дојдени на студии, исто како што маж и жена во брак можат да живеат на различни локации во различни домаќинства.
Како тоа не ти е јасно?
--- надополнето: Oct 28, 2011 12:54 AM ---
Дибек многу си глуп. Извини вака ама морав.
Самохрана мајка со две деца има има трочлена ФАМИЛИЈА. Фамилија различно од семејство.
Истото важи и за самохран татко.

Верниците стапуваат во граѓански брак за да основаат СЕМЕЈСТВО. Кратко и јасно.

Атеистите не се секогаш со тој мотив пред матичар.
Сакале да признаете или не.
Ај, да ти помогнам. Разбирам да бегаш од часови во средно, ами во основно?!

Семејството може да биде потесно и пошироко.
Во потесно семејство спаѓаат родителот/родителите и детето/децата. Во пошироко спаѓаат баби и дедовци.
Фамилија - склоп на повеќе семејства крвно поврзани (тетки, стрини, стриковци, братучеди, снаи, јатрви..... итн).
--- надополнето: Oct 28, 2011 12:57 AM ---
Пример еден = фамилија
Пример два = домаќинство
Пример три = семејство

Што тука не е јасно?
Домаќинство - нема потреба припадниците да бидат во никаков брачен, вонбрачен, крвен итн. однос. Јас и мојата цимерка можеме да имаме домаќинство. Сама да живеам - тоа е домаќинство.

Семејство - како што ти објаснив: а)Потесно семејство - родител(и) и дете(деца). Б)пошироко: родител(и) и дете(деца) плус баби, дедовци.

Фамилија - повеќе семејства крвно поврзани.
--- надополнето: Oct 28, 2011 1:06 AM ---
Атеистите (ти како како единка која ги претставува сите според никот) немаат логика.
Семејството има ПОТРЕБА од брак. Функционираат и семејства без брак, наведов пример, но бракот во многу ја олеснува положбата на децата.
Двајца кои си живеат заедно, немаат потреба од брак. Можат да си бидат ЦИМЕРИ во зедничко домаќинство.
Да де, јасно, освен ако живеат заедно на пример 15 години, во станот на едниот партнер, ако тој цркне/раскине другиот партнер ќе остане со палец во уста, оти бракот меѓу другото ги регулира и овие работи.
Пример - јас живеам со дечко ми 15 години во неговиот стан, јас со моја заработка плаќам сметки, комуналии, купувам мебел и кречам ѕидови, тој после 15 години цркнува, па станот ми го земаат неговите законски наследници (доколку нема деца и не е во брак, тоа се неговите родители, браќа и сестри) или после 15 години ми раскинува, па јас одам и плачам, ама закон не ме брани - нема доказ дека имам придонесувано за тој дом. Да, има потреба во секој случај од склучување на брак, ради заштита на правата дадени од државата за секој поединец во ова општество, и зошто при овие два примери (едни од неколкуте) е милион пати полесно и поефтино да го докажам моето право доколку сум во брак, отколку без брак.
--- надополнето: Oct 28, 2011 1:08 AM ---
Не ми е јасна.
Имотно правните односи меѓу двајца возрасни, можат да се регулираат на многу други начини, НЕМОРА со брак.
Според закон, можат кога сакаат да стапат или во брак или на друг начин да си го регулираат својот заеднички живот.
Ај објасни си ја реченицава:

БРАКОТ ПОСТОИ ЗА ТАА НАМЕНА И ТАА ЦЕЛ. СО ТАА НАМЕРА Е СОЗДАДЕН. БРАКОТ Е НАЈПРАКТИЧНА И НАЈЕФТИНА ВАРИЈАНТА. НЕ ПОСТОИ НИТУ ЕДНА ПРИЧИНА ДА СЕ АКАШ ПО НОТАРИ И ДА БАРАШ СВЕДОЦИ, ДА ВАДИШ БАНКОВНИ ПОТВРДИ ДЕКА БАШ ТИ СИ ПЛАЌАЛ КОМУНАЛИИ, КОГА БРАКОТ Е СОЗДАДЕН ОД ДРЖАВАТА СО ТАА ЦЕЛ И ТАА НАМЕНА.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Не гледам баш каква врска има тоа дали си атеист или припадник или како да го наречам, на некоја вера. Пошо бракот е повеќе општествена институција. А религиите ги измислиле сите срања за бракот, верноста, заедно со 10те заповеди, за верниците да ги чуваат верни подани и послушни. Иначе не дека тие ваши 'заповеди' не се почитуваат, пошо тоа се општествени позитивни вредности, односно работи што треба или не треба да ги правиш за да бидеш 'добар' сограѓанин и човек. Него да остаиме тоа на страна, за бракот е муабетот. Ако си атеист и ако не мислиш дека има некој од горе да те искара зашто си го изневерил партнерот не значи дека не си лојален, човек што почитува, што цени, што сака. Атеизмот со тоа дали си добар човек апсолутно нема врска. Поточно, според мене дури мислам дека атеистите се подобри луѓе можеби, зашто они сами си се одговорни за своите постапки, ако се добри, добри се за себе, ако почитуваат, почитуваат за себе, а не зашто некој што ја има улогата на родител им налага да го праат тоа. Према тоа, мислам дека ако постои документ што те врзува со некој, а не веруваш дека постои горе татенце да те фати за раче и да те носи у пеколот ако многу грешиш, не значи дека ќе изневеруваш. Ако изневериш некој на кој си му ветил верност и си добил шанса да ти се верува, значи ти не го почитуваш тој некој. И тоа е лично твој проблем, ако си ѓубре и спиеш наоколу само затоа што мислиш дека нема кој да те казни за тоа. Тоа говори за тебе како личност а не како неверник.
Сеа за мене лично и бракот. Јас сум атеист исто, и не сметам дека ми е потребен документ за да имам брак со некој. Под брак, секако се подразбира малце посериозно сфаќање на партнерот, градење семејство... Али ако не си и на хартија у брак, работите у врска со тоа малце се комплицираат, у смисла детето што би го имале би било вонбрачно па претпоставувам дека и има некои компликации околу не знам шо, дали презимиња, наследство и ред други срања. Затоа коа ќе ми дое време, коа ќе се решам за некој господин да го зеам за посериозно, би стапила во брак на хартија од таа причина, да се поедностават тие работи. Церемонија у стил, свадба, можеби би седнала на ручек со муш ми и семејствата најблиски колку ете да не биде без нишо, и друштвото би сакала у диско да го однесеме да се изжуркаме убаво. Инаку, како што кажав, потписот на лист хартија за да градам иднина со некој, не ми е потребен.
ПС. Само да кажам, дека погоре кажав некои работи у врска со верниците, неќам некој да ме сфати лично или не знам шо па да се препуцаваме сум навредила или нешто. Затоа, однапред ДЛАБОКО се извинувам и се надевам дека никој не ме сфати погрешно, тоа се мои ставови.
 
VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
За последен пат се повторувам. Јас не ја посочив никаде религијата како предуслов за брак.

Сега ќе ви опишам конкретен пример кој во потполност ја објаснува мојата позиција околу тоа кој има, а кој не, потреба од брак.

Колегат мој од работа, се забавуваше, искачаше во град и се дружеше со девојката некое време. Се почесто почнаа да престојуват и преспиваат заедно кај неа дома, си има сопствена куќа.
По некое време колегата скоро да престана да си преспива во својата дома.
Откога решија така да речам официјално да живеат заедно си се договорија околу трошоците и одржувањето на нивното ново домаќинство. Веќе неколку години живеат така заедно. Тие се “дечко“ и “девојка“ но практично се маж и жена. (негови зборови)
Заедно се поради тоа што сакаат да се заедно. Не поради здравствено осигурување , не поради платата (во иднина пензијата) на едниот или другиот, немислат на евентуалната поделба на имотот... не поради мал милион материјалистички “придобивки“ од бракот како иституција, досега наброени на темава. Колегата е атеист но тоа не е ни битно, битно е дека е некој вид на анархист, односно сака што помала контрола да има државата врз него и неговиот живот. Несака државата да му одредува по кои правила треба да биде со некого, туку тоа да си одлучуваат само тој и девојката. Не сакаат да имаат деца. Според некои негови сваќања имањето деца е егоистично и себично. Јас не го разбирам но го почитувам неговиот став.
Самиот тој тврди дека нема потреба од брак. Место на живеење во лична карта му е адресата од станот на неговите, иако нема што се вели ни парталче таму веќе неколку години, ама тоа му е законски полноправен дом. Незнам колку е битно за државата дали се води некој на адреса во аеродром а престојува во лисиче. Заедно си одат, на одмори во Египет, Шпанија... не биле во Дубаи за да им бараат венчаница во хотел, можеби тогаш би им се јавил проблем. :) До сега си живеат среќно со девојката и немале апсолутно никаков проблем со законот или некоја институција поради нивниот неформален “брак“. Рамноправноста, нивното взаемно разбирање и љубов се најверојатно клучот за опстанокот на таквата врска односно заеднички живот.
„Никогаш нема да се оженам, бидејќи несакам да имам деца“ е неговиот личен став и одлука. Кога ќе почнат да се јавуваат прашањата од типот „што ќе правиме со имотот... и сл.“ најверојатно ќе следуваат и контра прашањата „а зошто си ти со мене..“.
Се додека се двајца возрасни слободни индивидуи, кои се заедно поради тоа што сакаат да се заедно, се на мисла дека НЕМААТ потреба од овицијалности како што е застанувањето пред матичар.

Тоа се нивни лични одлуки и ставови, моето размислување што се поклопува со дел од нивните ставови е случајност.
 
Да, де да - до сега. Ете тој живее кај неа, се води кај неговите итн.
Ако утре таа реши да го исфрли од станот, тој нема да има како да го докаже своето вложување во тој дом.
Тоа што денес не размислува на иднината, не значи и дека утре иднината нема да му се удри од глава.
Државата нема ништо да му направи во никој случај, само бракот му ја оленува целата работа и процедура при смрт на едниот партнер, разделба, имање на деца итн...
Сето ова може да се докаже и без брак - но бракот е направен и осмислен со таа цел. Бракот во матично не подразбира никакви емоции и љубов и не знам што, туку е законски договор со кој се гарантираат правата и обврските на двајцата кои го потпишуваат тој договор.
Бракот ти помага да не те боли толку глава при утре, непредвидени ситуации, во кои, ако го немаш, многу пари и нервоза ќе потрошиш, додека да си ги добиеш правата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom