LHC Судрувач на честички (Церн, Божја Честичка, Бозон, Хигс)

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.489
Поени од реакции
18.517
Neutrinoto има маса?

Фотоните патуваат со брзина на светлината оти немаат маса, ако неутриното со маса патува и побрзо од фотонот, тогаш неутриното е стварно брзо (y)

А и можеби успеале да го испразнат просторот пред неутрината, па тие патувале побрзо од светлината, т.е. не патувале тие со поголема брзина, туку просторот изчезнувал пред нив, а се појавувал зад нив.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Neutrinoto има маса?

Фотоните патуваат со брзина на светлината оти немаат маса, ако неутриното со маса патува и побрзо од фотонот, тогаш неутриното е стварно брзо (y)
сигурна си дека фотонот нема маса?

се нервирам кога некој се прави дека знае и толку сигурно ги кажува работите а појма нема :S не за друго некој ќе прочита погрешни информации и со тие ќе продолжи понатаму.

teneke ај објасни ми ја формулава .. Е = мc^2 ?
знаеш дека светлината има дуална природа се однесува како бран и честичка.. исто како и цела друга материја што ја гледаш.

фотонот има маса енергија и импулс.
неговата маса од mf= hf/c^2

кога веќе кажуваш нема маса објасни, маса во мирување неможе да се одреди бидејќи нема координатен систем за кој фотонот би мирувал.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
А и можеби успеале да го испразнат просторот пред неутрината, па тие патувале побрзо од светлината, т.е. не патувале тие со поголема брзина, туку просторот изчезнувал пред нив, а се појавувал зад нив.
Можеби и се телепортирале :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.489
Поени од реакции
18.517
Значи да повториме, ФОТОНОТ НЕМА МАСА ВО МИРУВАЊЕ...

Така да тоа што го кажав е ТОЧНО, кажано лаички.
 
S

smexy

Гостин
бтњ од пред месец-месец ипол во ЦЕРН се вршат експерименти за докажување на постоење на Хигсовиот босон.
Е тоа ќе направи бум во теориите за настанок :)
--- надополнето: Sep 25, 2011 4:42 PM ---
Neutrinoto има маса?
Да, slb_bobo обожава после ова да надополни "занемарливо мала" :pos:
Инаку докажано така што е забележано дека од Сонцето до Земјата не стигнале точно пресметаниот број неутрино и после сфатиле(ЦЕРН) дека стигнале сите ама они детектирале само дел оти другите биле друг тип, и скопчале дека неутриното го смениле типот оти имале интеракција со материја и на крај сконтале дека за тоа им треба маса :)
 
се што има енергија има и маса или не ? :\
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Нормално дека не е докажана, затоа е теорија - исто како и релативноста.

~ приближно
абе ајде хахаха , не сум знаел :pos:

првпат ја гледам равенкава поставена со приближно
што така ти текна ?:ROFLMAO:
--- надополнето: Sep 25, 2011 10:17 PM ---
btw теоријата на релативноста е докажана и не е само теорија

Да не беше теоријата за релативност немаше да има GPS во автомобилите
-----------------------------------------------------------------------

Доста интересен текст најдов на википедија.
како е можно патување во иднината, мислам дека тие добро што ја знаат теоријата на релативност добро ќе го разберат

How far can one travel from the Earth?

Since one can not travel faster than light, one might conclude that a human can never travel further from Earth than 40 light years, if the traveler is active between the age of 20 and 60. One would easily think that a traveller would never be able to reach more than the very few solar systems which exist within the limit of 20-40 light years from the earth. But that would be a mistaken conclusion. Because of time dilation, he can travel thousands of light years during his 40 active years. If the spaceship accelerates at a constant 1G, he will after a little less than a year (mathematically) reach almost the speed of light, but time dilation will increase his life span to thousands of years, seen from the reference system of the Solar System, but his subjective lifespan will not thereby change. If he returns to Earth he will land thousands of years into its future. Even if he should accelerate for a longer period, his speed will not be seen as higher than the speed of light by observers on Earth, and he will not measure his speed as being higher than the speed of light. This is because he will see a length contraction of the universe in his direction of travel. And during the journey, people on Earth will experience much more time than he does. So, although his (ordinary) speed cannot exceed c, his four-velocity (distance as seen by Earth divided by his proper (i.e. subjective) time) can be much greater than c. This is similar to the fact that a muon can travel much further than c times its half-life (when at rest), if it is traveling close to c.
 
Член од
22 септември 2011
Мислења
12
Поени од реакции
3
Светските научници се збунети од револуционерното откритие според кое брзината на светлината не е најголемата брзина во космосот со што се разнишуваат основите на модерната физика.

Меѓународниот тим научници во ЦЕРН –Швајцарија успеал да регистрира неутрино честичка која се движи побрзо од светлината. Оваа вест ја соопшти нивниот портпарол напоменувајќи дека ако ова откритие се потврди како точно во најмала рака сериозно би ги срушило фундаменталните принципи на физиката и теоријата на релативност на Алберт Ајнштајн.

Тригодишните мерења покажале дека неутрините се движат 60 наносекунди побрзо од светлината на далечина од 730 километри меѓу Женева и италијанскиот град Гран Сасо.

Според физичарите, неутрините спаѓаат меѓу најнеобичните познати честички во физиката кои го урнале рекордот на космичката брзина од 299.792 километри во секунда!

Значи, испитувањата во ЦЕРН придонесуваат за унапредување на науката, особено во физиката, за на сите луѓе да ни биде појасно каков е светот околу нас. Иако го извршија овој експеримент, сепак ништо не и се случи на нашата планета и сите ние сме здрави и живи.

Исто така, равенката Е=mc^2 е точна, бидејќи врз основа на оваа равенка се направени нуклеарните бомби. Единствената работа е тоа што светлината повеќе не е најбрза во космосот, туку овие честици со мала маса - неутрината (можеби и не се побрзи, освен ако тоа не го докажат опсерваториите на САД и Јапонија).
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
Неутрините се уште побрзи од светлината

ЦЕРН во соработка со италијански научници при повторен експеримент пак дојдоа до заклучок дека светлината не е најбрза.

Во серија експерименти научниците претходно регистрираа брзина на субатомските честици неутрини од 300.006 километри во секунда. И при повторување на експериментот, познат како ОПЕРА, истражувачите регистрирале неутрини што се движат побрзо од светлината.
“Позитивниот исход од вториот тест нè направи уште посигурни во резултатите,“ изјавил Фернандо Ферони, претседател на италијанскиот Институт за нуклеарна физика, кој е еден од 160-те физичари кои работат на ОПЕРА.
Ферони сепак забележува дека последниот збор ќе го имаат научниците од други лаборатории во светот што ќе спроведат слични експерименти. Потврдувањето на ова откритие значи дека Ајнштајновата теорија на релативитет не е точна.
“Ако наодите се точни, тоа ќе биде феноменално. Ќе бидеме исправени пред низа нови правила за тоа како функционира универзумот,“ рекол Роб Планкет од чикашката лабораторија Ферми, од каде исто така најавија експерименти за проверување на резултатите добиени во ЦЕРН.
On.net
 
Теоријата на релативноста е поделена на општа теорија и специјална теорија. Општата теорија го објаснува закривувањето на простор-времето и гравитацијата како резултат на тоа закривување. Додека специјалната се содржи од познатата равенка Е=mc^2 која објаснува дека енергијата може да биде во различен облик: материја, светлина итн. Уште нешто што е вклучено во специјалната теорија е тоа дека светлината достигнува најголема брзина во универзумот. Со испитувањата на ЦЕРН, се отстранува само овој дел од целата теорија на Ајнштајн.
Не може теоријата на релативитетот да биде неточна бидејќи таа многу добро функционира тука на Земјата, и исто така врз основа на неа е направено нуклерното оружје, и врз неа ние знаеме толку многу за нуклеарната физика и напредувавме во науката и технологијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom