За ова мислам дека можеш на спортска или кај матичниот да се провериш.
Потполно се сложувам, мора да си ограничиш некој "задоволства" и да преминеш на правиот начин на исхрана т.е. оној кој тебе ти е потребен во даден момент.
Туната сега и те како е скапа али може да се дозволи неколку дена вонеделата.
Со средена исхрана суплементација не е потребна кога станува збор за вежбање кое не е тендициозно кон натпревари и слично.
Плс објасни го ова со циметот ме заинтересира.
Инсулинот е анаболичен хормон, т.е. хормон кој служи како сигнал мускулните клетки, масните клетки или црниот дроб да складираат енергија (шекерот од крвта)
Осетливоста на инсулин е битна работа. Кога внесуваш јаглехидрати, истите се разградуваат во шеќер (на понико ниво тоа и се) и влегуваат во крвта. Кога организмот ке примети зголемена концентрација на шекер во крвта, го повишува нивото на инсулин кој делува како сигнал клетките да го апсорбираат тој шекер.
Кога некој ке е на високо-јаглехидратна исхрана подолго време, не вежба, или нема добар тајминг на јаглехидрати, клетките ке му „отрнат“ од инсулинот и ке станат помалку осетливи на тој хормон.
Е сега, ако клетките ти се помалку осетливи на инсулин, апсорпцијата на шекер ке оди споро (клетките мислат дека нивото на инсулин е помало одошто навистина е), и панкреасот ке лачи уште повеќе инсулин. И тука почнуваат драмата. Повеќе инсулин -> поголема отпорност -> уште повеќе инсулин -> уште поголема отпорност... и така до дијабетес во најлош случај.
Од друга страна, повисока осетливост (помала отпорност) на инсулин ја зголемува апсорпцијата на амино киселини во мускулите, па со тоа и ја подобрува синтезата на протеини.
Така да, ако сакаш да ослабнеш, подобри си ја осетливоста на инсулин. Ако сакаш да качиш маса, пак подобри си ја осетливоста на инсулин. Циметот е една од супстанците која делува позитивно во тој поглед, заедно со зелениот чај и омега 3 напрема омега 6 размерот.
И уште да довршам, причината зашто сакаш да внесеш многу јаглехидрати после тренинг е затоа што мускулните клетки ти се празни, нема гликоза во нив (гликозата е примарен извор на енергија, прво таа се троши), и тоа е одлична прилика да ги нахраниш со тоа што ке испровоцираш висок раст на инсулин.
Секако, ако те интересира повеќе можеш да гуглаш insulin sensitivity
