Да, ако сакаш да бидат духовно здрави особи. Јебига, скапа цена за плаќање, ама тоа е. Немаш друг избор. Другиот избор е да не ги направиш воопшто (ESC копче на тастатура имаш). Во оној момент кога ќе ги направиш и родиш, родителот (барем би требало) живее за детето/децата. Бурните ноќи по кафиќи, сексот за една вечер (или како и да го викаа тоа модернава омладина и остарина), умираат. За жал или среќа.
Секоја секунда кога жената е со швалерот, одзима од квалитетното време кое треба да го има со детето/децата.
Секоја секунда кога мажот е со швалерката, исто така одзима од квалитетното време кое треба да го има со детето/децата.
Значи да, го изневерил и детето. Троши време на швалерот/швалерката, време што треба да им припаѓа на децата, троши пари на швалерот/швалерката, пари што треба да им припаднат на децата... така да она "не го изневерил детето" батали го, не биди себична на твои стари години (стара штом си омажена мајка).
Што се однесува до темава, факт е дека има ѓубриња од мажи/жени. За среќа, ним животот ќе им суди (ако не стигне работата до Господ на пример) поради нивната себичност. Така да мирно можам да спијам. Добра ноќ.