Дали коефициентот на интелегенција на младите опаѓа?

S

smexy

Гостин
Не е само до перцепцијата. Сметам дека обидот за да им најдеш одговор на прашањата, треба да ти одземе поголем дел од животот, него тенденцијата за критикување на нештата, и во таа борба за кристализирање на сопствениот концепт за животот и појавите, ако сакаш да ја добиеш битката, не ти одговара да се занимаваш со критики, туку со обиди за изнаоѓање решенија. А решенијата ќе се изнајдат со помош - и на теоријата, и на праксата. Е тек тогаш, си слободен да критикуваш ако сметаш дека треба.
А дали тоа значи дека младината не треба да ја критикува сегашната политика на власта?
Бидејќи, реално гледано нашата младина да речеме е политички недоволно созреана за разлика од постарата генерација.
Сепак, токму поради критичките ставови на младината се случија сите големи револуции во светот.

Всушност, за нешто да се промени, треба најпрвин да биде исперцепирано како погрешно, потоа да биде искритикувано како такво и на крај надлежните органи да го сменат тоа.
За жал, во земјава најчесто заглавуваме на првото, или токму поради тоа думање на одговори, не стигаме ни до таму.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
За нивото на интелегенција не знам, ама дека имаат искривени гледања на реалноста и дека се без амбиции, без воља за напредок и успех сигурно. И сето тоа не е предизвикано само од компјутерите и интернетот туку и од допуштањето се од страна на родителите. Кога детето веќе има се што ќе посака, не се стреми да достигне нешто повеќе.
Всушност немањето на амбиција во денешната маладина се должи на преголемата слобода на нашите родители да ни ја одземаат надежта.
- Немоеш тоа да го напраиш.
- Немоеш ова да го напраиш.
- Не иди ваму на факс, нема леб од тоа.
- Не прај ова, ќе се деси она...
Итн, итн. Неможеш па неможеш.
Зарем не треба родителот да биде тој што ќе ти каже, можеш! Зарем не треба родителот да биде тој што ќе ти каже - Прави го тоа што го сакаш, и прави го подобро од сите други!
Знаеш, малите пилиња се учат на летање, а големите се бутаат од гнездо. Нема милост.
Само што нас родителите не не научија на летање, а за бутање од гнездо, први се.

Понекогаш, оние кои се жалат дека помладите генерации стануваат се полоши и полоши, забораваат кој ги одгледал.
Нашите родители ја испосраа работата. И толку многу испосраа, што сега ние неможеме да постигнеме да досркаме. И згора на тоа, ние сме неспособни.
- Извини стари, ти се роди кога Југославија беше стабилна и го доживеа зенитот на своето развивање, твојата генерација е таа поради која денес Македонија е во транзиција, и твојата генерација е таа поради која сме во долгови. Да не пиевте колку што пиевте и да не крадевте колку што крадевте, денес ќе ни беше диско. Ама не ни е. Ради вас. Затоа, молим те.

Тоа е што се тиче релеваноста на коментарите од постарите само-наметнати "афторитети".

Конкретно на темата, немам време да коментирам, коа ќе имам, нема да коментирам.
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Никој не треба да биде подложен на горделивоста на некој постар.Едно е да помогнеш на некој изнемоштен, чисто од лична култура.
Друго е да робуваш поради твојата возраст.
Порано, постарите во мое маало, ова непишано улично правило си го врзаа во крпче па затоа и пробаа да не малтретираат.Се разбира им се собиравме повеќе и јадеа ќотек.
Сега кога сум на нивно место, ниеднаш не сум ни помислил да вршам опресија на помали од мене.
Не зависам од нивната почит.
Ооо начекале сте погрешни или пак тоа се постари 2 години максимум. Џиш е во право. Тоа е улична школа.Тоа ти беше непишано правило кај нас кое денес не важи, а и веќе никој не го применува. Така беше тогаш , го направивте тоа како мора помалите да одат и да копаат бавчи. Тоа беше од типот на Џиш што кажа донасање цигари, топка коа ќе побегнеше. Али затоа никој постар од другите маали не ни го дудлаше, а и не се смееше, малку глупо звучи ова и просто ама така беше тогаш и претходно, денес си го јадат стапот помалите.


Не ми е јасно зошто мислиш дека децата од претшколска возраст имаат морална обврска да пазарат наместо тебе?
По мене, деца од 4-5 годишна возраст не ни треба да се акаат по улици без надзор, а уште помалку да им изигруваат потрчковци на комшиите.
With all due respect, ама мислам дека е срамота здрав прав маж да очекува деца да му пазарат.
Ќе сфатев да се работеше за некој беспомошен старец, ама вака....
Друга работа е што тоа нема ама баш никаква врска со коефициентот на интелигенција.
Вие фејсбук генерации за ова нема што да дискутирате, street school испуштивте. Некои работи нема никогаш да ги научите, а тие се учат само надвор на улицата и тоа од мали нозе. Во глобална слика им опаѓа коефициентот, денс само знаат игри на компјутер/фејсбук и тоа. Си има и доста паметни деца ама глобалната слика е тоа. Родителите со купување на компјутер на секое дете не ги упропасти, ги упропасти интернетот.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Вие фејсбук генерации за ова нема што да дискутирате, street school испуштивте. Некои работи нема никогаш да ги научите, а тие се учат само надвор на улицата и тоа од мали нозе.
Детуле, јас сум некаде генерација на Џиш, каква фејсбук генерација, какви бакрачи, јас ни денес немам фејсбук.
За разлика од вас, јас сум самокритична и си признавам дека во мојата генерација имаше многу глуперди, исто како и во секоја генерација.
Ајде сеа, покажи почит и иди да ми земеш цигари.
И уште нешто, кој ги воспитува ( или би требало да ги воспитува) денешните деца, што според вас се невоспитани , разгалени и глупи?
 
S

smexy

Гостин
Ооо начекале сте погрешни или пак тоа се постари 2 години максимум. Џиш е во право. Тоа е улична школа.Тоа ти беше непишано правило кај нас кое денес не важи, а и веќе никој не го применува. Така беше тогаш , го направивте тоа како мора помалите да одат и да копаат бавчи. Тоа беше од типот на Џиш што кажа донасање цигари, топка коа ќе побегнеше. Али затоа никој постар од другите маали не ни го дудлаше, а и не се смееше, малку глупо звучи ова и просто ама така беше тогаш и претходно, денес си го јадат стапот помалите.
Нигде не беше спомната тешка работа.Се работи за принципи, и за тоа дали треба некој некому да му робува прибидејќи овој се вообразил дека е повозрасен.
Не сум должен на никој да му купувам цигари и кондоми.Посебно не на некој кој не е апсолутно никаков фактор во мојот живот.
Леб одам за баба ми и мајка ми, чисто од почит бидејќи ме изчувале, евентуално некоја ултра стара комшика(од култура), иако веќе и тие сите изумреа(освен баба ми и мајка ми).
Ако тој, некојси е интелектуално/физички надмоќен, сам нека оди нека си ги купи цигарите...или можеби е неспособен?
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Детуле, јас сум некаде генерација на Џиш, каква фејсбук генерација, какви бакрачи, јас ни денес немам фејсбук.
За разлика од вас, јас сум самокритична и си признавам дека во мојата генерација имаше многу глуперди, исто како и во секоја генерација.
Ајде сеа, покажи почит и иди да ми земеш цигари.
И уште нешто, кој ги воспитува ( или би требало да ги воспитува) денешните деца, што според вас се невоспитани , разгалени и глупи?
Као прво женско си и тие работи не се ти јасни, а и не сум ти некое детиште па да ти идем по цигари.

Болдот - Најтрагично е што никој не ги воспитува(global picture).
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Оваа генерација можеби и е донекаде пропадната, а можеби и не толку, поради стварните причини кој ги наведи ГодХејтАјАл.
Но што ке се случи со следните генерации, одгледувани од денешнава генерација?
Дали моменталната состојба на оваа генерација ке доведе до уште толку отапување на нивните млади?
Доколку еден родител е доволно свесен за тоа што на неговата генерација му се случувало, би требало да може своите деца да ги одгледа на начин кои ке ги избегне големите недостатоци на денешнава ген.
Но, заразлика од родителите на Југословенската генерација, кои ги имаат спознаено вредностите на животот и доволно животот ги научил за да ги одгледат нивните деца до свесни и паметни индивидуи кои можат да ги спознаат самите вредностите на животот и да избегнуваат грешки кои лошо би им се одразиле во животот (кои за жал и штета ги има малку), денешните т.е идните родители ке ги има многу малку кои пораснати со Фејсбук и интернетот кои го користат за безвеза цели и ги отапува, како тие ке ги одгледуваат своите деца, и како тоа ке се рефлектира на наредните генерации. Значи Југословенските родители ги има малко кои ги одгледале своите деца како што треба, но од денешниве генерации ке има многу помалку родители кои ке можат добро да ги пораснат своите деца. Одејќи по ова, наредите генерации се осудени на пропаст. Во ова високо информатичко доба, наменета да им ја олеснува работата на луѓето, уствари се наменети за веќе возрасните. Користењето на овие „помагатели'' од страна на децата (кои не се првично наменети за нив) децата ги расипува. Јасно е, свесните ги има што помалку.
Незнам што ке се случи, но како што тргнало, не оди накај добро
 

Amelie

Intelligence is sexy!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
16
Поени од реакции
20
Фрст тингс фрст. ;)

Нема никакво ТЕЛЕ или евентуално, ТЕЛЕВИЗОР во интелИгенција. Мислам дека на вака посетен и читан форум, треба да се обрне исклучително внимание на правописот. Не дека се правам смарти пентс, ама стварно, боде оче. Секој малку повнимателен веднаш го приметува. Најдобронамерна критика. :love:

Друго што сакав да кажам. Спротивно од опаѓање, јас мислам дека коефицентот на интелигенција расте. Па побогу, уште од мали работат со компјутери, разбираат англиски, се снаоѓаат во големи градови, а мајке ми, знаат и да ти ја спзнат, па да се прашаш од кај си испаднал.:D Ова со растењево на АЈКЈУ, ако не се лажам, е и научно докажано. Денешниот, модерен човек, МОРА да има повисок степен на интелигенција од неговите предци за да се снајде. Нели, многу информации, мозокот ни е буквално преблокиран од толку информации. Следствено, мозочето мора да ни работи на маалку повисоко ниво.

Така да, ако гледаме разлика во коефицент, треба да се споредува оној од пред, па, 50 години и овој денес. А ,,ситнурии,, од типот на 10 и 20 години, според мене и не значат многу, многу. :)

Значи да не мешаме поими на општа култура, домашно воспитување и интелигенција, тие немаат врска едни со други.
Невоспитани имало и ќе има. Денешната дрскост што ние, наводно, повеќе ја приметуваме е знак на нашето созревање и осознавање на културните човечки односи. :)
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Па ти ќе си ги воспиташ децата нема улицата да ти ги воспитува
Кажи им го тоа на Американците, на кои практично владата им забранува да ги воспитаат децата, дел од воспитувањето е повремена заушка, па некат и добар ќотек, за тоа во Америка се иде во затвор. Кај нас, добиеш ќец, ќец си е, крив бил професорот, можда и е, ама на твоите ич не им чуе, кај шо има сила нема правдина, ти учи избор немаш. Во Америка, несмее детето да биде криво, па децата кои не се до толку глупи да несфатат дека можат да праат шо сакаат пошо законот ги штити, го злоупотребуваат тоа право, за 30 години, едините паметни луѓе во Америка ќе бидат странци шо ќе им ги зимаат и тие пари шо ги немаат.

Нажалост, лека полека оваа судбина не чека и нас.
--- надополнето: Oct 4, 2011 11:50 PM ---
Фрст тингс фрст. ;)

Нема никакво ТЕЛЕ или евентуално, ТЕЛЕВИЗОР во интелИгенција. Мислам дека на вака посетен и читан форум, треба да се обрне исклучително внимание на правописот. Не дека се правам смарти пентс, ама стварно, боде оче. Секој малку повнимателен веднаш го приметува. Најдобронамерна критика. :love:

Друго што сакав да кажам. Спротивно од опаѓање, јас мислам дека коефицентот на интелигенција расте. Па побогу, уште од мали работат со компјутери, разбираат англиски, се снаоѓаат во големи градови, а мајке ми, знаат и да ти ја спзнат, па да се прашаш од кај си испаднал.:D Ова со растењево на АЈКЈУ, ако не се лажам, е и научно докажано. Денешниот, модерен човек, МОРА да има повисок степен на интелигенција од неговите предци за да се снајде. Нели, многу информации, мозокот ни е буквално преблокиран од толку информации. Следствено, мозочето мора да ни работи на маалку повисоко ниво.

Така да, ако гледаме разлика во коефицент, треба да се споредува оној од пред, па, 50 години и овој денес. А ,,ситнурии,, од типот на 10 и 20 години, според мене и не значат многу, многу. :)

Значи да не мешаме поими на општа култура, домашно воспитување и интелигенција, тие немаат врска едни со други.
Невоспитани имало и ќе има. Денешната дрскост што ние, наводно, повеќе ја приметуваме е знак на нашето созревање и осознавање на културните човечки односи. :)
Your point exactly :D

Или боде очи, или ги боцка очите, незнам :)

IQ-то нема врска со интелигентноста на човекот, тоа повеќе е коефициент на способност на процесирање информации. Има еден куп луѓе што вадат по 170 скор на IQ тестови но, стави ги во кола и незнаат што е кумплуг што кочница, иако им е веќе 3 пати објаснето. Се снаоѓаат да ги сконтаат шемите на сликичките, или низите од букви цифри, но нешто едноставно како точак или кола е криптонит за нивната убер “интелигенција“.

Работата за која збориме е general knowledge.
Општи познанства и способности, не само за гуглање и читање википедија. Еве пример ќе земам нешто што го приметувам многу често бидејќи сум во тие води, денешниве, така наречени фотографи, со апарати од 1000 евра што сеуште сликаат на ауто. Зошто? Бидејќи ти му објаснуваш на чоекот дека осветленоста на сликата во главно би зависела од два фактори, отворот на блендата и експозицијата, што подолга експозиција = повеќе светло, што поотворена бленда = повеќе светло. Ако намалиш едно треба да зголемиш друго, и обратно. И ти вика сваќам, и те гледа како теле. И пак на ауто. Што согледуваме? Дека кај ги мрзи да мислат, па и сакаат се на готово. Тоа не е повисока интелигенција, тоа е сосила праење глуп бидејќи компјутерот може место тебе да мисли.

Денешниве деца, се паметни, ептен се паметни, се додека имаат пристап на интернет, извади ги од светот на гугл и википедија еден месец, нема да си ја памтат адресата домашна, тек па кој бил Наполеон или Клеопатра.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Се изначитав се и сешто.
Прво и основно, пази младино ( зашто дечки до кај 22-23 години уште се младина) или вие целосно се исклучувате од она што го сублимирате под тој поим. Што всушност претставува младина дечки, ајде една дефиниција од колку до колку возраст? Зашто за моиве јас уште спаѓам во младина. По македонски речник, младина ти е секоја единка која може се уште да си ги спакува куферите и да му ја летне одовде сама ( нормално да не е во брак, ондак се губи она зборче младина и си во стартна позиција да ги користиш изразите како Во мое време, Денешниве деца...итн). Значи, и вие ќе бидете родители за некоја година. Што мислите што ќе произведете на овој свет - паметно или глупаво дете? Фер одговор е не знам. А и навистина е така. Навистина не знаете што ќе донесете на светов, дали заинтересирано дете со совест или багабонт. Резултатот не секогаш е ваша вина, ама родителот е првиот кој јас барем го покажувам со прст, кога детето оди во екстреми.

Погоре убаво си беше пишано. Повеќето деца кои обожаваат да урлаат во автобус, не почитуваат ништо живо, и не знаат да ја покажат Македонија на карта се резултат на домашно воспитување. Пошто имам другарки кои работат во образование, интересно со мене споделуваат случки во кои родителите на најнемирните и најнеписмените деца најмногу урлаат по наставниците. Они значи немаат поим што чуваат дома. Пушти го неколку саати да се издува и толку. Школо стана издувен вентил.

Ама настрана наша генерација и наша средина. Светот на општо ниво е загрижен за интелегенцијата на својата младина. Британија мака мачи со пијани средношколци и студенти, а Америка е веќе феномен. И самите знаеја дека се тупи, ама сега веќе станува алармантно. Види каде е трикот. Има една многу убава сцена од Нетворк, која зборува за телевизијата. Додајте го и интернетот и сте добиле погубна комбинација. Ова време е невидена слобода за достап на информации, за каква моите родители и вашите можеле да сонуваат. Го имате Гугл, 64 канали дигит минимум и тоа, мобилен и светот е ваш нели така? Моите имале МТВ еден канал, фиксен ако си среќен, а ако сакаш нешто да знаеш ете ти енциклопедија. Значи си морал да го бараш одговорот. Полесното те прави потуп, тоа е факт.

Друга работа што сум ја забележала кај дечкиве до кај 20 години. Никој нејќе да е Нобеловец, доктор, правник, што ти јас знам. Ама затоа, знае како се носи Бекам и он сака така, и дома бара да му се купи тоа и тоа. Самодовербата на децата е сериозно разнишана од старлети кои вложиле во силикони наместо во образование. Денес е побитно да си убав него паметен. Првите полесно поминуваат во секој случај. Затоа да не ве чуди ако ќерка ви сака да личи на Ким Кардашиан. Ким вози ферари, додека братучетка и што е доктор во Градска уште живее под кирија.

Сублимат: Знаат дека има полесен начин до одговори, а најтрагично е што мислат дека има полесен начин до успех. Тоа нема да се смени.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Ех рокенрола,вистина е дека денеска примерот за успешен човек е тотално погрешен.Сите сакаат да бидат ѕвезди,успешни,без труд,со талент или без талент...
Проблемот е во тоа што немаме доволно простор да бидеме сите такви.Забавната индустрија има капацитет од 1000 такви карактери а денеска сакаат милиони деца да бидат ѕвезди.Некој ќе успее а 99% ќе пропаднат.Проблемот да биде уште поголем е во тоа што родителите ги подржуваат во тоа наместо да им кажат дека животот се состои од 90% работа и 10% забава.Исто така представата што се добива за светот гледајќи телевизија или пак интернетот е сосема погрешна.Секаде се ветува брз и лесен успех.
Вистината е дека секој доага на овој свет со празно мозоче а како расте го полни со искуства и знаење.Проблемот е што денеска етерот е преполн со ѓубре.Колку и да несакаш ќе се инфицираш со глупости.Како на пример ако знам Коко какви ѓаќи носи утре поголема плата ќе ми дадат.
Всушност иако е тешко сам себе да се обвиниш,денес децата лошо создреваат поради нас постарите.Бидејќи јас продавам празни приказни за добра сума на пари а од друга страна пак како родител им дозволувам тоа да го консумираат.
Заклучок...и нема некој голем заклучок,"глупи" луѓе одсекогаш постоеле и ќе постојат.Ако родителите се невоспитани и со погрешна основа,најчесто истото тоа ќе им го пренесат и на децата.

И како олеснување...Послем секоја пропадната генерација доаѓа нова успешна.
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Нашава младина не е ништо специјално, секогаш имало глупи луѓе и секогаш ќе има. Ако опаѓал коефициентот на интелигенција со секоја нова генерација тогаш муабетов немаше да можеме да го правиме преку компјутер на интернет форум.
 
Член од
12 јуни 2006
Мислења
232
Поени од реакции
31
„Коефициентот на интелигенција на земјината топка е константа... само бројот на лугето се зголемува...“
- Марфиев закон...
 
Член од
14 април 2006
Мислења
116
Поени од реакции
43
Интелегенцијата и тоа кој колку е памете ( образпван ) се две различни работи. Има премногу паметми луѓе со многу мал коефициент ма интелегенција како што викаат начитани луѓе кој малце од своето знаење може да го применат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom