Фан клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување
Од доста сигурни информации ми кажаа дека немало да има публика на утакмицава... :/ Вие што ќе праите ке одите ?
--- надополнето: Oct 15, 2011 1:39 PM ---
Едит: Не само што нема публика да има, туку Работнички службено ја губи со 20-0...
 
зашто службено?
Па управата одбила да плати било какви казни, така да две утакмици ќе губи службено... 90% е вака ми кажа другар, татко му е во управен одбор
 
Па управата одбила да плати било какви казни, така да две утакмици ќе губи службено... 90% е вака ми кажа другар, татко му е во управен одбор
па зашто си комплицираат за џабе,ке мора да ги платат и онака кад тад..
 
Се уште немаме добиено никаков доказ за уплата од страна на Работнички. На гостите им е наложено да отпатуваат на натпреварот заедно со официјалните лица, но доколку нема уплата на целиот долг, мечот нема да се одигра. Такви се пропозициите и истите ќе бидат почитувани максимално“ - ни изјавија попладнево од канцеларијата на Здружението на Кошаркарски прволигаши.

Овој натпревар ионака требаше да се игра пред празни трибини, поради казната на Работнички од крајот на ланската сезона, но многу лесно може да се случи во „Градски парк“ денеска да не се игра кошарка.
 
Добро, што к*р се случува сега, ако одиме по некоја проста логика, ова е срамно и катастрофално работење на оние кои го водат тимов, не може вакви основни работи пред почеток на сезона да не се средат.
Сега на фејсбук гледам дека котизацијата е платена но не и некоја казна од 300 000 денари ...

Казната поим немам за што е, ама ако еве ова е случај, бидејќи ништо официјално не е потврдено, што правеле до сега ?!

Ај да не продолжам со рекла-казала муабетите, ќе преќутам и ќе одиме со коментари по официјализирање на работите, како и да е, срамота ќе е тимот службено да го загуби овој натпревар, жално е и за играчите ова, жално е и за името на овој тим.
 
Се уште немаме добиено никаков доказ за уплата од страна на Работнички. На гостите им е наложено да отпатуваат на натпреварот заедно со официјалните лица, но доколку нема уплата на целиот долг, мечот нема да се одигра. Такви се пропозициите и истите ќе бидат почитувани максимално“ - ни изјавија попладнево од канцеларијата на Здружението на Кошаркарски прволигаши.

Овој натпревар ионака требаше да се игра пред празни трибини, поради казната на Работнички од крајот на ланската сезона, но многу лесно може да се случи во „Градски парк“ денеска да не се игра кошарка.

Ќе се игра натпреварот, 108,5 %. :)
 
Yup, дефинитивно натпреварот ќе се одигра, одиме на првата победа !
 
Како бе ќе се одигра?
Ако биде и со публика ќе ве убијам за ширење дезинформации :D
Ајде ако случајно има публика, некој нека пише после како изиграл Вардар:)
 
Како бе ќе се одигра?
Ако биде и со публика ќе ве убијам за ширење дезинформации :D
Ајде ако случајно има публика, некој нека пише после како изиграл Вардар:)
Не треба да има публика денес, ја затоа не отидов, планирав сам да се извлечкам до сала али ништо, не ми се ризикува а и дефинитивно тимот е казнет, страна поназад има и официјална потврда за тоа.

Ја се надевам дека со Фени ќе се среди и ќе се намали казната за да има публика во сала, и те како е потребна за тој меч бидејќи меѓусебните многу значат за плејофот, да не биде ко лани, со 1-0 кога почна финалето.
 
Се собра добра бројка пред сала, се пееше пцуеше и тоа е тоа.. не се влезе а внатре дали се играше сеуште незнам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom