Ама цел систем е полн недостатоци. Просто да не знае човек од кај да почне да ги сублимира сите 7 страни.
Кај нас како Скопјани,незамисливо е да се паркира кола на 300 метри одалеченост од местото каде сакаме да бидеме,тоа е премногу далеку.Одењето со кола на места каде што нема паркинг е незамисливо.Пешачењето по некоја потеба подолго од 500 метри е недозволено,а возењето во автобус е срамота.
Секој има одредени потреби, некои не можат ниту да одат, не се во состојба...затоа реков, поинаку е конципиран градот за законски да се воведе просто ставање рампи. Не е во прашање 500 метри туку 2-3 км од зоните каде не се наплаќа, па и повеќе. Од примери со инвалидизирани лица кои имаат потреба низ центар (конкретно мојот родител не може да дојде до центар со возило), до потреба од место заради работа, место за живеење...како да му оди човек на гости на семејство кое живее во центар...пешки, оставајќи ја колата во Јаја Паша, со такси, со автобус...Никако, ќе дигне раце. Што со вработените во тие зони...дали се казнети да не смеат да користат свое возило? Или како што кажуваш (да не купуваат стан без гаража), да бараат работа вон тие зони?
А за советниците со билет паркирај каде сакаш...само нека им ја дигне пајак.Па билетот им се претвора во плати па клати.
тоа вчера го слушнав од луѓе, рекоа советниците имале картички за паркирање во овие зони.
За становите без паркинг место,криви си се самите купувачи кој не се интересираат за условите туку само им е важно да се во центар.Нормален човек кога ќе дојде со кола, за да го гледа станот и ќе види дека нема место да паркира треба да фати магла од таму...
Не знам дал ова е шега... Оправдување на службата без никаква основа. Тие луѓе живееле во центар 40-50 години...
Велиш 45.000 граѓани со 15.000 домаќинства во центар како и дел Аеродром и Карпош да се преселат...истовремено да се преселат и поголем број вработени на кои фирмите не им плаќаат паркинг.
А за големите плати на директорите неможеш ти да им бидеш љубоморен.Еве ти биди директор на паркинг служба и зимај голема плата,ма не 50 000 зимај 100 000 илјади...евра.Ама баш ми е гајле кој колкава плата зима.Кој може тој зима.
се работи за ЈП -јавно претпријатие чии плати не се од приватен фонд, ниту од приватен семеен бизнис. Нека го приватизираат, нека му плаќа кирии на градот, нека се грижи за секој потенцијален корисник...на тој начин нема да постои "љубомора" кога се работи за нивни плати. Како буџетски корисник мора да има лимит во разумни граници на плата.
Значи покрај плаќање од час,ограничување од макс. 2 часа
, необележаните простори за паркирање со јасно големи поставени натписи, покрај поинаквиот концепт на Скопје, покрај узурпирањето на просторот на граѓаните кои таму живеат со децении...човек нема што да очекува правдина, тоа е све законски спакувано. Тоа исто се деси со дворовите на куќите за кои плаќавме и натплаќавме, а сега моравме да ги купуваме.
Овој проблем лесно може да се реши со нашите млади адвокати кој сакаат да градат кариера.Бидејќи постојано се по судови можат слободно да спремаат тужби и жалби.
ова е нереално во ваква лепенка држава. Прво што граѓаните не се нешто богати за адвокатски трошоци, друго што законски оваа пљачка е овозможена. На простор кој 50 години им служел и плаќале граѓаните (како и дврното и местото под куќата). Кои неправди и неправилности,...за жал во вакви транзиции ова е овозможено.
ПС: Луѓето кој за работа патуваат со автомобил 10 км во еден правец и зимаат плата од 15 000 денари.Половина од платата ја даваат за тој автомобил,несметајќи ја набавната цена на возилото.
не им ги знаеш потребите, ниту начинот на живот. Некои носат деца на школо, други користат да пазарат поевтино во пазарите (кои патем се во центар, кај што се наплаќа), трети ги возат своите од семејството на работа, четврти...не значи дека беспотребно се вози, тоа е потреба заради веќе неколкупати споменатиот концепт на градот...од времето кога се што сега се плаќа беше бесплатно.
--- надополнето: Oct 11, 2011 6:36 AM ---
Како функционираат паркинзите за лицата со одредени потреби, здравствени проблеми, инвалидизирани лица...никако
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=41519