LHC Судрувач на честички (Церн, Божја Честичка, Бозон, Хигс)

G

galaxy

Гостин
Што се паѓа во вода... што се станува теоретски - возможно (хинт патување) и што ќе значи ова за една земја со рудник кој дава слободни неутрина... чекај - ние сме таа земја :D
Лорандитот не дава неутрина туку детектира неутрина.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Цела модерна физика се базира на постојаноста и ненадминливоста на брзината на светлината... огромен број на закони во математичка форма ја содржат константата с... Ако ова се докаже, ќе дојде до големи промени во физиката! :)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062

ама сите закони до сега со константата с досега давале ефикасни решенија.

можно е само да има нешто како теоретско дополнување.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
ама сите закони до сега со константата с досега давале ефикасни решенија.

можно е само да има нешто како теоретско дополнување.
Сите закони во модерната физика се штимани за да ги опишат точно познатите појави. Се додека не се дојде до големото обдинување на сите закони во една општа теорија, на кој како ќе му текне, така ќе си ги толкува работите....
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Neutron не е неутрино, туку неутрон. Неутрино на англиски се вика "neutrino". Тоа се две различни честички. Тесла зборел за неутроните.
и без тоа пак останува нај мадафака човек у историја :)
го подржувам fear
 
S

smexy

Гостин
Од Женева до Гран Сасо има 730км.
Светлината го поминува ова растојание за:
Tc = 730000 / 299792458 = 0.00243502 секунди.
Со овој експеримент неутриното го поминало ова растојание за 60 наносекунди побрзо т.е. за 0.00243496 секунди.
Оттука брзината на неутриното е:
Vn = 730000 / 0.00243496 = 299799586 m/s
Бидејќи апсолутната грешка во мерењето на експериментот е 10ns и растојанието не е точно 730.000 м, следува дека со овој експеримент (доколку е исправен!) е добиена брзина на неутриното од околу 299800 km/s.

Од ова произлегуваат неколку последици:
Или во CERN лошо мереле, занемарувајќи некои работи што не требале да ги занемарат.
Или пак на брзината на честичките влијае нешто што Ајнштајн мислел дека не влијае.
Или нешто трето, четврто.

Можеби и фотоните можат да се движат со истата брзина доколку се емитуваат под слични услови, а можеби и побрзо. Трката продолжува. Засега неутриното убедливо води. Јас се обложувам на неутриното :) Run neutrino run!
Зарем честици кои се движат побрзо од светлината, теоретски, не би се враќале назад во времето?
Нешто како тахион.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Зарем честици кои се движат побрзо од светлината, теоретски, не би се враќале назад во времето?
Нешто како тахион.
баш за ова дискутиравме со едно другарче денес. баш ме интересира твоето мислење за враќањето во времето? како се изведува тоа?
 
S

smexy

Гостин
баш за ова дискутиравме со едно другарче денес. баш ме интересира твоето мислење за враќањето во времето? како се изведува тоа?
Па ако во равенката за дилатација на време замениме v=2c

Ќе добиеш комплексен број како резултат пошо ќе добиеш негативен корен а верувам дека за враќање назад би требало резултатот да биде негативен не?
Оваа зона ми е прилично неистражена а и стварно вака е премногу неопипливо за да можам да рассудувам.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Па ако во равенката за дилатација на време замениме v=2c

Ќе добиеш комплексен број како резултат пошо ќе добиеш негативен корен а верувам дека за враќање назад би требало резултатот да биде негативен не?
Оваа зона ми е прилично неистражена а и стварно вака е премногу неопипливо за да можам да рассудувам.
aj утре ќе пишам што мислам јас. сеа ептен ми се спие за да навлегувам во таа философија
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па ако во равенката за дилатација на време замениме v=2c

Ќе добиеш комплексен број како резултат пошо ќе добиеш негативен корен а верувам дека за враќање назад би требало резултатот да биде негативен не?
Оваа зона ми е прилично неистражена а и стварно вака е премногу неопипливо за да можам да рассудувам.
Тука има два проблеми.
Прво, горната равенка важи ако и само ако брзината на светлината е најголема брзина во вселената. Доколку неутрината навистина се движеле со брзина поголема од брзината на светлината, тогаш и горната равенка и сите останати релативистички равенки не важат и ќе мора да се ревидираат.
Второ, корен од негативен број не е негативен број, туку комплексен број. (како што и самиот забележа) Тој број нема реална негативна компонента. Тоа е вектор чиј крај се наоѓа на горниот дел од комплексната оска, а неговата реална компонента е нула.
--- надополнето: Sep 24, 2011 1:29 AM ---
Зарем честици кои се движат побрзо од светлината, теоретски, не би се враќале назад во времето?
Нешто како тахион.
Би било интересно да е така, но веројатно не. Тоа веројатно би значело дека во сите релативистички равенки ќе треба константата "c" да се замени со нова константа која ќе биде всушност брзината на побрзите честички.
 
Н

нихилист

Гостин
Дојдов на темава да ширам малку скептицизам. Никој не треба да ги земе резултатите здраво за готово, и самите научници рекоа дека ќе им бидат потребни околу 3 месеци да се консолидираат и темелно да проверат за што се работи. Ова е сепак само еден маргинален резултат во една лабораторија. Исто така, постојат електромагнетни бранови кои се побрзи од светлината но се во согласност со релативноста. Затоа, иако изгледа интересно, потребно ќе биде да се извршат многу дополнителни проверки пред да се даде големо значење на ова откритие.

И така, без залетувања...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Па ако во равенката за дилатација на време замениме v=2c

Ќе добиеш комплексен број како резултат пошо ќе добиеш негативен корен а верувам дека за враќање назад би требало резултатот да биде негативен не?
Оваа зона ми е прилично неистражена а и стварно вака е премногу неопипливо за да можам да рассудувам.
дали можеш некако да теоретски да објасниш како е можно да се патува во минатото?
--- надополнето: Sep 24, 2011 10:41 AM ---
патување во минатото.

Темава е малку по комплексна ќе се трудам да го изјаснам моето мислење најпросто што можам.

Релативистиката на ајнштајн отприлика кој помалку кој повеќе знае за што се работи. Дека не постои едновременост на настани, за некој еден настан се случува прв од другиот за некој обратно (чии зраци ќе допатуваат побрзо до набљудувачот) а сето тоа зависи во кој инерцијален систем се наоѓаме.
После дека времето тече различно во однос на кој инерцијален систем набљудуваме. (за некој побавно некој побрзо) а сето тоа зависи од разликата на брзините од системите во однос на кои се набљудува. (дилатација на време).
Контракција на должина .. скратување на должината во однос на насоката во која се движи системот.

И најважно е дека ајнштајн докажува дека не постои брзина поголема од брзината на светлината. Според равенките доколку се постигне таа брзина со некоја честичка која не е фотон тогаш таа честичка би добила бесконечно голема маса. ( колку поголема брзина се зголемува масата на телото). А си тоа што неможе да се постигне таа брзина фотонот (честичка/бран на светлината) не постои во мирување бидејќи нема координатен систем од кој тој би се набљудувал во мирување.

отприлика ова се главните карактеристики на релативистиката на ајнштајн поткрепени со Лоренцовите трансформации (равенки) и Е=мc^2 кои се ефикасни и сето тоа го потврдуваат.

Незнам за други теории ама моето мислење е ако се достигне и може да се престигне брзината на светлината тогаш ние ќе можеме да го набљудуваме минатото. (ако таа брзина би се постигне со големи тела што сега за сега не е возможно и може да се најде само во најголеми научно фантастични филмови).
Како би можеле тоа?

Пример. Горе доле мислам дека сите знаеме дека светлината што доаќа од ѕвездите, и ги гледаме навечер минува и по 200 000 светлосни години (светлосна година- пат за кој светлината го поминува за 1 година, брзина на светлина 300 000 km/s) што значи дека има веројатност ѕвездата што навечер ја набљудуваме да биде умрена и реално веќе да не свети. И тоа што го посматраме било од пред 200 000 години пред да изумре. Значи ѕвездата што ја гледаме усфари постои во минатото чија светлина сега допатувала кај нас.

Доколку има нешто побрзо од светлината ние ќе можеме од местото каде што ѕвездата е умрена (згасната) да ги стигнеме фотоните\светлината\одразот каде што таа уште свети, и колку повеќе ги престигаме толку повеќе се "враќаме" во времето. па дури и до зраците каде што ѕвездата почнува да се раѓа. Исто така би се набљудувала и планетата. Светлината емитувана од планетата пред 200 000 години (на пример времето на диносаурусите) би можело да се набљудува од некоја ѕвезда која е на толкаво растојание и со некој си имагинативен супер микроскоп да гледа диносауруси. И доколку ние би можеле да ја стигнеме таа светлина би гледале Што се дешава во минатото.
Е сега дали со поголема брзина на светлинат буквално и срцето ќе почне да чука назад незнам хаха.

се надевам ме сфати некој и не ве оптеретив и ве збунив, а би сакал да слушнам и други мислења за тоа како е можно да се "патува" во минатото.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom