LHC Судрувач на честички (Церн, Божја Честичка, Бозон, Хигс)

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Олеснета е темава за едно ~50 постови, имаше навреди достојни за црвен картон и да си кажам дека следниот среќник со навреда ќе си го добие.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Ухуу :vozbud:

Ако теоријата на физичарите од Универзитетот Вандербит се покаже точна, Големиот хадронски забрзувач може да биде првата временска машина.

Илустрација на теоријата за патување низ времето - Кога два протони ќе се судрат во Големиот хадронски забрзувач, при експлозијата може да се создаде специјална честичка Higgs singlet која што има способност да патува во иднината и минатото, со напуштање на тридимензионалниот простор и преминување во посебна димензија.

Големиот хадронски забрзувач во 2010-та ја започна операцијата за реконструирање на условите што владееле неколку милисекунди по таканаречената голема експлозија (Биг Банг) во која настанала вселената, пред околу 15 милијарди години, a при операцијата треба да се создаде Хигсовиот бозон.

Доколку забрзувачот успее да го создаде Хигсовиот бозон, според физичарите ќе се создаде и втора честичка “Higgs singlet" која што ќе може да се пренесе во петта димензија при што ќе може да патува во иднината или минатото.

“Ваквиот приод кон теоријата за патување низ времето е посебен заради тоа што ги избегнува сите големи парадокси. На пример, патувањето низ времето е ограничено само на вакви посебни честички и не е можно човек да се врати во минатото. Ако научниците можат да го контролираат создавањето на “Higgs singlet", можно е да и да успеат да испратат пораки во минатото или иднината,“ објаснува Вилер.

Неговата теорија се заснова врз М-теоријата, која подразбира дека светот има 11 димензии.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
Добро колку време помина со забрзување,нели е дојдено време да се судрат честичките со брзина блиска до бр. на светлината? Кога се очекува Д-Денот? фала поз.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Неговата теорија се заснова врз М-теоријата, која подразбира дека светот има 11 димензии.
Интересно е (да се доживее само) кога ќе дојдат до онаа универзална теорија која ги обединува м и уште некои (или некоја, не сум сигурен) теории. Би било интересно да се најде конечно макар приближен одговор за некои појави и универзални прашања што го окупираат човекот оддамнина. Сложена работа ама ваљда ќе биде скоро.

Навистина, до каде се со тестовите, анализите и сумирањето на резултатите, дали некој е во тек?
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Патување низ времето а?... велиш... втора честичка “Higgs singlet" ... Каде е првата?
Како се знае за првата?
 

DANTE

Gym instructor.
Член од
22 март 2006
Мислења
1.318
Поени од реакции
366
Ухуу :vozbud:

Ако теоријата на физичарите од Универзитетот Вандербит се покаже точна, Големиот хадронски забрзувач може да биде првата временска машина.

Илустрација на теоријата за патување низ времето - Кога два протони ќе се судрат во Големиот хадронски забрзувач, при експлозијата може да се создаде специјална честичка Higgs singlet која што има способност да патува во иднината и минатото, со напуштање на тридимензионалниот простор и преминување во посебна димензија.

Големиот хадронски забрзувач во 2010-та ја започна операцијата за реконструирање на условите што владееле неколку милисекунди по таканаречената голема експлозија (Биг Банг) во која настанала вселената, пред околу 15 милијарди години, a при операцијата треба да се создаде Хигсовиот бозон.

Доколку забрзувачот успее да го создаде Хигсовиот бозон, според физичарите ќе се создаде и втора честичка “Higgs singlet" која што ќе може да се пренесе во петта димензија при што ќе може да патува во иднината или минатото.

“Ваквиот приод кон теоријата за патување низ времето е посебен заради тоа што ги избегнува сите големи парадокси. На пример, патувањето низ времето е ограничено само на вакви посебни честички и не е можно човек да се врати во минатото. Ако научниците можат да го контролираат создавањето на “Higgs singlet", можно е да и да успеат да испратат пораки во минатото или иднината,“ објаснува Вилер.

Неговата теорија се заснова врз М-теоријата, која подразбира дека светот има 11 димензии.
ако е ова вистина значи тие што живеат во иднината би требало да не известуваат за случувањата и непогодите што би и застанале на пат на земјата. малце е нелогично и глупо ова мислење но ако ние сме во сегашноста, за тие што се во иднината ние сме минато. ако они го пробаат ова сигурно во иднината веќе е пробано и ако работи значи треба да очекуваме информации од иднината :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Стварно мајстори има некои написи што ме збунија во врска со овој системов. Некои медиуми информираа за разни проблеми, експлозии, кварови...поврзани со научната фела која работи таму.

Во Тајмс наидов на еден ваков наслов (подолу е дел од текстот)
A particle God doesn’t want us to discover
Could the Large Hadron Collider be sabotaging itself from the future, as some physicists say

This time, however, their ridicule has been rather muted — because the time travel idea has come from two distinguished physicists who have backed it with rigorous mathematics.
What Holger Bech Nielsen, of the Niels Bohr Institute in Copenhagen, and Masao Ninomiya of the Yukawa Institute for Theoretical Physics in Kyoto, are suggesting is that the Higgs boson, the particle that physicists hope to produce with the collider, might be “abhorrent to nature”.
What does that mean? According to Nielsen, it means that the creation of the boson at some point in the future would then ripple backwards through time to put a stop to whatever it was that had created it in the first place.
This, says Nielsen, could explain why the LHC has been hit by mishaps ranging from an explosion during construction to a second big bang that followed its start-up. Whether the recent arrest of a leading physicist for alleged links with Al-Qaeda also counts is uncertain.
Nielsen’s idea has been likened to that of a man travelling back through time and killing his own grandfather. “Our theory suggests that any machine trying to make the Higgs shall have bad luck,” he said.
“It is based on mathematics, but you could explain it by saying that God rather hates Higgs particles and attempts to avoid them.”
His warnings come at a sensitive time for Cern, which is about to make its second attempt to fire up the LHC. The idea is to accelerate protons to almost the speed of light around the machine’s 17-mile underground circular racetrack and then smash them together.
In theory the machine will create tiny replicas of the primordial “big bang” fireball thought to have marked the creation of the universe. But if Nielsen and Ninomiya are right, this latest build-up will inevitably get nowhere, as will those that come after — until eventually Cern abandons the idea altogether.

------------
Не разбирам што пишат ама генерално можно е да имаат проблеми...можно е да е ова точно?
Не доаѓа од умот на ненормални или неуки луѓе него од лица кои работат баш на вакви проблеми. Инаку стар напис од 2007, но ваљда физика е физика
 
I

Intex

Гостин
^ Теоријата држи место, само никогаш на таков начин не би успеало да се изврши класично патување низ времето, туку само честички кои дури и ги заобиколуваат парадоксите, дека од тоа што прочитав во врска со темава, научниците чија е оваа теорија разгледуваат мултиверзум каде сите универзуми се врзани еден со друг со некоја сила, well гравитација. Е сега, кога нашиот универзум би бил во центарот на тој мултиверзум, ние не би биле во можност да патуваме во следниот, или барем честичките, бидејќи владеат огромни гравитациони сили кои дури и теоретски е невозможно да се совладаат. Но таа гравитациона сила во секој следен универзум станува се помала и помала, и тој некој последен условно кажано иако се работи за бесконечен број универзуми т.е. моменти ќе има многу помала гравитација и во тој универзум ќе може да се совладаат гравитационите сили.

Е сега, како знам дека не сме во центарот на мултиверзумот?

Секој од тие универзуми е слика т.е. момент од времето и ние само патуваме по таа замислена оска ко на филм и со тоа времето тече. Универзумот постои 14 милијарди години, според научниците ќе постои уште многу повеќе од тоа време пред да почне да се собира за да може да продолжи со само одржувањето на перпетуум мобајлот (универзумот е перпетуум мобајл, долга тема, да не објаснувам овде). Од тука доаѓаме до заклучок дека ние сме далеку од средината на тој мултиверзум и ќе бидеме уште мнооогу долго (мерено во години). Ќе можеме да патуваме од еден во друг мултиверзум се до моментот кога ќе стигнеме до средината на староста од универзумот. Најголеми шанси за патување, т.е. најмала потреба од ослободена енергија се потребни во првиот момент од создавањето на мултиверзумот и последниот од постоењето, бидејќи првиот и последниот универзум имаат најслаба гравитација.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.461
Поени од реакции
5.163
Добиено најтешкото јадро на антиматеријата

Меѓународен тим физичари кои работат на проектот STAR, го добила во експерименталниот колајдер (Relativistic Heavy Ion Collider) во САД најтешкото јадро на антиматерија - јадрото на антихелиум-4, се вели во напис објавен во списанието „Nature“.
Во колајдерот RHIC, кој работи во Брукхејвенската национална лабораторија (САД), се испитуваат забрзаните речиси до брзина на светлината јони на златото. Како резултат на овие судири за многу кратко време биле создадени услови во кои материјата била исто како еден момент по Големиот тресок.
Според сегашните претстави, во моментот на раѓањето на Вселената честичките и античестичките мора да биле појавени во еднакви количества. Но, сега не постои антиматерија во универзумот. Можеби резултатите од овој експеримент ќе помогнат да се разбере ова асиметрија, сметаат научниците..
Авторите на студијата ги анализирале податоците регистрирани со детекторот STAR за 0,5 милијарди наелектризирани честички произведени од околу милијарда судири на јони на злато.
„Вкупно во експериментот беа регистрирани 18 случаи на појава на јадра на антихелиум", се вели во написот во магазинот „Nature“.
Овие нуклеуси кои се состоjат од два антипротона и два антинеутрона претставуваат „антиматеријални“ партнери на алфа честичките.
Почнувајќи од 1950. година физичарите добиваат атоми на антиводород и антидеутериумот, а во 1970. година, советски научници првпат го добија антихелиум-3 (чие јадро се состои од два антипротона и еден антинеутрино).
Сепак, досега научниците не можеа да откријат вакви тешки јадра на атоми на антиматеријата и да добијат „целосен“ антихелиум.
Авторите на статијата посочуваат дека документираните случаи на раѓање на антихелиумот ќе овозможи подобро да се разберат закономерностите за појава на антиматеријата, а особено да се дознае зошто речиси и да ја нема антиматеријата во Вселената, иако во времето на Големиот тресок, материјата и антиматеријата биле создавани во еднакви количества.
Обидите за производство на антиматеријата се развиваат со учество на голема меѓународна група физичари во швајцарско-францускиот институт CERN со помош на уредот AMS (магнетен алфа-спектометар), кој ќе биде испратен во Вселената кон крајот на април со вселенскиот шатл „Индевор“.
„Ако AMS најде докази за присуство на значајна маса на антиматеријата во Вселената, мерењата на детекторот STAR ќе даде квантитативна основа за нив“, вели еден од авторите на студијата, Хенк Крафорд од Универзитетот Калифорнија во Беркли.
Во март 2010. година, во судирачот RHIC за првпат беше добиена некоја чудна анти-материја - јадра од античестички кои содржат ткн „чудни кваркови“. Тоа беа јадра на хипертритониум и на антихипертритониум, кои одат во прилог на тврдењето дека протоните и неутроните ја содржат необичната компонента - ламбда-хиперонс.
Оваа честичка се состои од горни и долни кваркови (од кои се изградени протоните и неутроните), а исто така содржи и некој невообичаен кварк.

Извор
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Атоми на антиматерија заробени на повеќе од 15 минути
Истите научници кои беа првите кои успеаа да фатат антиводород минатата година кога создадоа и одржаа 38 атоми на антиводород за 172 милисекунди во силно магнетно поле, сега успеаа да заробат 309 атоми на антиводород во различни временски периоди, со најдолго траење до 1.000 секунди (нешто повеќе од 16 минути). Физичарите би сакале да ги споредат својствата на антиводородот со водородот, најзастапениот елемент во универзумот. Овие споредби би можеле да вклучат ласерска спектроскопија на антиатоми или физички тестови за тоа како антиводород го "чувствува" влијанието на земјината тежа. Кои било разлики помеѓу водородот и антиводород може да помогнат во објаснувањето зошто материјата ја победила антиматеријата во видливиот универзум.
http://www.scientificamerican.com/article.cfm?id=antiatoms-alpha-1000-seconds
http://www.guardian.co.uk/science/2011/jun/05/scientists-create-antimatter-study
http://www.huffingtonpost.com/2011/06/07/cern-scientist-antimatter-video_n_872515.html
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.132
Поени од реакции
801
Побрзо од брзината на светлината???!!!

WTF???
Сега паѓа све живо и диво у вода?

But for now, he explained, we are not claiming things, we want just to be helped by the community in understanding our crazy result - because it is crazy.

"And of course the consequences can be very serious."

Дополнителен текст

Subir Sarkar, head of particle theory at Oxford University, said: "If this is proved to be true it would be a massive, massive event. It is something nobody was expecting.

Кој останува со Ајнштајн, а кој почнува да се сомнева во него?


Уште нешто
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Eден од темелите на физиката и теоријата за релативитетот на Ајнштајн - дека ништо не може да биде побрзо од брзината на светлината - „ни криви ни должни“ го разнишаа научниците од ЦЕРН.

Европските истражувачи велат дека успеале да истрелаат субатомска честичка т.н. неутрино со брзина поголема од брзината на светлината, која долго време се сметаше за максимална брзина во вселената.
Ова тврдење беше пречекано со скептицизам, дотаму што еден физичар кој не учествува во ЦЕРН го нарече „еквивалент на тоа да тврдите дека имате летечки килим“. Реално, и самите истражувачи не се подготвени да прогласат откритие и бараат од други физичари независно да се обидат да ги верификуваат нивните наоди.
Доколку биде потврдено она што го кажа Антонио Ередитато од ЦЕРН, дека успеале да истрелаат сноп неутрино честички од Женева до 730 километри оддалечениот Гран Сасо во Италија за 60 наносекунди побрзо од брзината на светлината, ова откритие ќе го поткопа клучниот елемент на Општата теорија на релативност на Алберт Ајнштајн од 1905 година, според кој ништо во вселената не може да патува побрзо од светлината.
„Ова откритие е толку неверојатно што засега сите мораме да бидеме максимално внимателни“, изјави Ередитато кој не сакаше да шпекулира што би значело за физиката доколку и други научници ги потврдат резултатите на ЦЕРН.
Дури и да дојде до потврда на резултатите, тие нема да го променат потполно начинот на кој живееме или начинот на кој функционира светот. На крајот на краиштата, овие честички теоретски биле господари на брзината со милијарди години. Но, ова откритие, доколку се потврди, потполно ќе го промени нашето сфаќање за тоа како функционира универзумот, велат научниците.

Постоењето на неутриното, елементарна честичка со исклучително мала маса која се создава при радиоактивно распаѓање или нуклеарни реакции како оние на Сонцето, за прв пат е потврдено во 1934 година, но оваа честичка и ден денес ги буни научниците - неутриното може потполно незабележливо, недетектирано да пројде низ повеќето материи, па така низ човечкото тело секојдневно минуваат милиони неутрина.
Дру Бејден, раководител на катедрата за физика при Универзитетот во Мериленд, САД, изјави дека е многу поверојатно откритието на ЦЕРН да е резултат на грешка во мерењето. „Следењето на неутриното е многу тешко“, вели тој.
Од ЦЕРН велат дека поради огромните импликации кои ова откритие би можело да ги има, тие минале месеци и месеци препроверувајќи го нивниот резултат за да се осигураат дека нема грешки во експериментот.
Дали ова би значело крај за теоријата на Анштајн? Повеќето научници не сметаат така.
„Мислам дека никогаш нема да можете да ја „убиете“ теоријата на Ајнштајн. Не можете. Функционира. Само, некогаш постојат ситуации во кои е потребно дополнително појаснување“, вели физичарот Алан Костелецки од Универзитетот во Индијана, кој работел на овој концепт повеќе од 25 години.

мислам дека треба да се отвори нова тема само за ова
http://kajgana.com/cern-ja-srushi-brzinata-na-svetlinata
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Што се паѓа во вода... што се станува теоретски - возможно (хинт патување) и што ќе значи ова за една земја со рудник кој дава слободни неутрина... чекај - ние сме таа земја :D
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Од Женева до Гран Сасо има 730км.
Светлината го поминува ова растојание за:
Tc = 730000 / 299792458 = 0.00243502 секунди.
Со овој експеримент неутриното го поминало ова растојание за 60 наносекунди побрзо т.е. за 0.00243496 секунди.
Оттука брзината на неутриното е:
Vn = 730000 / 0.00243496 = 299799586 m/s
Бидејќи апсолутната грешка во мерењето на експериментот е 10ns и растојанието не е точно 730.000 м, следува дека со овој експеримент (доколку е исправен!) е добиена брзина на неутриното од околу 299800 km/s.

Од ова произлегуваат неколку последици:
Или во CERN лошо мереле, занемарувајќи некои работи што не требале да ги занемарат.
Или пак на брзината на честичките влијае нешто што Ајнштајн мислел дека не влијае.
Или нешто трето, четврто.

Можеби и фотоните можат да се движат со истата брзина доколку се емитуваат под слични услови, а можеби и побрзо. Трката продолжува. Засега неутриното убедливо води. Јас се обложувам на неутриното :) Run neutrino run!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom