- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
Од твоите постови, во кои на широко и на долго ја образложуваш користа од ЈП и пајак возила, е очиглено дека имаш ниско мислење за, слободата, совесноста, дисциплината и возачката култура на граѓаните на Република Македонија, а високо мислење за просветителската-воспитната-дисциплинаторска-едукативна мисија на ЈП, директорите, нивните казни и нивните платички.Ете така може.Ми се допаѓа кога некој укажува на недостаоците а не само да се плаче дека треба да не се плаќа и дека имаме работа со ѓаволот.
Овој проблем лесно може да се реши со нашите млади адвокати кој сакаат да градат кариера.Бидејќи постојано се по судови можат слободно да спремаат тужби и жалби.Можат да основаат фонд,да се финансираат од добиени пресуди и се така додека не ги решат сите неправилности во градов...значи вечно.И работа ќе имаат и ќе работат за доброто на народот.А не да трчаат по сообраќајки и да делат визитки
Ај белким на некој ќе му ги отворам очите.
За становите без паркинг место,криви си се самите купувачи кој не се интересираат за условите туку само им е важно да се во центар.Нормален човек кога ќе дојде со кола, за да го гледа станот и ќе види дека нема место да паркира треба да фати магла од таму...
А Скопје иако не средено,треба и ние да се прилагодиме на него и да го почитуваме градот за да го направиме пофункционален.Да имаме двонасочна соработка.
А за советниците со билет паркирај каде сакаш...само нека им ја дигне пајак.Па билетот им се претвора во плати па клати.
Кај нас како Скопјани,незамисливо е да се паркира кола на 300 метри одалеченост од местото каде сакаме да бидеме,тоа е премногу далеку.Одењето со кола на места каде што нема паркинг е незамисливо.Пешачењето по некоја потеба подолго од 500 метри е недозволено,а возењето во автобус е срамота.
ПС: Луѓето кој за работа патуваат со автомобил 10 км во еден правец и зимаат плата од 15 000 денари.Половина од платата ја даваат за тој автомобил,несметајќи ја набавната цена на возилото.
Секој има право на свое мислење и ти и јас и сите други граѓани. Јас не се слагам со твоите мислења во врска со ЈП, без обзир што се многу необични, но никаков смисол нема да ги оспорувам. Впрочем, никој не може да биде казнет за своето мислење. Cogitationis poenam nemo patitur.
Бидејќи твоето име асоцира на директност, еве едно дирекно прашање:
Во кој закон е предвидено, тие што веднаш не платиле за зонско паркирање, да им бидат ставани лисици, па по 60 минути, возилото да им се одземе со пајак да се однесе во депо на „ чување “, па по триесет дена, возилото да се продаде и на тој начин да се наплатат „ трошоците “?
Те молам, да одговориш на ова прашање, ако сакаш да ја докажеш вистинитоста на твоите тврдења, инаку сите ќе заклучиме нешто друго. На вистината не и е потребна помош од зборови. Fides veritatis verborum adminicula non desiderat.