Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Има неколку опции:
1. Tураш бандажи без дупки

(ова е од буба) На шо ќе го закачи блокаторот?

2. Возиш нешто шо вози 17-ки бандажи и 4 х 4 погон

па и да го заклучат со блокатор можно е да не стига до земја, а и да стигни ќе можиш да го однесиш до дома со возење.

3. Чекаш да помини 22:00, и одиш на паркинг со бонсек (евентуално брусалица на батерии) и најкултурно си го сечиш блокаторот, под услов да не ти го кренат возилото со пајак.
Oва е пасивна одбрана, се сложуваш со незаконското казнување со лисици, но наоѓаш начин да неплатиш. Лисици - блокатори на тркала не се предвидени, во ниеден закон. Одстранувањето на возилото со пајак е предвидено само во случај да тоа представува непосредна опасност или пречка во сообраќајот, за сите прекршоци околу паркирањето, се предвидени парични казни ( тоа се членовите 63 и 400 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ) Возило, кое е паркирано на јавно паркиралиште и чии сопственик не платил сигурно, не преставува непосредна опасност или пречка за сообраќајот . Овде се работи за нешто сосема друго. ЈП најголем дел од приходите остварува од казнување и затоа тие гледаат што повеќе да казнуваат. Жалосно е да се гледаат наши соограѓани, како ги молат и убедуваат зонашите да не ги казнат велејќи, дека не виделе, не знаеле, сега ќе платат и тн. Тие молби се секогаш залудни, бидејќи зонашите заработуваат од казнување. На пример на паркиралиштето „ Хотел Бристол “, дневно ќе паркираат најмногу 50 возила кои ќе платат по 35 денари, со што ќе заработат 1650 денари. Но, тука ќе се постават, дневно 10 па и повеќе блокатори, секој се наплаќа по 1300 или за 10 ќе „ заработат “13000. Затоа тие се кријат и чекаат само да казнат и кај нив нема милост.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Oва е пасивна одбрана, се сложуваш со незаконското казнување со лисици, но наоѓаш начин да неплатиш.
Toчно.

Лисици - блокатори на тркала не се предвидени, во ниеден закон.
Не се предвидени во закон, бидејќи не се во надлежност на државата. Исто како ти да ми паркираш кола во мојот двор. Можам да ти ја искршам без око да ми трепни пошто не е на јавно место. Затоа се предвидени во општинските одлуки како Одлуката за јавни паркиралишта од значење за градот Скопје така да џабе се буниш. Утре ако му прдни на советиците можат да ја преиначат и ајт.

Возило, кое е паркирано на јавно паркиралиште и чии сопственик не платил сигурно, не преставува непосредна опасност или пречка за сообраќајот. Овде се работи за нешто сосема друго.
Точно дека возилото не представува опасност за сообраќајот. Ама затоа представува одличен плен за мршојадците кој шо ќе те натераат да си плаќаш ко попче.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.242
А како им е тек на граѓани од друго место, кои немаат поим дека на тоа место се наплаќа или првпат доаѓаат Скопје...таблите и не се баш воочливи. Луѓе со такви маки се секојдневие
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@ Lurtz -
А како им е тек на граѓани од друго место, кои немаат поим дека на тоа место се наплаќа или првпат доаѓаат Скопје...таблите и не се баш воочливи. Луѓе со такви маки се секојдневие
Не само граѓаните од другите места од Македонија, туку и од странство.
Пролетва гледав како на наш Сограѓанин од Штип, кој беше со својата малолетна Ќерка, карши Рамстор, му ставија лисици. Тој веруваше дека ќе ги убеди зонашите, дека незнаел и дека тие ќе му ги симнат лисиците. Но зонашите се секогаш непопусливи и тој плати . За тоа време, Девојчето цело време плачеше.
За граѓаните од странство е уште потешка ситуацијата. Тие не само што не го знаат јазикот и неможат да прочитаат што пишува на таблите, туку немаат ниту мобилни телефони од локалните мрежи со кои би платиле. Зонашите секогаш ставаат лисици на возилата од странство - бидејќи се сигурни дека не е платено. За граѓаните од странство овие зони се „ стапици за глувци “. Со овие зборови ги нареков зоните во мојата жалба до Европскиот суд за човекови права, во која опишав како на едно возило од Кралството Шведска му беа ставиле лисици кај Хотел Бристол
--- надополнето: Sep 22, 2011 5:04 PM ---
@ Dzish - Првиот и третиот став ти се супер, но за вториот не се слагам.
Уставот на РМ во Член 14 гласи : „ Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна. Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука.“, а АМАНДМАН XX гласи „ 1. За прекршоци определени со закон, санкција може да изрече орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања. Против конечна одлука за прекршок се гарантира судска заштита под услови и постапка уредени со закон. 2. Со овој амандман се дополнува членот 13 од Уставот на Република Македонија.“
Неплаќање на паркирање не е дело за кое со закон е предвидена казна, само можат да тужат и да бараат да им платиш, можеби со камата. Но точно, е тоа што го тврдиш, одлуки постојат и ова е „ одличен плен за мршојадците “
--- надополнето: Sep 22, 2011 5:06 PM ---
Toчно.

Не се предвидени во закон, бидејќи не се во надлежност на државата. Исто како ти да ми паркираш кола во мојот двор. Можам да ти ја искршам без око да ми трепни пошто не е на јавно место. Затоа се предвидени во општинските одлуки како Одлуката за јавни паркиралишта од значење за градот Скопје така да џабе се буниш. Утре ако му прдни на советиците можат да ја преиначат и ајт.

Точно дека возилото не представува опасност за сообраќајот. Ама затоа представува одличен плен за мршојадците кој шо ќе те натераат да си плаќаш ко попче.
@ Dzish - Првиот и третиот став ти се супер, но за вториот не се слагам.
Уставот на РМ во Член 14 гласи : „ Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна. Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука.“, а АМАНДМАН XX гласи „ 1. За прекршоци определени со закон, санкција може да изрече орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања. Против конечна одлука за прекршок се гарантира судска заштита под услови и постапка уредени со закон. 2. Со овој амандман се дополнува членот 13 од Уставот на Република Македонија.“
Неплаќање на паркирање не е дело за кое со закон е предвидена казна, само можат да тужат и да бараат да им платиш, можеби со камата. Но точно, е тоа што го тврдиш, одлуки постојат и ова е „ одличен плен за мршојадците “
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во ноќта, меѓу 24 и 25 септември, за време на одржување на прославата - 100 години улица Македонија, петнаесет минути по полноќ, забележав две пајак-возила како оперираат на улицата Димитрие Чуповски. Очигледно ЈП не пропушта ниту вакви прослави за свое „ стопанисување и поштено заработување “ и на оваков начин им го честита овој јубилеј на Граѓаните на Скопје.
 
T

Tetro

Гостин

На друг начин, како ќе се наполни касата? Мора да се удира кајшто е нај-тенко, треба кредити да враќаме.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Смрт за зони и пајак возила @ Watchlist.
На друг начин, како ќе се наполни касата? Мора да се удира кајшто е нај-тенко, треба кредити да враќаме.
Парите од пајак возилата се приход на ЈП. Лага е дека од нив се полнела државната или општинската класа. ЈП се издржава од казнување на граѓаните
 
T

Tetro

Гостин
Парите од пајак возилата се приход на ЈП. Лага е дека од нив се полнела државната или општинската класа. ЈП се издржава од казнување на граѓаните
Може и да си во право, ма да не ми се верува. Мора некако да се поврзани со касата државна.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не се поврзани со државната каса, но се махери да се фалат, како се многу важни. Се што тие тврдат е лага. Зарем можеш да веруваш на типови кои се подготвени да затвараат улици, да вршат дискриминација, да ги казнуваат своите сограѓани и од тие казни да земаат плата?

Ако си во право за ова, не ми е јасно само кој им го дал правото да оперираат низ Скопје. Не, не сум запознаен со начинот на функционирање, ама према ова што читам ми се јавуваат некои чудни идеи... дали ги штити нив некој закон, монопол држат изгледа...

Или пак, може кој сака да си регистрира друштво "Пајак" и да ќари пари од рајата.

http://www.youtube.com/watch?v=xsYTq_1CP00 - "пајак" оперира низ Скопје.

Едит:
http://www.gradskiparking.com.mk/default.asp?ItemID=56B85EACB6EEDE48A67B3FD66C367440
На четириесетата седница на Совет на Град Скопје, одржана на ден 07 Март 2011 година се донесе „Одлука за давање согласност на Ценовникот на услуги кои што ги извршува ЈП Градски паркинг- Скопје“ со арх. број 07- 985/ 1 од 07.03.2011 година врз основа на која се дава согласност на Ценовникот на услуги кои што ги извршува Претпријатието со арх. број 02- 211/ 4 од 25.02.2011 година донесен на седница на Управниот Одбор на Претпријатието одржана на ден 25.02.2011 година согласно кој, во член 9, се регулирани цените на услугите кои што се извршуваат со помош на специјално возило Пајак
Значи, замешани се преку градските власти.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Смрт за зони и пајак возила @ Watchlist
Ако си во право за ова, не ми е јасно само кој им го дал правото да оперираат низ Скопје. Не, не сум запознаен со начинот на функционирање, ама према ова што читам ми се јавуваат некои чудни идеи... дали ги штити нив некој закон, монопол држат изгледа...

Или пак, може кој сака да си регистрира друштво "Пајак" и да ќари пари од рајата.

http://www.youtube.com/watch?v=xsYTq_1CP00 - "пајак" оперира низ Скопје.

Едит:
http://www.gradskiparking.com.mk/default.asp?ItemID=56B85EACB6EEDE48A67B3FD66C367440

Значи, замешани се преку градските власти.
Точно замешани се преку градските власти. Раководството на ЈП и некои вработени во Секторот за сообраќај на Градот Скопје се доволно влијатени и моќни да го убедат Советот во неопходноста на своето постоење. Погледни каква кампања водат во медијумите околу тоа, како тие „ правеле ред и го одстранувле хаосот “, како „граѓаните се многу задоволни со нивните услуги“, како „ правеле анкети и граѓаните барале и ги молеле да се воведат зони “ и слично.
Меѓутоа тие воопшто немаат законски основ да го прават тоа, што го прават со пајак возилата.
Прекршоците за паркирање се предвидени во членовите од 63 до 74 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и за тие прекршоци се предвидени парични казни. Лисици не се предвидени никаде.
Одстранување на возилата е предвидено само во членовите 63 и 400 и тоа само за возила кои представуваат непосредна опасност или пречка за сообраќајот. За такво возило, полицијата може да нареди да се одстрани и постави во близина или на друго место каде што нема да представува, понатамошна, непосредна опасност или пречка на сообраќајот.
Надлежност за одстранување на таквите возила, според член 22 од Законот за локална самоуправа имаат општините.
Во Скопје е специфична ситуација бидејќи постои и Град и општини.
Во 2004 година е донесен Законот за градот Скопје, со кој се поделени надлежностите помеѓу Градот и општините и оваа надлежност, според член 15, е доделена на скопските општини.
Што значи Градот воопшто нема надлежност да врши одстранувања, а посебно не на сите непрописно паркирани возила.
Меѓутоа, директорска плата е голема и слатка и тие со сите средства се борат да ги сочуваат своите платици.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
друже у стразбур мавна тужба? или само жалба поднесе?
браво ако си стварно... ти честитам на храброста...
Жалба... Судот во Стразбур прима само жалби. Постои Европска конвенција за човекови права која е потпишана од сите европски држави и која ги обврзува сите да ги почитуваат основните човекови права. Тие права, многу пошироко, се гарантирани со Уставот. Јас се обидов да го обезбедам почитувањето на тие права преку институциите на РМ тоа се пред се Народниот правобраните, Постојаната анкетна комисија за правата на човекот при Собранието на РМ, Уставниот суд и други. Бидејќи сите ме одбија, поднесов жалба до судот во Стразбур. Жалбата се однесува на, дискриминација и незаконско казнување. На два-тројца директори им текнало да ги казнуваат граѓаните кои не платиле за зонско или рампаџиско паркирање и сега казнуваат колку сакат. Секој ден, илјадници граѓани не ги плаќаат сметките за струја, вода, телефон, парно и друго, па никој не ги казнува, никој не им става блокатори на тркала и не им ги одзема возилата со пајак-возила. Неплаќањето не е дело за кое се предвидени казни. Должничкиот затвор одамна не постои во Европа, а кај нас никогаш немало должнички затвор.
Не се работи за храброст, туку за граѓанска должност. Политичките партии и од Власта и од Опозицијата молчат и се чини си ги подметнуваат ови работи како јајца од кукавица. Дали си чул да еден советник, во градот или општината макар вербално се спротистави на дискриминацијата и незаконското казнување што овие директори го прават? Институциите на системот не превземаат ништо туку ја префрлаат надлежноста еден на друг, а сите знаат дека не сме да се врши дискриминација и дека не сме да се казнува без закон. И овие директори сега можат да прават што сакат.
Во ваква ситуација граѓанска должност ни е, ние да се спротивставиме на директорите.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Сега видов дека има ваква тема отворено и затоа постот кој вчера го напишав во темата Што ве изнервира денес? - ќе го ископирам тука, за моето искуство со зонско паркирање... :)

Одам со мајка ми сабајле до Веро во Аеродром да купиме нешто и ја оставив колата на паркингот пред Веро и купивме неколку работи набрзинка и дојдовме во колата и ги ставивме кесите во гепек...И после мајка ми вика ај влези ти во кола чекај ме јас само да земам од Зегин едни лекови (Зегин беше на 10 метри пред нас) и јас и викам - ќе дојдам со тебе, топло ми е во кола.......Во Зегин гужва пензионери и се задржавме 10-тина минути и кога дојдовме кај колата МИ СТАВИЛЕ БЛОКАТОР НА ТРКАЛОТО...Ги чекавме 20 минути тие да дојдат што работат тука и кога дојдоа што да видам - клошари невидени, неписмени, не знаеа да зборат... :mad: Во наредниот саат време се одвиваше жолчна расправија и на крај јас бев таа што губеше зашто морав да платам 1300 ден на лице место зашто ми претеа дека ќе викнат пајак... :mad: МАЈКА МИ ОТИДЕ ЛЕКОВИ ДА КУПУВА МАЈМУНИ СМРДЛИВИ ЕДНИИ!!! ДЕНОТ МИ ГО УПРОПАСТИЈА!!!
Ѕвонев по телефони, бркав врски - дебели врски и тоа ЏАБЕ све - никој не можеше да ми помогне и на крај барем ги утепав од пцуење и вреѓање, пошто со збор не можев ништо да им докажам и тој едниот ми вика - г-це колку сакате викајте, претете, пцујте , секако ќе си платите (и други секој ден вака викаат и тепачки има некад, па на крај си плаќаат сите...)...

НЕМАШЕ ДА МИ БИДЕ КРИВО ДА ГИ ИЗГУБАМ ТИЕ ПАРИ, БАРЕМ ЌЕ СИ ГИ НАЈДЕШЕ НЕКОЈ СИРОМАШЕН И ЛЕБ ЌЕ СИ КУПИ, А НЕ НА ОВАА ПРОКЛЕТА ДРЖАВА ДА И ГИ ДАВАМ... :mad: КРЕТЕНИ
 
Вашите пари не отидоа за Државата, туку за платите на зонашите, рампаџиите и нивните директори. Кога судовите или полицијата казнува со парични казни, парите што се наплатуваат, не се приход на судовите или полицијата. Конкретно средствата од паричните казни што ги наплатуваат судовите се распоредуваат според Законот за извршување на санкции и тоа 50% се трошат наменски, а 50% се приход на буџетот. Никој ниту кај нас, ниту во Европа, не се издржава од наплатување на казни, освен овие од ЈП каде што казнувањето им е главна ставка во приходот.
Тоа што сте ги пцуеле и вреѓале е одлично и јас тоа го правам штом ќе ги видам и без да ме казнуваат. Ако уште еднаш ова Ви се случи, Ви препорачувам, да одбиете да платите, да речете дека немате пари и да побарате да ве тужат на суд. Побарајте интервенција на полицијата, бидејќи Ве спречуваат да го користите сопствениот имот и исто речете дека моментално не носите пари, можат да го запишат регистаркиот број и да Ве тужат. Или, ако имате можност, повикајте некој пријател да ја исече лисицата или да го замени тркалото. Судовите, мораат да судат според закони, а во ниеден закон е предвидено да на тој што неплатил за паркирање, му се стават лисици па и за нив да плаќа. Колку што јас знам, ЈП досега нема никого тужено, бидејќи нема на основа на што.
Уште би Ве замолил, ако Ви дале некаква потврда за извршенето плаќање, да ја сочувате и да направите фотокопија од неа. Можете да напишете и кратка изјава, во која ќе го опишете настанот. Ако се согласувате, јас таа потврда, со поднесок, ќе ја доставам до Судот во Стразбур и ќе ја користам како доказ во доказната постапка. Кога ќе ги подготвите фотокопиите, јавете ми на ист начин. Јас живеам во Центар но ќе дојдам до Бисер или каде ќе ми речете да ги земам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom