Македонска фудбалска репрезентација

Член од
2 јули 2010
Мислења
5.902
Поени од реакции
7.454
Сега ќе видите акција,со секој купен весник гратис 2 карти за натпреварот Македонија-Словачка,ако не биде вака да ме плукате!:D
 
П

Паспарту

Гостин
Не го гледав натпреварот, но по резултатот и коментарите можам лесно да заклучам што се случувало на истиот. Овој резултат е сосема очекуван за мене, едноставно колку и да не сакаме да признаеме, во моментов сме една аматерска репрезентација, ние можеме да биде сериозен противник за Андора, Фарски Острови и Луксембург, никако за Ерменија, Словенија, Црна Гора, БиХ... Криво ми е што неоправдано им земавме 2 бода на ерменците во Скопје, не прегазија тогаш и ги заслужија 3те бода!

Додека играат татини и мамини синчиња во младинските селекции, додека се форсира "рамковна" репрезентација, фудбал во државава нема да има.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.328
Поени од реакции
5.304
Македонска фудбалска репрезентација, вистинска Демотивација !!!
Земете пример од кошаркарите како се игра со срце за МАКЕДОНИЈА !!!
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Баш сакав во вторник специјално да тргнам од Кавадарци во Скопје за натпреварот...но после ова со Ерменија се предомислив...
 
Член од
27 август 2009
Мислења
899
Поени од реакции
158
На форум сме најјаки,за пцуење и вреѓање исто така...епа додека го правиме ова верувајте ние саглам репрезентација нема да имаме(n)
Еве што направија босанците за да стигнат тука кај што се сеа.Дали ние можеме вакво нешто?!:)
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
На форум сме најјаки,за пцуење и вреѓање исто така...епа додека го правиме ова верувајте ние саглам репрезентација нема да имаме(n)
Еве што направија босанците за да стигнат тука кај што се сеа.Дали ние можеме вакво нешто?!:)
Ова може да се случи само ако има и подршка од луѓе кој што се на високо место и што ќе сакаат да ја превземат ФФМ во свои раце.

Во спротивно (ако воопшто може да се организира нешто вакво) сите ќе бидат маркирани како нецивилизирани примитивци, невоспитани хулигани и разрушувачи на јавниот ред и мир. Каде што самиот протест ќе биде оквалификуван како бесцелен и неоснован а учесниците ќе си завршат со кривични.

Може од долу нагоре да се иницира протестот, но подршка од видни личности е повеќе од потребна.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
На форум сме најјаки,за пцуење и вреѓање исто така...епа додека го правиме ова верувајте ние саглам репрезентација нема да имаме(n)
Еве што направија босанците за да стигнат тука кај што се сеа.Дали ние можеме вакво нешто?!:)
Дефинитивно треба да се преземе нешто. Немора како Босанциве, да праемо нереди или незнам што.
Ама тоа е многу тешко, нас имево ќе ни го смена и никој не излага на протест да се побуни, а не за да се смени Хари од ФФМ. Џабе, нема единство кај нас.

Затоа најпаметно мислим дека е, да се прекине бојкотот. Од наредни квалификацие, да се врата све навиачкиве групе на стадион и да се истакнуаа транспаренти само против Хари и ФФМ, да видат свите од УЕФА па до ФИФА (иако тиа са првите што му го чуваа грбот на Хари), ама ипак да видат дека никој не го сака гомново. Само таке може да се смени нешто, иначе со седење дома како до сега, само губење време и живци е. А Хари ќе си го полни џебот.
 
М

Мартин`

Гостин
Дефинитивно треба да се преземе нешто. Немора како Босанциве, да праемо нереди или незнам што.
Ама тоа е многу тешко, нас имево ќе ни го смена и никој не излага на протест да се побуни, а не за да се смени Хари од ФФМ. Џабе, нема единство кај нас.
Навивачките групи треба да се организираат сите заедно малце ли се .. ко од шала може да соберат 2000~ навивачи на протести а рачунај колку и обични луѓе ќе им се придружат. Додека вака никој не го крева гласот ќе ни пропаѓа фудбалската репрезентација од лопови како Хари
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Навивачките групи треба да се организираат сите заедно малце ли се .. ко од шала може да соберат 2000~ навивачи на протести а рачунај колку и обични луѓе ќе им се придружат. Додека вака никој не го крева гласот ќе ни пропаѓа фудбалската репрезентација од лопови како Хари
Аххх...на никого не му чинат навивачките групи, заради нив луѓево не идат на стадион (како не, заради нив), мие навивачиве смо најголеми наркомани, пијаници, хулигани и со уште многу “одлични“ зборови со кои не опишуваат секојдневно семкарите.
И најитересно е што никој не не сака, зошто мие смо све ова што го набројав погоре, а кога ќе дојде нешто вакво навивачите треба да ја спасуваат ситуацијата.
Епа не, треба сите тие што го сакаат фудбалот да организираат еден протест. А не ако не излезе нешто како што треба, пак навивачите да бидат криви и они да кркаат пријави и слично. Сега е ред на обичниот народ што иде на стадион и го сака фудбалот, да организира нешто па да дојдат и навивачките групи.
Ама ова кога ќе го прочита некој што е еден од овие “обични навивачи“, ќе се згази од смеење и ќе си рече у себе - “ е како не, ние ќе организираме...не заболе стапот нас “. Ова сум сигурен.
Епа според мене, доста се користеа навивачките групи само за нешто кога ќе згусне, а иначе секој ден да се плука по нив.

Бујрум, нека организираат протест и ја сум прв кој ќе отиде на истиот.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.902
Поени од реакции
7.454
Цели квалификации сум песимист,ама против Словачка не знам зашто ама не губиме...сигурен сум=)
Не за друго Шумоликовски доби црвен и нема да игра:icon_mrgr:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Криво ми е кога ја гледам репрезентацијата...ќе паднеме под 100-то место на ФИФА ранг листата. Секој пат со толку надеж ги гледам, си викам ќе не израдуваат. Со кошаркарите се навикнавме на успеси и си викам ај и овие ќе тепаат, ќе изненадат некако. Не бе, камења прави. Прават почетнички грешки, никаков професионализам. Борбеност нула. Организација како и да не постои. Федерацијата е за смеење. Се разочарувам кога ќе ми текнен на фудбалов кај нас. Секогаш ќе ги поддржувам, дури и да губат од Сиера Леоне. Ама барем да играа со срце, да се потрудеа. Смачено ми е од "покажавме карактер" изговори. Ама во оваа состојба како што е сега репрезентацијата, ни татко да му бев на некој од репрезентативците не би пошол на стадион. Ни денар не вреди за лиглиња што се влечат на терен ко преварени шпагети.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.397
Поени од реакции
85.340
Се надевам дека нема да изгубиме од Словациве за да им помогнеме на Ерменците да идат во бараж
 

Kajgana Shop

На врв Bottom