Фан клуб: Работнички

  • Креатор на темата Креатор на темата Buci
  • Време на започнување Време на започнување
КК РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ
Денеска бевме сведоци на една ЛАКРДИЈА од страна на претседателот на кк вардар и неговата одлука да и покрај кеш уплатата на кк Работнички која беше направена со записник заради казните од минатата сезона и молбата истата да се уплати во истиот момент во пошта ја повлече екипата и не сакаше воопшто да го почне натпреварот. Инсистирањата и молбите доагаа од секаде, од клупата и управата на кк Работнички, од комесарот од кфм, од судиите..., па дури и играчите и дел од управата на кк вардар, сепак тој не ја смени одлуката ја повлече екипата и си замина. Комплексот е голема работа поготово кога станува збор за долгогодишниот шампион на Македонија. Ке го сватиме и ке му простиме затоа што тоа е човечно, но сепак веруваме дека тој нема да спие мирно. Мораме да им се заблагодариме на верните "CITY PARK BOYS" кои беа ЕДИНСТВЕНИ во намерата да се одигра утакмицата и во најкус рок ги собраа оние фамозни 300,000 денари кои беа понудени за плакање на казната. Вакви навивачи само на сон може да посака еден клуб затоа што тие се ЕДНИ и ЕДИНСТВЕНИ!
 
Испадна, Работнички службено ќе го добие овој натпревар.
Ако.
 
ЛОЛ комплексот бил голема работа!
Па КК Вардар има највеќе претпрено лошо од кошаркарската федерација. Незаконски беше направен нов тим со исто име, поради кој се растури цел КК ВАРДАР...
Си нема врска соопштението...
 
Па незнам на која основа човекот денес не сакал да се игра кошарка, бил молен од сите, он очигледно сакал да се реализираа првичните најави и КК Вардар да победи службено што не се случи ...

Ако Се регуларно било платено и реализирано во бараниот рок, не постои основ он да бара играчите на КК Вардар да се повлечат од теренот, срамна одлука во секој случај.
 
Па незнам на која основа човекот денес не сакал да се игра кошарка, бил молен од сите, он очигледно сакал да се реализираа првичните најави и КК Вардар да победи службено што не се случи ...

Ако Се регуларно било платено и реализирано во бараниот рок, не постои основ он да бара играчите на КК Вардар да се повлечат од теренот, срамна одлука во секој случај.
Затоа и се бунел газдата на Вардар, бидејќи парите не биле уплатени на време туку ги донеле пред да почне натпреварот односно 18 часот, а рокот беше до 17.
Eве во Екипа што пишале...
Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив непосредно пред почетокот на натпреварот ги осигура овие пари и ги понуди како исплата на долгот, но на тоа реагираше првиот човек на Вардар, кој сметаше дека ваквата уплата е спротивна на законот и дека неговиот тим треба да го добие мечот службено.
 
Како и да е, одлуката е пичкарска, ко Се да е розево во мак баскетот па ај и за ова ќе се фатиме, да беше се според регулативите лани оној нигерот немаше да го игра последниот меч со Работнички во Јане па играше, бидејќи и он учествуваше во инцидентот провоцирајќи по што Саздов изреагира ко што изреагира, нејсе и тоа, Симич казнет 1 меч за финалето со Фени, нигерот лани не, класичен двоен аршин, па Работнички дојде, виде, и победи ... на терен.

Пак ќе кажам, на сите им е до баскет, до средување на првенствово, овој повлекува екипа и покрај молбите кои доаѓале од сите страни, бре ... неговото име конечно ќе биде споменато од некој медиум.

п.с. Инаку и јас сум категорично За, мечот да биде преигран, така и ќе се средат нештата и ќе се вратат во нормала.
 
Ако рокот бил до 17.00 часот,тогаш рокот е пробиен..
Незнам што не е јасно,према мене ова треба да биде службена победа на Вардар.
 
Рокот се однесуваше на котизацијата, таа беше платена пред 17 часот според известувањата, проблем била некоја фамозна казна, која исто, била исплатена, али тоа за даден рок се однесуваше ако не се лажам на котизацијата, ова сега со париве се однесува на паричната казна која требале да ја платат Работнички.

п.с. Федерацијата не планираше да делегира судии доколку Работнички не ги исполнеше бараните услови, судии беа делегирани, што значи тоа што се барало до Работнички било исполнето.
 
Фамозни 300 илјади денари неисплатени на време. Рокот важеше и за овие 300 илјади, да не беше така газдата на Вардар немаше да се буни, бидејќи нели ќе можеле и друг ден да ги платат.
 
Само ќе кажам
Никој нема да ни забрани...ни џандари ни федерации! Сите можете К*Р да пушите...сегде клубот ќе го бодриме!

кој беше....знае! :)
 
Судиите беа делегирани од самата федерација, не од КК Работнички, закана постоеше од нив доколку Работнички не ги исполни бараните услови, судии за денес имало делегирано што значи мечот требал да се одигра, за тоа одлучува самата федерација а не газдата на КК Вардар, ниту пак оној на Работнички.

Контра Работнички лани беа донесени низа преседански одлуки па никому ништо, не мора сега да се однесуваме ко Се да е розево во мак баскетот а за Работнички се заобиколуваат правилата, казната вака или онака била платена, да стануваше збор за првенство каде Се е така добро подредено и перфектно па да имав разбирање за оваа ситуација, вака само безпотребно се искомплицираа работите.
 
Според мене газдата на Вардар правилно постапил, па не е ова кафана па да се плаќа на рака, фино лепо си идеш у банка уплаќаш и носиш уплатница како доказа дека си извршил уплата.
Бог да чува на рака бе донеле пари :pos:Како и да е требаше мечот да се одигра на теренот, а не вака Вардар да го добие пичкарски, али то је то така вели законот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom