Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали ја сум од не толку богата фамилија или што е, али вашава исхрана не може да си ја дозволи просечниот македонец.
 
Не би се согласил со тебе затоа што и јас сум од фамилија со просечни примања. Нормално е дека не може да ги имаш сите задоволства па затоа треба да си размислиш од што ќе скратиш. Во стотчето секој ден за факс што ми го даваат имам пола кило стек, а тоа се 100 грама протеин. Кило компир е 20 денари, кило ориз е околу 70 денари, кило овесни снегулки од виталија е 90 денари, а сите тие содржат добра количина на ЈХ. Твоите ќе те исклучат од нивниот секојдневен ручек и место салами, мајонез, кечап, маргарин, кашкавали ќе купуваат намирници како јајца, туна, а и ќе си поминат исто со пари, ако не и поефтино. Ако ти треба додатен извор на пари секој што веќе почнал да вежба е сигурно спремен и за некоја додатна работичка за викенди или за неколку дена во неделата. Мислам дека се се може ако се сака. За суплементи е друга работа.
 
Совет за оброк пред спиење? Има кај нас посно сирење и колку пари е? Од суплементи има чист касеин кај нас или барем syntha 6 од Bsn?

Наскоро ќе ја има цела палета на BSN достапна во МК.
 
Не знам дали ја сум од не толку богата фамилија или што е, али вашава исхрана не може да си ја дозволи просечниот македонец.

До некаде си во право дека е скапо, али скапо само ако сакаш перфектна исхрана, односно да имаш 6 оброка дневно со по 30 г белковини, доволно јагленихидрати( не рафинирани), многу зеленчук и здрави масти. Меѓутоа како што кажа Картер, можеш да поминеш и поевтино.
Белковини - дневната потреба не е разјаснета и има многу несгласувања,се движи од 0.4 - 1 g per lb телесна маса. На пример, јас тежам 83 кг = 182.6 lb. Мојата дневна потреба ќе биде од 73 до 182 грама белковини. Јас дневно внесувам околу 100 и повеќе. Ако ја имаш мојата тежина, внесувањето повеќе од 182 грама ќе биде вишок и само ќе го малтретираш џигерот непотребно. Исто така јас не би одел под 100. А како почетник и со 75 ќе поминеш.
Зеленчук гледај да биде сезонски, јагленихидрати препорачливо варен ориз, варен компир, овошје... А за масти бадеми, кикирики(пази имаат многу калории) , маслинки итн.... За евтино, баш и не е, али ќе мораш од некои задоволства да се откажеш. Суплементација не ти треба.
--- надополнето: Oct 21, 2011 7:45 AM ---
точно, јас не мислам како марк, не викам дека не е во право ама тоа он што го вика мене не ми делува, јас работам преса и кога работам чучањ горниот дел кај газот не ми го фаќа убаво, кога ќе направам додатно преса многу поубаво ги осеќам нозете, значи да нагласам дека пресата ја работам со 2/3 повеќе тежина него ли на чучањ. се водам према тоа што ги следам поискусните вежбачи во теретана, имам разговарано и они работат преса редовно. :)

Бодибилдингот е индивидуална работа. Има многу искусни атлети полни со знаење кои ќе те наведат на вистинскиот пат. Но, по доредено време, кога вежбачот станува искусен и учи многу работи, може сам да си создаде рутина. Би требало да знае кои вежби најмногу му одговараат. Ако за тебе пресата делува - продолжи да ја правиш:)
 
TheEagleeye,

Има голема разлика во телесна тежина и мускулна маса. Логиката дека ако ја имаш телесната тежина од 83 кг и внесуваш повеже од тоа ти што советуваш, не држи.
Во ред е тоа што го имаш постирано за почетници (непотребно да не се оптеретуваат финансиски и здравствено) и до некаде за средно искусни вежбачи.
 
Јас не работам , не сум од богата фамилија , туку обратно од тоа .. а сепак користам сумплементи т.е. Whey протеин и BCAA . Исто пазам на храната , на секој 3 часа ( одприлика ) гледам да внесувам 30 грама на протеини и посебно пазам на внес на BCAA ( леуцин , изолеуцин и валин ) .. а парите за тоа ги вадам од алтернативни начини на заработка :D
 
TheEagleeye,

Има голема разлика во телесна тежина и мускулна маса. Логиката дека ако ја имаш телесната тежина од 83 кг и внесуваш повеже од тоа ти што советуваш, не држи.
Во ред е тоа што го имаш постирано за почетници (непотребно да не се оптеретуваат финансиски и здравствено) и до некаде за средно искусни вежбачи.
Кога сме веќе кај телесна тежина и мускулна маса, да не знаеш каде можам да најдам во Ск skin fold caliper:
http://www.lookbetterfit.com/SkinFoldCalipers.jpeg
 
Не ти треба. Само ќе се измачуваш читајки параметри кои нема да ти значат ништо.
Убаво обликовано тело се гледа голо и на око. Мерач за масно ткиво е само за во гардероба.
Изгледот знае да излаже многу, верувај ми.
 
Не знам дали ја сум од не толку богата фамилија или што е, али вашава исхрана не може да си ја дозволи просечниот македонец.

Не е до тебе. За почеток, здравата храна денеска е каде каде поскапа од нездравата. Туната веќе не кошта како некогаш, едно време за 30-40 денари ја купуваа моите. Сега не можеш да најдеш добра туна под 65-70 денари.

Како што ти кажаа и претходно, мора да одлучиш на што ке ги трошиш парите. Нема да можеш да пиеш секој ден кафе, кога ке искочиш навечер нема да претеруваш со алкохолот (што и онака се подразбира) и ке можеш да одвоиш пари за добра исхрана.

Е сеа ако сакаш да користиш суплементи ке ти требаат пари. Суплементите се опционални и не мора секој да ги зема.

Можеш да си направиш свој евтин суплемент. Пред секое јадење измешај лажичка цимет (и додатно ако сакаш уште една лажичка јаболков оцет) во млака вода и дрмни го на екс. Докажано е дека циметот ја зголемува осетливоста на инсулин (тоа е позитивна работа. Доколку треба објаснување ке пишам). Само треба да пазиш циметот да е од Шри Ланка (Цејлон). За другиве не се знае дали може да се користат на дневна база, али има луѓе кои користат секаков па наводно ништо не им е.
 
Кога сме веќе кај телесна тежина и мускулна маса, да не знаеш каде можам да најдам во Ск skin fold caliper:
http://www.lookbetterfit.com/SkinFoldCalipers.jpeg

За ова мислам дека можеш на спортска или кај матичниот да се провериш.

Не е до тебе. За почеток, здравата храна денеска е каде каде поскапа од нездравата. Туната веќе не кошта како некогаш, едно време за 30-40 денари ја купуваа моите. Сега не можеш да најдеш добра туна под 65-70 денари.

Како што ти кажаа и претходно, мора да одлучиш на што ке ги трошиш парите. Нема да можеш да пиеш секој ден кафе, кога ке искочиш навечер нема да претеруваш со алкохолот (што и онака се подразбира) и ке можеш да одвоиш пари за добра исхрана.

Е сеа ако сакаш да користиш суплементи ке ти требаат пари. Суплементите се опционални и не мора секој да ги зема.

Можеш да си направиш свој евтин суплемент. Пред секое јадење измешај лажичка цимет (и додатно ако сакаш уште една лажичка јаболков оцет) во млака вода и дрмни го на екс. Докажано е дека циметот ја зголемува осетливоста на инсулин (тоа е позитивна работа. Доколку треба објаснување ке пишам). Само треба да пазиш циметот да е од Шри Ланка (Цејлон). За другиве не се знае дали може да се користат на дневна база, али има луѓе кои користат секаков па наводно ништо не им е.

Потполно се сложувам, мора да си ограничиш некој "задоволства" и да преминеш на правиот начин на исхрана т.е. оној кој тебе ти е потребен во даден момент.
Туната сега и те како е скапа али може да се дозволи неколку дена вонеделата.
Со средена исхрана суплементација не е потребна кога станува збор за вежбање кое не е тендициозно кон натпревари и слично.
Плс објасни го ова со циметот ме заинтересира.
 
Не би се согласил со тебе затоа што и јас сум од фамилија со просечни примања. Нормално е дека не може да ги имаш сите задоволства па затоа треба да си размислиш од што ќе скратиш. Во стотчето секој ден за факс што ми го даваат имам пола кило стек, а тоа се 100 грама протеин. Кило компир е 20 денари, кило ориз е околу 70 денари, кило овесни снегулки од виталија е 90 денари, а сите тие содржат добра количина на ЈХ. Твоите ќе те исклучат од нивниот секојдневен ручек и место салами, мајонез, кечап, маргарин, кашкавали ќе купуваат намирници како јајца, туна, а и ќе си поминат исто со пари, ако не и поефтино. Ако ти треба додатен извор на пари секој што веќе почнал да вежба е сигурно спремен и за некоја додатна работичка за викенди или за неколку дена во неделата. Мислам дека се се може ако се сака. За суплементи е друга работа.
Стотче секој ден за на факс и ти се рачунаш дека си од фамилија со просечни примања?
100 на ден - 500 неделно, 2000 денари месечно само за факс за јадење
мене 1000ка ми е џепарац overall
 
брат па 2000 денари месечно не е и премногу бе. и јас не трошам повеќе од 2000 месечно, со оглед на тоа што факулетот ми е во идризово и 100 денари ми се малце.
--- надополнето: Oct 21, 2011 12:08 PM ---
брат па 2000 денари месечно не е и премногу бе. и јас не трошам повеќе од 2000 месечно, со оглед на тоа што факулетот ми е во идризово и 100 денари ми се малце.
ама се снаоѓам, ќе си зготвам нешто од дома стекче некое па на факултет мора да се јаде
 
Не знам дали ја сум од не толку богата фамилија или што е, али вашава исхрана не може да си ја дозволи просечниот македонец.

А колку трошиш ти на јадење и пиење, искачања, кафиња во моментов ?
 
Јадам шо помалце можам на факс а.к.а. трите студентски лаги (не сум гладен, не сум уморен, неам за учење).
А за искачање по 1000ка месечно џепарац иам. Дома јадам шо ќе купат.
 
Епа ќе им кажеш да не купуваат за тебе и со тие пари сам ќе си купиш поевтина исхрана како што е соино брашно, урда, леб, ориз итн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom