S
smexy
Гостин
А дали тоа значи дека младината не треба да ја критикува сегашната политика на власта?Не е само до перцепцијата. Сметам дека обидот за да им најдеш одговор на прашањата, треба да ти одземе поголем дел од животот, него тенденцијата за критикување на нештата, и во таа борба за кристализирање на сопствениот концепт за животот и појавите, ако сакаш да ја добиеш битката, не ти одговара да се занимаваш со критики, туку со обиди за изнаоѓање решенија. А решенијата ќе се изнајдат со помош - и на теоријата, и на праксата. Е тек тогаш, си слободен да критикуваш ако сметаш дека треба.
Бидејќи, реално гледано нашата младина да речеме е политички недоволно созреана за разлика од постарата генерација.
Сепак, токму поради критичките ставови на младината се случија сите големи револуции во светот.
Всушност, за нешто да се промени, треба најпрвин да биде исперцепирано како погрешно, потоа да биде искритикувано како такво и на крај надлежните органи да го сменат тоа.
За жал, во земјава најчесто заглавуваме на првото, или токму поради тоа думање на одговори, не стигаме ни до таму.