Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Колку е смешно само мотото на картата ''срце на терен''...па и уште 200 денари ја лупнале...не му е срам таму на цело раководство на ффм каде 90% се членови на ДПМНЕ ...поради вакви работи фудбалот кај нас ќе тони ќе тони ќе тони уште подлабоко...страмота за ова што се нервираме ние обичните фанови за едни неписмени што не знаат некои основи работи во фудбалот...страмота за тоа како ја презентираат државата со она незалагање и со влечкањето на теренот што го прикажуваат нашите фудбалери..резили сме и неможам да си поверувам дека како што иди времето се послаби и послаби сме и никако да се подобри ситуацијата...во вторник екипи како Естонија и Ерменија само ќе решаваат за својата судбина, а некои како Босна и Црна Гора веќе си обезбедија бараж, а ние ??..ние каде сме???..нека се запрашат наделжните во ФФМ и сите фудбалери кои ја преставуваат државата..тотална спротивност од кошаркарите се овие фудбалерите односно не заслужуваат да се наречат фудбалери..тие се ништожници..како можи не разбирам да не му се игра фудбал воопшто кога ќе излезат на теренот??..како е можно воопшто да не се трудат за да направат нешто повеќе??..како е можно да изгледаат како Аматери ??..не ми се верува дека и екипи во втората МФЛ играат сто пати подобар фудбал од овие ништожниците што го носат црвено-жолтиот дрес..да не правиме муабет за Вардар,Шкендија и Металург........болна приказна сме ние во фудбал...болна!
 
Сите на стадион?!

MIDDLE_FINGER_CHILD.jpg
 
Значи онака да си направам листа на тие јас што сакам да летаат и никад да не заиграат за репрезентација ...
1.Валиче Шумуликоска (по кратка постапка да го соблече дресот)
2.Игор Митревски (секоја чест за тоа дсега што направи ама неговото време помина)
3.Ване ака Шиков (дечкото е толку торлак што неможам да го гледам на терен)
4.Mуарем (тој па одма, одма, одма во иста секунда со кја игра тој дошол во репрезентација се чудам)
5.Mирко Ивановски (лелеееее криминал не ми се прави муабет за овој )
6.Грнчаров (овој би го стаил со Валиче ама ете сега ми текна на него се гледа колку е вреден)

Од сите само за овој не се сложувам со тебе.
Баш мислам дека Шиков моментално ни е добар партнер на Новески во одбраната.
Ако ги пратиш неговите настапи во Волин, па и во МКД репрезентација ќе сфатиш дека е солиден за нашата репрезентација.
Иначе за другите, немам збор.
Можам само да додадам други играчи, али сега за сега, само ФФМ е крив...според мене!
 
Ова е најдобриот коментар што сум го прочитал до сега за македонската репрезентација, иначе напишан во фан-клубот на Васко Ефтов..

"Добро што очекувате? Во Србија претседател на федерацијата до скоро им беше Пикси, во Хрватска сега претседател им е Влатко Марковиќ (Поранешен играч на Динамо), во Црна Гора е Савичевиќ, во Босна е Ивица Осим, во Словенија од 1989 до 2009 20 години им беше претседател Руди Заврл (Поранешен играч на Олимпија), во Бугарија претседател е Борислав Михајлов (Голманот што им бранеше на светското 1994), па дури и на фудбалската федерација на Косово претседател е Фадил Вокри (Поранешен партизановец за помладите)...

А во Македонија откако сме независни претседатели ни се Ѕинго, Ламбе Арнаудов и Харалампие. Луѓе што топка не шутнале во животот. И сакате тие да ви се грижат за фудбалот?

Шансата ни е пропуштена според мене кога интернационалниот судија Емил Божиновски заедно со Дарко Панчев сакаа да бидат на чело на федерацијата...

Македонскиот фудбал не замира сега, оваа година треба да му оддадеме 20 годишен помен на мртвиот македонски фудбал, убиен од профитери за свој џеб пред 20 години!!! "
 
Срце на Терен:eek:
Уште да имаа срце овие ПИЧИЦИТЕ....(освен неколкумина).....
Криво ми е за Ерменците,им скинавме 2 бода лани во Скопје...:mad:
Играта и пожртвуваноста на Ерменците е пример како треба да се игра за својата земја...
Имаат шо да научат нашите МОЧКОВЦИ од нив....
Кога стигна Величе ОВЧАРОТ да е капитен на репката,кога во тимот играат Муарем на квадрат,Мирко Иваноски,Трајкоски(го барале Челзи:pos:,така напишаа пред некој ден....миле мој го барале):D.......
Нека ја затворат федерацијата,нека се откажат од учествата во циклусите...
Барем тие 4,5 милиони евра нека се пренаменат за другите федерации....
Тие луѓе со 10 пати помали буџети прават чуда,а овие слепците не донесоа на ранг на Андора,Сан Марино...:tapp:
 
Јас би одел на стадион за беспари ако имам друштво ама да им давам 200 ден ни на сон, подобро ќе си платам во балон да си изиграм ем ќеиф ќе си имам а со дрвава загарантирана нервоза.

Треба да не молат да идеме да гледаме вакво мачење а не уште и сами да си плаќаме :).

Кога бивши докажани (и поштени) фудбалери ќе влезат на најбитните места во ФФМ тогаш ќе ни тргне на подобро, а до тогаш ќе си свиркаме и ќе сонуваме за успех како на кошаркарите или ракометарите :).
 
Гледам жалиме што не е некој фудбалер на чело на ФФМ ама додека жалиме нашиве ја поминаа 100-ката на ранг листа ... Поголем резил има ли од тоа !!! Ајде ваљда секое лошо за добро е ... И Ерменија беше 105 на ранг листа па сега се 40-ти ...Искрено со мочковци неможе да правиме репрезентација, такви безкичмењаци немам видено !!! Што глумат не ми е јасно !!! Млади место да се докажат тие уфилмани мислат се којзнае какви играчи ... Све старци би ги викнал искрено и би го реактивирал Седло малце да им залепи по еден шамар на ова мочковциве и убаво им праел кога гледаш вака :
1.Панче Ќумбев
2.Миле Крстев
3.Филип Деспотовски
4.Дарко Тасевски
5.Александар Бајевски
6.Стевица Ристиќ
7.Александар Митревски как би дошол во срединава наша само незнам до кај е со игриве
8.Мирсад Мијадиновски од Дебрецин
 
Срце на Терен:eek:
Уште да имаа срце овие ПИЧИЦИТЕ....(освен неколкумина).....
Криво ми е за Ерменците,им скинавме 2 бода лани во Скопје...:mad:
Играта и пожртвуваноста на Ерменците е пример како треба да се игра за својата земја...
Имаат шо да научат нашите МОЧКОВЦИ од нив....
Кога стигна Величе ОВЧАРОТ да е капитен на репката,кога во тимот играат Муарем на квадрат,Мирко Иваноски,Трајкоски(го барале Челзи:pos:,така напишаа пред некој ден....миле мој го барале):D.......
Нека ја затворат федерацијата,нека се откажат од учествата во циклусите...
Барем тие 4,5 милиони евра нека се пренаменат за другите федерации....
Тие луѓе со 10 пати помали буџети прават чуда,а овие слепците не донесоа на ранг на Андора,Сан Марино...:tapp:
Трајкоски не е баран од Челзи.....тој има играно во Челзи !!!.Минатата година има играно со младинците на Челзи на пријателски турнир и постигна гол во финалето на турнирот.
 
Незнам дали ги следите младите но како што гледам имаме убава иднина со нив. Одлично играат а гледам и Бабунски се залага посебно за репрезентацијата!! Браво за подмладокот а за успеси ке почекаме едно 4-5 години...
 
Незнам дали ги следите младите но како што гледам имаме убава иднина со нив. Одлично играат а гледам и Бабунски се залага посебно за репрезентацијата!! Браво за подмладокот а за успеси ке почекаме едно 4-5 години...
Незнам ти што си следел вчера, и дали си ги гледал младите како играат. Ништо посебно, мачење 90 минути на топката, една акција неможеа да сврзат ко што треба, поклон пенал..
Тебе тоа ако те радува, мене не.
 
Што мислите колку луѓе ќе има на стадион во Вторник?
 
Не верувам да има повеќе од 500 луѓе освен ако не полнат гратиси да даваат на секој

Ако даваат гратиси ќе вреди да се гледаат Словаците, ако не си седам дома :).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom