Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Наскоро ќе ја има цела палета на BSN достапна во МК.
Кога отприлика е тоа наскоро? Веќе една година гледам дека syntha е рекламиран на Херкулес...
--- надополнето: Oct 21, 2011 8:43 PM ---
Стотче секој ден за на факс и ти се рачунаш дека си од фамилија со просечни примања?
100 на ден - 500 неделно, 2000 денари месечно само за факс за јадење
мене 1000ка ми е џепарац overall
Да, рачунам дека сум од просечна фамилија. Знаеш колку ми е џепарац за излегување петок и сабота? 200 денари ако излезам двата дена, а 100 ако излезам само еден. Се останато што трошам за викенд се лично мои заработени пари. Работам од време на време преку недела и речиси секој викенд така да од тука се снаоѓам. Добар совет е да успееш да ги натераш твоите односно мајка ти зошто нели машко си :D, за место не здрави работи да купува за јадење или да те вклучува во секојдневниот ручек, да ти купува искучиво неколку вида битни намирници.
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
За ова мислам дека можеш на спортска или кај матичниот да се провериш.

Потполно се сложувам, мора да си ограничиш некој "задоволства" и да преминеш на правиот начин на исхрана т.е. оној кој тебе ти е потребен во даден момент.
Туната сега и те како е скапа али може да се дозволи неколку дена вонеделата.
Со средена исхрана суплементација не е потребна кога станува збор за вежбање кое не е тендициозно кон натпревари и слично.
Плс објасни го ова со циметот ме заинтересира.
Инсулинот е анаболичен хормон, т.е. хормон кој служи како сигнал мускулните клетки, масните клетки или црниот дроб да складираат енергија (шекерот од крвта)

Осетливоста на инсулин е битна работа. Кога внесуваш јаглехидрати, истите се разградуваат во шеќер (на понико ниво тоа и се) и влегуваат во крвта. Кога организмот ке примети зголемена концентрација на шекер во крвта, го повишува нивото на инсулин кој делува како сигнал клетките да го апсорбираат тој шекер.

Кога некој ке е на високо-јаглехидратна исхрана подолго време, не вежба, или нема добар тајминг на јаглехидрати, клетките ке му „отрнат“ од инсулинот и ке станат помалку осетливи на тој хормон.
Е сега, ако клетките ти се помалку осетливи на инсулин, апсорпцијата на шекер ке оди споро (клетките мислат дека нивото на инсулин е помало одошто навистина е), и панкреасот ке лачи уште повеќе инсулин. И тука почнуваат драмата. Повеќе инсулин -> поголема отпорност -> уште повеќе инсулин -> уште поголема отпорност... и така до дијабетес во најлош случај.

Од друга страна, повисока осетливост (помала отпорност) на инсулин ја зголемува апсорпцијата на амино киселини во мускулите, па со тоа и ја подобрува синтезата на протеини.

Така да, ако сакаш да ослабнеш, подобри си ја осетливоста на инсулин. Ако сакаш да качиш маса, пак подобри си ја осетливоста на инсулин. Циметот е една од супстанците која делува позитивно во тој поглед, заедно со зелениот чај и омега 3 напрема омега 6 размерот.

И уште да довршам, причината зашто сакаш да внесеш многу јаглехидрати после тренинг е затоа што мускулните клетки ти се празни, нема гликоза во нив (гликозата е примарен извор на енергија, прво таа се троши), и тоа е одлична прилика да ги нахраниш со тоа што ке испровоцираш висок раст на инсулин.

Секако, ако те интересира повеќе можеш да гуглаш insulin sensitivity :)
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
протеински леб и обичен леб се иста цена..
овесни снегулки 40 денари пола кило.. имаш 5 пати да јадеш..
урда,јајца не се многу скапи..
100 денари пола кило стек.. комотни 2-3 оброци..

поскапо е да земеш една салама,паштети и такви работи.. ако израчунаш тука се негде цените ако не и поефтино..
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
протеински леб и обичен леб се иста цена..
овесни снегулки 40 денари пола кило.. имаш 5 пати да јадеш..
урда,јајца не се многу скапи..
100 денари пола кило стек.. комотни 2-3 оброци..

поскапо е да земеш една салама,паштети и такви работи.. ако израчунаш тука се негде цените ако не и поефтино..
Каков ти е тој протеински леб, каде го има, и дали има млеко внатре?
100 денари половина кг стек, најверојатно мислиш на пилешко филе? Стекот тешко да е 100 денари.
 

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Каков ти е тој протеински леб, каде го има, и дали има млеко внатре?
100 денари половина кг стек, најверојатно мислиш на пилешко филе? Стекот тешко да е 100 денари.
стекот е 178 денари кг. во стокомак, по месариве е околу 200 денари кг.
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
стекот е 178 денари кг. во стокомак, по месариве е околу 200 денари кг.
Сигурно мислиш и ти на филе. Во стокомак со проверен квалитет е? Јас го купувам поскапо, па ако е добар тој од Стоко да земам од таму?
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Каков ти е тој протеински леб, каде го има, и дали има млеко внатре?
100 денари половина кг стек, најверојатно мислиш на пилешко филе? Стекот тешко да е 100 денари.
леб од цело зрно.. 25 грама протеини во 100гр.
Стекот е 200 ден 1 кг по сите месари
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.572
Поени од реакции
4.239
Добро изгледа, али тешко дека е природен. Инаку рутината му е добра, но е за понапредни вежбашчи. Ако ти не вежбаш минимум 2 години, не е за тебе.
Јас пред месец дена почнав да одам на теретана и ај ако имаш поголемо искусто предложи ми некај добра програма така за почетници.Благодарам однапред
 

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Сигурно мислиш и ти на филе. Во стокомак со проверен квалитет е? Јас го купувам поскапо, па ако е добар тој од Стоко да земам од таму?
зашто да не е добар? го користам веќе 7-8 месеци, летото кога бев на диета го користев стеков немав некој проблеми или слично, стек како стек ваму е 178 а во промес е 199 :) поевтино за малце ама на тоа малце за 10 купувања еднаш ќе ти испадне гратис :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom