LHC Судрувач на честички (Церн, Божја Честичка, Бозон, Хигс)

L

Liberation

Гостин
ЦЕРН ја повтори Големата експлозија

Наспроти катаклизматичните предупредувања, Големиот хадронски колајдер (ЛХЦ) на Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) ја рекреира Големата експлозија (Биг Бенг) односно нејзината мини-верзија!


Големиот хадронски колајдер (ЛХЦ) на Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) успеа со судари на атоми да предизвика мини-верзија на Големата експлозија, која според верувањето на многумина научници била причина за создавање на вселената. Експериментот е спроведен во седиштето на ЦЕРН во Женева и покрај предупредувањето на некои научници дека таквиот тест би можел да предизвика серија катаклизмички реакции, кои би биле погубни за Земјата. Во текот на експериментот се создадени температури милион пати поголеми од оние во јадрото на Сонцето, што предизвикува топење на атомските честички и создаде смеса од материја. Сударите се предизвикани на тој начин што низ 27-километарскиот подземен тунел на ЦЕРН, кој се наоѓа на границата меѓу Швајцарија и Франција, со голема брзина се пропуштени снопови на јони на олово, атоми од кои се остранети електроните, пренесува МИА.

Професорот д-р Дејвид Еванс од Универзитетот во Бирмингем изјави дека сите вработени во ЦЕРН се воодушевени од остварувањето. "Сударите предизвикаа мини-верзија на Големата експлозија и создадоа досега највисоки температури и густина остварени во текот на еден експеримент", потенцира Еванс. Според него, целиот процес се одвивал во безбедно контролирано опкружување, при што е создадена температура повисока од десет трилиони степени, што е милион пати пожешко од јадрото на самото Сонце. Тоа се услови кои не се забележани од Големата експлозија. Еванс истакна дека на оваа температура дури и протоните и неутроните што го сочинуваат јадрото на атомот се топат во врела густа маса на кварк и глуон, позната под името кварк-глуон плазма. "Со проучување на оваа 'густа супа' физичарите се надеваат дека ќе дознаат повеќе за Големата Сила, една од четирите фундаментални сили на природата", потенцира Еванс.

Извор.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Нема македонче вработено таму... да се позаебава со стабилноста на системот и да открие како да го “хакира“...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Нема македонче вработено таму... да се позаебава со стабилноста на системот и да открие како да го “хакира“...
Има озбилно ама го заборавив како се викаше.....
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
245
Поени од реакции
12
Нема македонче вработено таму... да се позаебава со стабилноста на системот и да открие како да го “хакира“...
Можда има некој да ја бриши прашината од колајдерот:pos2:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Има озбилно ама го заборавив како се викаше.....
Владимир Глигоров, дипломиран физичар на Оксфорд беше дел од тој проект, најверојатно и сеуште е, само што најверојатно се води како државјанин на Австрија, не на Македонија.
 
L

Liberation

Гостин
Компјутерска симулација на експериментот:
Главна цел е да се потврди постоењето на глуонот и кварк-глуонската плазма кои постоеле само дел од секундата при создавањето на Вселената и да се утврди зошто постои масата. (Значи создадена е глуонска плазма која постоела само при создавањето на Вселената, што зборува за значењето на експериментот и големината на можните откритија.)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
учев физика нешо ова, ама пак ништо не сфаќам, мион, тау, даун, стреинџ.. :\ њтф
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Кварковите (барем мислам дека беа тоа) се силите кој што ги држат честиците заедно и им даваат маса.А неутрината ти се производ од бета разложувањето на атомите.
 
L

Liberation

Гостин
Глуонот е градбена честица на протоните и неутроните и учествува во нивната маса. Во средно по физика се стигнува до електрон, неутрон и протон, и потоа и самите професори се плашат да кажат дека тие се разградуваат на други градбени единки, зш од физика ќе треба да забегаат во филозофија и квантност.
 
S

smart ass

Гостин
Патем би додал теориите за создавање вештачка црна дупка се ТОЧНИ,но сепак фактот е дека по пресметките тоа ќе бидат црни дупки со краток живот(бидејќи нели и црните дупки нзрачат),всушност така некои објаснуваат гравитациски аномалии.

--- надополнето ---

учев физика нешо ова, ама пак ништо не сфаќам, мион, тау, даун, стреинџ.. :\ њтф
Отпрвен било темнинаа и имало една точка наречена сингуларитет во која владееле кој ти знае какви закони и така таа одненадеж експлодирала и создала енергија но и маса е сега таа експлозија наречена биг бенг има своја еволуција од бозоните(кои уствари и ги бараат) кои се наречени божји честици и одговорни за ова денес.

Е сега на физичарите им е јасно дека атом е составен од протон,неутрон и електрон па протоните од кваркови...и..т..н

Но поентата е што квантиката малце зафркава-ние го рекреиравме биг бенг со цел да дознаеме како се создала Масата,Гравитацијата,па Електро-магнетната сила и слабата и јаката нуклеарна сила т.е бараат одговор како настанал Универзумот.

--- надополнето ---

Ги испраа парите и со тоа целтта на проектот е исполнета.

Да бе...бучо нуклеарна Централа работи за НИВ!!

П.С инаку најгуста материја која ние ја знаеме е Осмиумот-има најголема густина-но во вселената имаме места со трилиони поголема густина..можеби некој закон забегува-сепак има шанса.

А ако не го откријат гравитонот ќе падне напумпаната до дури 11 димензии стринг теорија-бидејќи според нив експанзијата т.е нејзината акцелерација е последица на заминувањето на гравитоните во друга димензија и универзум

Скапана теорија е повеќе е филозофија-нема докази(убедувачки-само математика чиниш намерно наштимана).

Чисто Едукативно ако ја прифатите стринг теоријата тогаш Прифатете дека во друга Димензија сте КЛОШАР,ПИТАЧ,ЏАНАК,Претседател,Сериски Убиец,Пироман,зоофил..некрофил,Педер па ограбувач на банки и.т.н
 
L

Liberation

Гостин
За масата си во право, но кварковите се основните честички на материјата, 6 различни на број, бозоните се тие сили за кои зборуваш, а неутрината се истотака основни неутрални честички кои се движат приближно 300.000 км/сек. Слични се на електронот, само што овој е со негативен полнеж. Неутрината настануваат при премин на протон во неутрон и обратно (бета разложување).
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.464
Поени од реакции
5.164
Атоми на антиматерија произведени и сочувани во CERN
20.11.2010


На 17 ноември 2010 експериментот АLPHA во СЕRN отиде со голем чекор понапред во пронаоѓање техники за одговарање на прашањето: Дали има разлика помеѓу материја и антиматерија? Ова го направија со тоа што успеаа да произведат и зачуваат атоми на антиводород. Сето ова ќе отвори пат до нови начини на детално мерење на антиводородот, и ќе помогне во споредувањето на материјата со антиматеријата.

Водород и антиводород.

Антиматеријата останува една од најголемите мистерии на науката. Материјата и нејзиниот спротивник се идентични освен тоа што имаат спротивен полнеж. Затоа кога ќе се сретнат се уништуваат. Во времето на Big Bang материјата и антиматеријата требало да се произведуваат во еднакви количини. Но, знаејќи дека нашиот свет е направен од материја, антиматеријата изгледа како да исчезнала. За да дознаат што се случило, научниците поставуваат многу методи за да истражат дали има мала разлика во својствата на материјата и антиматеријата кои можат да посочат кон објаснување.

Шема на ЦЕРН.

Една од овие методи е да се земе еден од најпознатите системи во физиката, во овој случај атомот на водород. Тој е составен од еден протон и еден електрон. По ова треба да проверат дали неговиот спротивник (антиводород) кој се состои од антипротон и позитрон ќе се однесува на истиот начин. СЕRN е единствената лабораторија во светот каде што може ова истражување да биде направено.
Програмата за антиводород датира од 1995 год. Во 1995 првите девет атоми на антиводород произведени од човек беа произведени во СЕRN. Потоа, во 2002, експериментите АТНЕNA и АТRАР покажаа дека е можно да се произведе антиводород во големи количини, со што се отвори можноста да се направат подетални истражувања. Најновиот резултат од АLPHA е најновиот чекор во ова патешествие.

Антиводородните атоми во СЕRN се произведени во вакуум, но сепак тие се опкружени од нормална материја. Бидејќи кога материјата и антиматеријата ќе се сретнат се уништуваат, атомите на антиводород неможат да постојат многу долго. Нивното постоење може да биде продолжено со користење на јаки и комплицирани магнетни полиња за да ги фатат и со тоа да не дозволат тие да дојдат во контакт со материја. Експериментот ALPHA покажа дека со оваа процедура можат да се задржат атоми од антиводород околу еден десетти дел од секундата. Ова време е доволно за тие да можат да се проучат. Од илјадниците атоми кои успеале да ги направат во експериментот најновиот извештај кажува дека само 38 атоми биле заробени доволно долго за да бидат проучени.

Во тунелите на ЦЕРН.

Во друг неодамнешен проект во програмата за антиматерија на CERN, експериментот ASACUSA демонстрираше нова техника за произведување на антиводородни атоми. Во извештајот што наскоро ќе излезе се кажува дека забележале успех во обидот за правење на антиводород во таканаречена “Cusp” стапица, која е од суштинско значење за произведување на зрак. ASACUSA планира да ја унапреди оваа технологија до тој степен кога ќе можат да произведат зраци со доволен интензитет кои ќе преживеат доволно долго време за да бидат проучени.

Овие се многу значајни чекори во истражувањето за антиматеријата, и значаен дел од многу широкиот спектар на истражувања во програмата на CERN.


Извор
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
И шо коа ќе ги судрат атомите? Што ќе докажат?
Никако да ми влезе ова во глава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom