Смрт за зони и пајак воз. напиша:
Љубовта и сексот не „ следат “ во текот на целиот живот. Ако погледнеш во детските градинки, ќе забележиш дека машките и женските дечиња си играат посебно. Ако погледнеш на клупите во парковите, на кои седат пензионерите, ќе забележиш дека и таму мажите и жените пензионери седат посебно. Низ целиот живот нашиот пол игра значајна улога.
Јас сигурно не сум привлечен за младите девојки, за нив, можеби, е привлечен мојот Син, меѓутоа за „ девојчињата од мојата генерација “ сум привлечен. И морам да ти признам, како стареам чуствувам дека сум им се попривлечен и се повеќе им е потребно и го посакуваат моето друштво. Затоа така реагирав на твојот опис на физичкиот изглед на постарите мажи, кој е стварно точен.
Ти тврдиш, а два поста подоле истото го тврди nihilista, дека млади девојки или момчиња стапуваат во љубовна врска со постари „ ради пари “. Мислам дека тоа не е точно, јас никогаш не сум сретнал девојка која од такви побуди би стапила во љубовна врска. Анализирај се самата и запрашај се како би ти реагирала на таква понуда?
Се работи за нешто сосема друго. Таквите не се чувствуваат способни да влезат во природна љубовна врска со партнер од сопствената генерација, па измислуваат некави заљубувања во постари или оженети, со еден збор во некој кој не им одговара. Такви случаи знам и обично имаат лош завршеток. Ако, имаш некој пријател или пријателка во таква врска, слободно посоветувај ги да ја прекинат таа врска и да си најдат нешто што им одговара.